1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Козметика Мелем: Подароци и рецензии

Дискусија во 'Тело' започната од Femina, 23 мај 2016.

  1. buttercup5

    buttercup5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    1.240
    Пол:
    Женски
    @SunnyGirl2 ДМ, Рамстор, Веро, Зегин, Еурофарм.....
     
  2. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    За стрии и за после депилација истата крема се користи или?
    И како се движат цените?
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    30мл крем во ДМ беше 284 денари.
    10мл крем во Еурофарм аптека 166 денари.
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.073
    Допаѓања:
    17.216
    Пол:
    Женски
    Исто и јас добив крема мелем од 35 мл и 10 мл и лабело за уста, И благодарам на фемина за прекрасниот подарок, пресреќна бев кога ми стаса затоа што никогаш пред тоа немав добиено поклон за да го пробам и да пишам искуство.

    Јас мелемот го мачкам претежно на нозете во делот кај што ми се стриитее, и искрено се изненадив колку е одличен, стриите ми се намалија, многу ја измазнува кожата, ја прави мека и хидрирана. Само не треба да се претерува со ставање затоа што е помрсен и ако се претера премногу се лепи кожата и свети.

    Навечер го ставам и уште малку имам скоро го портрошив. Понекогаш ги мачкам и стапалата оти имам суви стапала и ми помогна и таму, имав на петицата нешто како жуљеви и ми остана како сува кожа, и ми ја снема со тек на време сувата кожа.

    Морам да кажам дека сум најзадоволна од лабелото за усни. Секогаш кога ќе ставев кармин кожата на устата ми се собираше и ми се лупеше и карминот не стоеше убаво на устата. А лабело не сум користела пред тоа, и од како почнав да го користав ова на мелем устата не само што престана да ми се лупи, стана мека и хидрирана, дури ги измазни тенките линии, самата се зачудив дури.

    Дигам палче горе за овие производи, јас сум задоволна од нив, и планирам пак да ги купам кога ќе ги потрошам овие моментално што ги имам. Уште еднаш фала Фемина за прекрасниот поклон.
     
    На izi_1986, Salome, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.715
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    13569943_10209583731291293_1062756654_o.jpg
    Од козметиката Мелем редовно го користев лабелото од кое бев презадоволна, па бев многу возбудена што ќе ги пробам и останатите нивни производи. Голема благодарност што ми ги доделија овие производи.
    На прв поглед ми се допадна пакувањето, практично и можам да го носам со себе и во мала ташна.
    Кремата има пријатна структура и потребна е многу мала количина, па ќе ми трае доста долго. Исто така ми се допаѓа што е мултифункционална. па не морам да користам различни креми за различни места.
    Ја користам на лицето навечер и наутро црвенилото ми е намалено, а кожата многу мека. Имам комбнирана/мрсна кожа, но сепак за навечер ми одговара.
    Ја користам и на лактите и глуждовите каде кожата ми беше сува и груба, а веќе по 3 дена забележав подобрување.
    Обично после депилација не ставав ништо од страв дека ќе биде полошо, али откако ги прочитав коментарите решив да пробам. Црвенилото го намали побрзо, а кожата е мека.
    Ми се случи да ми се иритира кожата од ланче од топлово, па ме чешаше и печеше, а после два дена од мелемов ми пројде. Ставав по два пати дневно.
    Ќе ја користам деновиве и после сончање, сигурна сум дека ќе го има истото дејство.
    Ја немам пробано за стрии, али ќе му дојде редот и на тоа :lol:

    Во врска со лабелото, ми се допаѓа што ги прави усните меки, а не остава како мрсен слој. Особено ми се допаѓа што одлично одговара со мат кармините, кои ги сушат усните и не изгледа привлечно.

    Откако ќе ги потрошам овие производи со сигурност би ги купила. :inlove:
     
    На izi_1986, Salome, Artemission и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    4.769
    Има некој што ги користи а не му се на поклон за рекламирање?
     
