Здраво на сите, Во Скопје неодамна се отвори продавница во која се продава нова козметика чие име е Кедма. Дали некој има пробано крем за лице, за тело или што било од нивните производи? Во продолжение следува краток опис од она што го пронајдов на нивниот Фејсбук профил, како и некои линкови. Ви благодарам на одговорот! @Biodevojka би сакала да слушнам твое мислење за оваа нова козметика (а верувам дека и многу други членки на форумов), се разбира кога и доколку имаш време Фала ти, поздрав! П.С. ако темава веќе постои тогаш слободно в канта Нова продавница за луксузна и природна козметика во Скопје, Македонија - Kedma | Dead Sea Cosmetics: лидер во индустријата на природни производи за здравје и убавина! Kedma развива и продава козметика и терапевтски производи врз основа на соли од Мртво Море, минерали и црна кал. Kedma има развиено сеопфатна линија на козметика, вклучувајќи: козметика за нега на кожа, нега на коса и спа производи - сите базирани врз основа на минерали од Мртвото Море. Плус, уникатна Златна Серија која ги комбинира древните придобивки од златото со лековитите својства на минералите од Мртвото Море се со цел да придонесе за здравје, младоста и убавината на жените и мажите во светот. Локација: ул. Мито Хаџивасилев - Јасмин бр. 40 Скопје, Македонија http://kedmacosmetics.com/ https://www.facebook.com/kedmamacedonia/ http://kariera.mk/article/649/inter...ostori?utm_source=dlvr.it&utm_medium=facebook
Драга ќе те замолам да постираш декларација на некој производ/производи од оваа линија за да можам да ти кажам што мислам. Поздрав.
Изгледаат многу луксузно, а ко што видов на официјалниот сајт и цените им се такви (маска за лице над 300 долари). Ме интересира кои се цените на производите овде, посебно на маските и кремите за лице. Ако случајно видиш, пиши.
Еве од нивната страна за производиве кои ме интресираат http://kedma.mk/mk/nega-na-lice/sapun-protiv-akni Кокосово масло (Cocos Nucifera), Палмино масло (Sodium Palm Kernelate), Глицерин, Екстракт од листот на Алое Барбаденсис, Натриум хлорид (се користи како регулатор на аромата, за зголемување на вискозноста и како згуснувач во некои случаи), Магнезиум хлорид (има функција како ароматичен агент и како воден застапник за зголемување на вискозитет), Калиум хлорид (се користи во формулирањето на производи за капење, производи за нега на кожата, лична хигиена и за нега на коса. Калиум хлорид функционира како застапник за зголемување на вискозитет), Црна кал од Мртвото Море, Маслиново масло (Olea Europaea). http://kedma.mk/mk/nega-na-lice/aktivna-maska-od-kal Црна кал од Мртвото Море, Деминерализирана вода, Стеаринска киселина (безбојна, без мирис, налик на восок, заситена масна киселина, која се наоѓа во природни животински и растителни масти и се користат во правењето сапуни, свеќи, лубриканти и други производи), Пчелин восок, Цетил алкохол (цврст бел восочен алкохол, се користи како емулгатор во козметика, парфеми и лекови), Глицерил стеарат (органска молекула која се користи како емулгатор. Бел, без мирис ронлив прав), Изопропил миристат (се користи во козметиката и тематски лековити препарати со цел да се подобри апсорпцијата преку кожата, како растворувач во парфем материјали, во процесот на отстранување на шминка), Сорбитол (бели хигроскопни кристали со сладок вкус растворливи во вода, се користат во козметички креми и лосиони, паста за заби), Триетаноламин (служи како pH стабилизатор во голем број на козметички производи како креми, млека за чистење, лосиони, гелови за очи, хидратантни креми, шампони, пени за бричење итн), Феноксиетанол (органско хемиско соединение од гликол етер и често се користи во дерматолошки производи, како што се креми за кожа и за заштита од сонце. Претставува безбојна мрсна течност), Chlorphenesin (антибактериско и антифунгално средството кое се користи во третманот габични инфекции на кожата), Пропилен гликол (слатка безбојна вискозна хигроскопна течност која се користи во козметиката и предмети за лична нега, иако тоа може да се апсорбира преку кожата со штетни ефекти), Сорбинска киселина (соединение природно добиено од плодовите на планината пепел. Комерцијални употреба е во фунгициди, средства за подмачкување и креми), Масло од лаванда, Масло од авокадо (Persea Gratissima), Течен парафин (Paraffinum Liquidum), Пантенол (витамин Б5), Токоферол (група на тесно поврзани растворливи во масти алкохоли кои се еден вид на витамин Е). Ако оди некој каже за цени
Леле драга човек додека да чита со се објаснување да заборави што прочитал на почетокот. Еве да поедноставниме декларацијата на маската (да ми биде и мене почесно) Dead Sea Black Mud, Demineralised Water (Aqua), Stearic Acid, Beeswax, Cetyl Alcohol, Glyceryl Stearate, Isopropyl Myristate, Sorbitan Tristearate, Triethanolamine, Phenoxyethanol & Chlorphenesin & Propylene Glycol & Sorbic Acid, Lavender Oil, Avocado (Persea Gratissima) Oil, Propylene Glycol, Paraffinum Liquidum, Panthenol, Tocopherol. Горе долу имале убава замисла иако некои состојки не и се допаѓаат мене лично. е сега само да напоменам дека пх вредноста на овој производ е базна за разлика од киселкастата пх вредност на нашата кожа, а тоа се гледа од емулгаторот кој е производ на комбинацијата на Stearic Acid и Triethanolamine. Со оглед на тоа што е маска и се исзмива ок, не е страшно, да беше крем со се намачкува и остава на лицето тогаш ќе ти речев не. Не знам драга изборот е твој, не знам која е цената на производов, ама јас би одела со домашни маски за лице. За пилинг и маски најдобри се домашните верувај ми. Сапунот ја има следнава декларација: Coconut oil (Cocos Nucifera), Palm Oil (Sodium Palm Kernelate), Glycerin, Aloe Vera (Aloe barbadensis leaf extract), Sodium Chloride, Magnesium Chloride, Potassium Chloride, Dead Sea Black Mud (Silt), Olive oil. Мене ми изгледа ок. Поздрав.
@LivingGlam имаат дневен и ноќен крем за лице , цената е 2000 и кусур. Не знам за која возраст и за каква кожа. Тие два ми ги покажаа. @kala21 Имаат два сапуни , едниот за акни, другиот за целулит. Едниот 500, а другиот 600. Е сега кој беше колку, не се сеќавам.