    На mime87, koritsaki, blackwave и 5 други им се допаѓа ова.
  7. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.347
    Допаѓања:
    8.117
    Пол:
    Женски
    Jas gi koristam I mozam da kazam deka melem e navistina preubav I kvaliteten proizvod. Feminkite pogore kazaa se sto bi I jas, da ne se povtoruvam. Zamerka nemozam da mu najdam, univerzalen proizvod go koristam za se I sesto, na mojata suva koza bas i doagja kako melem.
    Inaku go nemam dobieno kako podarok.
     
    На SnowWhite8, Salome, Rose96 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.511
    Допаѓања:
    144.238
    [​IMG]
    Најпрво да им се заблагодарам на Фемина и Мелем за наградата. Искрено бев пријатно изненадена , оти не се сеќавам од кога немам добиено ништо. Посебно козметика.

    Пакетчето од Мелем го подигнав пред нешто повеќе од две недели . Како и другите членки добив Мелем од 10мл и 35мл и лабело или мелем во стик.

    Прво што привлекува е амбалажата, оти не е воопшто нападна. Едноставна е и практична.
    Кога го причитав упатството најмногу ми падна во очи тоа што може да си користи и за бебиња. Ги разгледав состојките , ми изгледа дека нема ништо штетно.
    Ама за тоа не сум компетентна да пишувам.
    Состојки: Petlstun,Paraffinum Liquidum,Glyceryl Stearate,Lanolin, Cera Alba,Stearic Acid,Palmatic Acid,Ricinus Communis Seed Oil,Parfum

    Според составот и упатството претпоставувам дека е безбедна да се користи на секој дел од телото.
    За секоја можна иритација и за сувата кожа, па дури и превентивно.

    Балсамот за усни
    [​IMG]


    Воопшто не сакам балсами кои имаат преинтензивен мирис. Кои кога ќе го нанесеш на уста мислиш дека си го изел целото. Затоа ми се допадна Мелен, оти го има тој неутрален бебешки мирис.
    Не е нападен и интензивен. Го ставам и го заборавам. Летото немам некој потреба од посебна нега, па ќе видиме како ќе се покаже во зима. Сега најчесто го користам како подлага под кармин или за на плажа.
    Не остава никаква боја, можеби некој минимален сјај. Кога го нанесувам, ги чувствувам усните негувани.
    [​IMG]
    Мелемите од 10мл и 35мл имаат пред се практични и сигурно амбалажи. Велам сигурни бидејќи се на винт, а не само да се подигне капачето, како што е случај со кремите во вакви амбалажи. Ме потсеќаат на едно времските кремчиња кои ги користеше баба ми. :D
    [​IMG]
    И двете се мали и компактни, па може да ги собере во секоја чанта, посебно амбалажата од 10мл. Имаат неутрален мирис и средно тврда текстура. Се размачкуваат фино и лесно.
    На упатството е напишано дека требе да земете маст со количина колку зрно ориз за да ги намачкате рацете. Навистина доколку ставите повеќе тешко ќе се впие, бидејќи мелемот е доста мрсен.

    Најпрво маста ја пробав на петите, бидејќи со нив мачам најмногу мака. После толку време ја променив Глицериската маст.
    Мачкам тенок слој на петите после турпирање , ги ставам во чорапи и така спијам. Да,да спијам во чорапи и летно време.
    Не го практикувам ова секој ден ,доволно е два пати или три пати во неделата. Задоволна сум како ми ги омекнува петите. Наутро ми се меки како памук. Кремата е премногу мрсна и доволно ги навлажнува петите во текот на вечерта.

    Ја користам и на заноктиците после маникир. Со нив немам некоја голема мака, ама знаат да бидат раздразнети после турпирање на ноктите . Маслото на козметичар не е толку мрсно и ми врши работа само привремено. Со мелемот за кратко време ги доведувам во ред.

    Проблем со суви раце немам, ама затоа мм да. Рацете му се секогаш суви и грапави. Па ја тестиравме и на него. Вели дека за брзо време му ги доведува до ред. Нормално не мазни како бебешко газе, ама за некој степен подобро за разлика од претходно.

    Почнав да ја мачкам и на стриите кои се бели и мали. За други се неприметни ама за мене да. Мислам дека за тоа рано е да кажам резултат. Ако има, секако ќе споделам.

    (Сликите се сликани пред да започнам со употреба)
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена од модератор: 3 август 2016
    На izi_1986, joy1, Salome и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Неколку пати имав слушнато за Мелем и тук таму забележано нивни производи, но никогаш не сум ги пробала ниту прочитала нешто поопширно за нив. Откако ме исконтактираа од Фемина пред да ја прифатам понудата прво прогуглав зошто не би сакала да се нафатам за нешто што не би ми одговарало или не би можела да го користам. Производите ги подигнав неколку дена пред да одам на одмор така што од тој период па се до сега, повеќе од месец и пол, редовно ги користам и можам да кажам дека имам оформено мислење за соодветна рецензија иако немаше воопшто да ми претставува тешкотија или да се поколебам доколку пишев и порано.

    [​IMG]

    Како што спомнав, производиве ги имав пред да заминам на одмор и баш сум среќна што така испадна. Јас се штитам од сонцето, но сопругот има светол тен и многу често се вцрвенува и гори така што он ја имаше честа прв да го проба Мелем кремот. Бидејќи беше во тест период решив да му ставам само на едното рамо, другото обична хидратантна крема. Утредента не забележав некоја значителна разлика, двете страни изгледаа скоро идентично, дури можеби и едната страна каде што имаше хидратантна крема по смирена, но ја повторив истата постапка уште 2-3 пати после тоа. Таман кога бев убедена дека кремава не е наменета за тоа, кожата почна да му се лупи и тоа само од страната што беше третирана со обичната крема. Таму кај што нанесуваше Мелем до ден денес не се излупи.

    Јас ја користев за кожата на петите бидејќи летно време од морската сол и песок често ми се пресушува. ПРЕзадоволна бев и сеуште сум бидејќи ми стана дел од секојдневната нега и рутина на стапалата.

    И уште една проблематична сторија... Летно време обично не носам накит бижутерија бидејќи алергијата ми е поинтензивна, но не одолеав еден ден и вратот ми се нафрли и ужасно ме чешаше. Од кремов ставив само 2 пати и бубуличките буквално исчезнаа во рок од 24 часа и иритираното место скоро го снема. Не сум пробала да се намачкам превентивно пред да носам нешто, но ја имам и таа опција во предвид за некој нареден пат.

    [​IMG]

    За лабелото немам зборови, целосно се префрлив на него и ми стана незаменливо веднаш после првата употреба - и не, не преувеличувам. Цел живот користев најразлични лабела, освен последниве неколку години вазелин, но барав некоја соодветна замена за него и мило ми е што најдов многу повеќе од тоа. Секојдневно користам мат кармини и многу ми е битна хидратацијата на усните во текот на вечерта. После многу пробани производи за нега на усните и многу поскапи лабела тврдам дека ова е моментално најдоброто што може да се најде кај нас. Морам да забележам дека не ствара зависност, проблем што го имав со се' што сум користела претходно. Ставам еднаш и заборавам на него, а усните не ми се суви или дехидрирани иако поминало многу време или пак во меѓувреме сум јадела и/или пиела. Има пријатна арома, хидрира и остава заштитен слој кој не е премногу мрсен, трае исклучително долго и споро се троши.

    Од се срце најтопло ги препорачувам кремата и лабелото на Мелем, мене ме придобија и ми станаа незаменлив дел од моето секојдневие. Ефикасни пред се', практично пакување и достапна цена. 10/10
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена од модератор: 3 август 2016
    На izi_1986, joy1, Salome и 7 други им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас претходно ги немав пробано производите на Мелем, така што ова ми е баш првичен впечаток после неколку недели користење. Она што на прв поглед ми се допадна, беше пакувањето - едноставно, симпатично и практично бидејќи капачињата се одвртуваат, што е супер за некој што има кратки нокти како мене :D Во рецензии за други производи имам кажано повеќе пати дека најмногу сакам неутрални мириси на козметика, така што и тука ме освои. Не сакам нападни мириси, особено не на овошја, а Мелем има баш некој „бебешки“ мирис што мене ме асоцира на нешто нежно :mm:

    [​IMG]

    Е сега околу функционалноста. Мелем стикот одлично се покажа како подлога за кармин. Бидејќи кармините никогаш не ги ставам на „гола кожа“, секогаш прво ставам некаков балсам, стикот супер ми дојде и прво него го тестирав. Зимно време кожата на устата лесно ми пука, така што верувам дека тогаш најмногу ќе ми помогне.

    [​IMG]

    Кремата најпрво ја испробав на лактите - бидејќи редовно вежбам, иако користам подметач, од сите тие планк вежби кожата на лактите ми станува груба и почнува да се лупи. Најчесто за тоа користам павловичева или некоја друга таква густа крема или вазелин, зашто обични лосиони за тело не ми помагаат. Мислам дека нема потреба да кажувам дека Мелем кремата веднаш ми ја смири и омекна кожата. Исто така одлично се покажа и за моите суви стапала - после пилинг и турпирање, секогаш нанесувам некоја мрсна крема и облекувам чорапи, а последниве неколку недели користев само Мелем. Ми беше смешно колку малa количина ми треба за стапалата, зашто јас сум навикната да се шлапам со креми после турпирањето :lol: И морам да напоменам дека ефектот на меки стапала не беше само краткотраен (како со повеќето други креми со слична структура) туку увидов дека кожата подолго време после тоа ми е хидратирана и не се суши толку брзо.

    [​IMG]

    Она што најпријатно ме изненади е тоа дека ми ја смири алергијата на рацете. Повеќе од 10 години наназад имам проблем со кожата на рацете, бидејќи ми е пречувствителна и ми реагира на прашок, сјај за садови, разни детергенти, па дури и одредени сапуни, шампони и слични производи за хигиена. После еден куп прегледи, алерготестови, испитувања и посета на разни кожни лекари, уште не утврдивме која состојка всушност ми ја прави реакцијата, па морам да внимавам што фаќам со голи раце. Имам испробано еден куп креми (за некои од нив дури не сакаа да ми дадат рецепт, зашто не беше препорачливо толку долго да се користат) а на крај дојдов до една медицинска крема која ја има само во одредени аптеки. Колку и да внимавам, одвреме навреме ми се појавуваат црвенила и ранички на рацете, кои ги третирав само со таа крема, зашто се покажа како најефикасна. Да се вратам на Мелем - откако ја добив кремата решив да ја тестирам на алергијата, иако бев ептен скептична, зашто знам дека вакви „обични“ креми, мелеми, вазелини и слично, мене не ми помагаат. Бев ептен пријатно изненадена кога сабајлето видов дека црвенилото е сосема смирено и повлечено. Мислев дека во несвест ќе паднам :o Верувајте дека за оваа деценија имам пробано сè и сешто и никогаш не очекував дека некоја ваква крема ќе ми помогне. Кутичето од другата крема го имам фрлено, ама баш сакам да видам што има во составот и да ги споредам, бидејќи структурата и бојата на двете креми е сосема различна, а ете, го имаат истиот ефект.

    Штета што во темава дури сега прочитав дека Мелемот помагал и за стрии, дефинитивно ќе го тестирам и за тоа. На нозете досега го користев само за некои мали црвенила кои ми се појавија после депилирањето, а кои веднаш ги смири. Со оглед на тоа дека ме чека одмор, обавезно ќе го земам со мене и ќе го тестирам и на изгоретини, бидејќи прочитав позитивни коментари и во однос на тоа.

    Се обидувам да најдам некоја замерка за производиве, да не биде дека само ги фалам зашто ми се подарок. Ама стварно немам никакви забелешки :?: Ај да не биде без ич - мали им се пакувањата :D Како што почнав за сè и сешто да го користам, ќе ми треба многу повеќе од 35ml :D
     
    На izi_1986, SV1911, Mishela и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Ме заинтересиравте да ги пробам, посебно после прочитаните искуства со алергииве. И јас мака мачам со една досадна алергија, скептик сум искрено ама па апсолутно ништо не губам ако пробам. Секако имам сува кожа, па ако не помогне со алеријава, верувам ќе помогне за сувата кожа.

    Туку, ај дали добро сфатив, малово пакување од 10гр и поголемово од 35гр, се всушност иста крема, само со различна грамажа?
    Или се работи за различни креми, за различна намена?

    Обавезно ќе ги земам и ветувам искрена рецензија. :D
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    @Daydream да, истата крема е, само различна грамажа :)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    Ако еден ден се најдам во ситуација да морам да заминам на пуст остров и притоа да можам да земам само два козметички продукта со мене, тоа без размислување би биле кремот за лице Цера ди Купра Роса и заштитната крема Мелем . И двата бренда ги дознав од форумот и тоа уште во првиот месец од зачленувањето па можете да замислите колку пријатно бев изненадена кога во сандачето ја видов пораката од тимот на Фемина дека сум избрана да напишам рецензија за производите на Мелем.


    [​IMG]

    Со козметиката на Мелем верно се дружам веќе 2 ипол години и заштитниот крем за мене досега се има покажано како незаменлив. Прво морам да напоменам дека јас имам многу, многу, многу сува кожа и навистина тешко ми е да си најдам соодветна козметика. Тоа што се нуди кај нас на пазарот (секако, зборувам за препарати со достапни цени) мене едноставно не ми даваат доволно нега и хидрација. Особено е страшно во зима, кога од студот и сувиот воздух ми крварат усните и кутикулите, а не толку ретко и кожата на дланките. Што се не сум мачкала, вклучувајќи и медицински креми- џабе! И така мака мачев и се нервирав со години се додека не се зачленив на Фемина (ајде, малку реклама и за форумот, не само за Мелем :D) и не прочитав мислење каде една членка (чинам Хипстер) го препорача Мелем баш за такви ектремни состојби како мојата. Утредента отидов во најблиската аптека, го купив и од тогаш не престанав да го фалам.

    Во Македонија за жал не го носат целиот асортиман туку засега достапни се само стикот за усни, кремата од 10 мл и кремата од 35 мл. Да нагласам дека кремите од 10 мл и 35 мл имаат сосема ист состав, разликата е само во пакувањето. Мирисот е ист и кај кремата и кај стикот- дискретна и ненаметлива арома која асоцира на нешто чисто и нежно. Бидејќи текстурата е многу богата (но не е мрсна како кај Павловиќевата, на пример), кремата бајаги споро се троши па следствено, финансиски доаѓа многу исплатлива.

    Од слични продукти, единствено близок по ефективност би можела да го спомнам оригиналниот универзален балзам на Орифлејм (тој во розевото пакување), сите останати се далеку по квалитет.

    [​IMG]

    Во упатството кое дојде со кремата од 35 мл пишува дека Козметика на Мелем може да се употребува за смирување на кожата после бричење и депилација, за смирување на иритации настанати од носење бужутерија, за спречување на појава на стрии во бременост, за нега на брадавици кај мајки кои дојат, како и за нега на нежната детска кожа. Јас досега ја имам користено претежно за нега на усни, раце, петици и суви делови на телото. Ова се моите впечатоци:

    Нега на усни

    За разлика од повеќето „лабела“ кои досега ги имам користено (а сметам дека нема да претерам ако кажам дека низ годините ги имам пробано скоро сите што се достапни кај нас), Мелем не само што моментално ја смирува кожата на усните, туку и ја лечи на подолги патеки. Прилично долго останува на усните па со едно нанесување комотно можам да истерам цело искачање со пиење, јадење, цигари.

    Мој впечакот дека кремата е за нијанса поефективна во споредба со стикот но од друга страна, стикот е многу попрактичен (и похигиеничен) за користење па така кога сум дома ја користам кремата додека стикот ми е наменет за шеткање.

    Нега на раце и кутикули

    Од човек кој имаше раскрвавени, болни и страшно грди кутикули и рапава, испукана црвена кожа на дланките, денес можам да се пофалам со нормални раце какви што доликуваат на едно девојче. Кремата многу лесно се нанесува па доволно е едно нежно брцнување во тегличката за да се поминат сите прсти.

    Нега на петици

    Нема многу да разглабам, само ќе кажам дека од мене има чиста 10ка по ова прашање! Сепак, имајте во предвид дека кремата е прилично мрсна па ако не сакате да правите пируети по паркет, пожелно е да облечете чорапчиња веднаш по нанесувањето :D

    [​IMG]


    Козметиката на Мелем им ја препорачувам на сите но верувам дека максимално најиспресионирани ќе бидат оние со слична терсене кожа како мојата (прашај паталец;)). Јас се надевам дека набргу ќе ги донесат и останатите производи од линијата (особено му се имам намерачено на сапунот) зошто за луѓе со сува и чувствителна кожа, Мелем е навистина- мелем :)
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена од модератор: 5 август 2016
    На izi_1986, Mishela, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мелем ги користам одамна, кога тазе се појавија на Хрватскиот пазар (од таму и ги купив кога бев на одмор), имаа освоено некои награди за иновација и беа хит како нов производ.

    Мене лично не ми фати око пакувањето (иако е едноставно и многу практично), туку самото име мелем, кој ме асоцира како универзален природен лек за се` (а, и сама си имам правено домашни `мелеми`).

    Ми се допаѓа што доаѓа во практично патување, го собира и во најмала ташна, а одличен е за секаков вид на кожа, дури и бебешка, и може да се користи на секој дел од телото (го имам користено и за нега, и за рани, повреди, значи за што и да ми текнало), значи поуниверзално амин.

    Го имам препорачувано на многу пријатели, го имам пишувано во Производ на месецот, и општо мислам дека на овој производ не му треба некоја посебна реклама, зошто само по себе е одличен, корисен, и задоволните муштерии се најдобра реклама.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Koja cena se proizvodite?
     
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    @Youknow,
    зависи од каде купуваш (Зегин се чинам најевтини) ама цените отприлика вака се движат:

    • Стик за усни -140 ден.
    • Крема 10мл- 170 ден.
    • Крема 35 мл- 280 ден.
    (само имај во предвид дека составот на кремата од 10 мл и 35 мл е сосема ист)
     
    На Youknow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka Што мислиш за составот на Мелем? Погоре Дафи ги постирала, а јас за некои не можев да најдам информации. Посебно за првата состојка.

    Еве го:
    Состојки: Petlstun,Paraffinum Liquidum,Glyceryl Stearate,Lanolin, Cera Alba,Stearic Acid,Palmatic Acid,Ricinus Communis Seed Oil,Parfum

    И нели Lanolin, Paraffinum liquidum според biodizionario се штетни?

    Го читав и постов, а и останати коментари на хрватски форум каде некои од девојките кои го употребуваат се жалат дека ако некој период не го користат имаат поголеми проблеми.

    http://babushka.com.hr/dangerous-substances-petrolatum/

    Баш ме интересира и твое мислење. :)
     
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, што се однесува до ефектот не би знаела да ти одговорам затоа што немам пробано ниеден од производите. За состојките кои ги наброја веќе имам говорено во други теми посоодветни за таа проблематика, па не би сакала да ја полнам темава со оф топик. Поздрав.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    20160817_140946.jpg

    Пред три недели јa дoбив нa пoдaрoк кoзметикaтa нa Мелем, и дa бидaм искренa, беше бaш пријaтнo изненaдувaње.

    Вo принцип, имaм сувa кoжa нa телoтo, не вo сите делoви, aмa нaјгoлемиoт дел е сувa. Тaa сувoст е проследена сo чешaње, пa дури и лупење oсoбенo вo зимскиoт периoд. Тешкo ми е дa си нaјдaм прoизвoди зa негa нa телo, oсoбенo вo зимa, и зaбележувaм декa сo гoдините тoa е се пoтешкo и пoтешкo. Се изрaдувaв нa приликaтa дa ги прoбaм oвие прoизвoди, a oсoбенo ми се нaјдoa oвoј периoд.

    Oд лaбелoтo зa усни сум приличнo зaдoвoлнa, не требa мнoгу дa се стaви, дoвoлен е еден слoј зa убaвa хидрaтaцијa зa сјaјни и меки усни вo текoт нa целиoт ден. Амa усните не ми се прoблемaтичен дел.

    Зaштитниoт крем се пoкaжa кaкo блaгoдет вo oвoј периoд, бaрем зa мене. Oбичнo избегнувaм мрсни кремoви вo летниoт периoд, aмa oвoј гo кoристaм мaксимaлнo.

    Рaбoтaтa ми е тaквa штo нoсaм зaштитни рaкaвици (нaјчестo лaтекс, сo тaлк пд внaтрешнa стрaнa), нo и мнoгу честo ги мијaм рaцете, нaјмaлку десетинa пaти дневнo. Пoрaди тoa кoжaтa нa длaнките и меѓу прстите ми се лупи, ме чешa, a вo зимa дури и пукa oд лaднoтo и се сoздaвaaт рaнички кoи печaт и бoлaт. Секoгaш нa рaбoтa имaм крем зa мaчкaње пoсле секoе миење, пoследниве две недели гo зедoв зaштитниoв крем... и дефинитивнo имa пoдoбрувaње. Кoжaтa не ми е тoлку сувa, не се лупи и не чешa. Уште ќе требa дa се врaти вo нoрмaлa, бидејќи oвoј прoблем гo имaм десетинa гoдини, aмa oвoј пaт гледaм пoдoбрувaње, зa кoе се нaдевaм декa ќе пoтрaе.
    Петиците истo ми се прoблемaтичен дел oд телoтo, немa средствo или пoмaгaлo кoе не сум гo купилa зa дa ги средaм. Крaткo време имa ефект, пoсле пaк пo стaрo. Зaштитниoт крем е дaлеку пoдoбaр oд сите други средствa кoи сум ги кoристелa, и дa бидaм искренa, ќе прoдoлжaм и пoнaтaму сo негo пoсле секoј педикир.

    Вo бременoстa пoрaди хoрмoните нa кoжaтa ми се појавија лишaи кoи не пoминувaa дури и сo медицинскa терaпијa, a пoсле две нaнесувaњa oд зaштитниoт крем се изгубијa. Не се пoјaвиле пaк дoсегa, се нaдевaм и немa. Oсвен тoa, ми пoмoгнa и сo oсипoт кoј ми се пoјaви пoрaди тoплoвo нa oдредени делoви oд телoтo и лицетo.

    А штo ми е истo тaкa вaжнo, ми пoмaгa кaј мaлиoт, кoј истo имa приличнo сувa кoжa. Тoлку мнoгу се чешa пoнекoгaш, штo му успевa и дa се изгребе. Сo зaштитниoт крем не се чешa тoлку, a и кoжaтa нa дoпир не му е тoлку сувa.

    Се нa се, зaдoвoлнa сум oд прoизвoдиве нa Мелем. Не сум ги купувaлa дoсегa, aмa плaнирaм дa бидaт дел oд мoјaтa секoјдневнa негa. Истo и зa мoите децa, верувaм декa зaштитниoт крем приличнo ќе ми се нaјде и зa втoрoтo детенце кoе требa дa дoјде нa свет зa некoјa неделa.

    Немa дa зaжaлите aкo гo прoбaте, фaкт е декa не секoму oдгoвaрa истa кoзметикa, нo сепaк мислaм декa Мелем е навистина дoбредoјден вo секојдневната негa.
     
    На izi_1986, Mishela, Artemission и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ludadama

    ludadama Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Odamna imav crveni pluski na nozete mi rekoa da odam bosa po asfalt za da puknat no otkako puknaa i dvete noze mi ispukaa sram mi e vlecki da oblecam kako na baba mi se nozete pa sakav da ve prasam dali kremava moze da mi pomogne poso nekoi vikat deka takvi mi se radi nedostatok na vitamini