@ludadama, кремот ја омекнува здебелената кожа на стапалата, верувам дека по неколку нанесување ќе забележиш видлива промена. Исто така, би ти го препорачала и путерот за стапала од Балеа, тој со нане и цитрон, мене ми има многу помогнато!
E volia и мојата рецензија: Пред се, му благодарам на Фемина Тимот за подарокот, иако сум далеку од најактивна во категоријата Лице, нема кој не се радува на подароци Нема да ја должам многу во есејски размери за секое посебно, бидејќи немам навика така да пишувам, важното може да се каже и во кратки црти Мелем крем 35ml: Да почнам од најголемото. Воопшто не бев запознаена со козметиката на Мелем ниту пак кое за што служи, затоа пред да почнам да ги користам ги прочитав веќе напишаните рецензии, поточно онаа на @Rose96, cause I trust her words Имав одредени белези од депилација со кои мака мачев изминатите 5 месеци, кои сега со користење на Мелемот веќе 3 недели можам да кажам дека веќе тој дел од кожата ми се врати во нормала добри 80%. Нормално за 100% резултати, секое едно нешто треба подолг временски период да се користи. Исто, добро делува за акни и или пак полесно справување со поткожни влакна, со што потпомагаат истите полесно да излезат на површината. Мелем крем 10ml: За помалиот Мелем прочитав дека се користи за кутикулите. Содржината е како и на тој од 35 ml, барем така мислам, само има малку поцврста текстура. Иако имам прилично здрави и негувани нокти, односно со истите немам никаков проблем, сепак се мачкав од Мелемот, а резултатот е уште помека и видливо поздрава кожа. Мелем стик за усни: Е за стикот морам посебно да го пофалам. Кога станува збор за лабела за усни, сум баш фрик и го барам најдоброто. После еден куп пробувања секакви типови, последно го користев Норвешкото што е во бело пакување, но ми се потроши, при што Мелем стикот дојде во вистинско време. Морам да го пофалам, бидејќи за разлика од останатите, кои за да добиеш мекост и доволна влажност на усните треба на секои 5 минути да се мачкаш, Мелем стикот е доволно да се нанесува 2 пати во текот на денот, бидејќи откако нанесен не дозволува да почуствуваш потреба од повторно нанесување, барем следните 4-5 часа. Дополнително: Од мелемот треба да се нанесува многу малку, бидејќи инаку станува ептен леплив. Од друга страна, морам да ја пофалам естетската надворешност (бидејќи сум и за тоа фрик ), многу ми се допаѓа металниот изглед надополнет со виолетовото
Јас поминувам во темава да го пофалам Мелем и за изгореници. Секоја година горам на одмор, до душа годинава помалку затоа што ептен внимавав, ама главата ми изгоре (иако носев шешир ). Премногу ме болеше, до тој степен што ми беше мачно бањањето со шампон. Кожата под косата ми беше многу црвена и ме болеше, па првата вечер решив да намачкам од мелемот. Ако верувате, до сабајле болките ми беа скроз смирени. Црвенилото беше 80% повлечено, а после уште едно мачкање, и тоа целосно се повлече. Го користев и на телото, бидејќи изгорев на половината (таму кај што не сум стигнала да се намачкам ). И таму за брзо време ми се смири кожата. Си спакував и Јакадерм во куферот, обично тој го користам за вакви работи, ама не го пипнав сега
Мене никој не ми дал за рекламирање. Погоре кажав, од Хрватска ги имам купено уште на стартот кога таму беа хит, а овде никој не знаеше ни што е тоа. Јас сум презадоволна и цената им е супер. Ем се скроз безбедни (пример - доилката може да става на брадавиците, а не мора да се измива пред доење). Само жал ми е што ги немаат сите производи кај нас, а толку им се барани.
Видов дека има и други, јас го земав лабелото и сум презадоволна. Воопшто немам проблематична уста ама си имам навика да користам лабело. Мислам дека устата ми е помека и поубава поубав сјај ми има некако и кога не го користам. Значи и од мене огромен плус.
Кремата ја користам за болни брадавици, бидејќи дојам...одлична е, незаменлива...а попратно ја користам и за испукани лакти, нозе, а некогаш го мачкам и бебуш кога има црвенило..и навистина помага
Ги читав коментариве, па решив да не останам покуса и да ги пробам кремата и лабелото. Задоволна сум од лабелото, практично и можам да го носам секаде со себе. Далеку е похидратантно од многу други лабела кои ги имам користено. Не прави чуда, ако ми се суви усните ептен, треба време и редовно мачкање за да ми се вратат во нормала, но делува побрзо од другите брендови на лабела. Што се оденсува до кремата.. не можам да ја наречам крема, повеќе има структура на петролеум гел отколку на крема. Тешко ми се впива во кожата, но затоа многу ми помага доколку ме касне инсект, го намалува чешањето и помага побрзо убоденото место да заздрави. Пробав да ја користам на петиците, лактите, рацете, како маска за овие делови од телото пред спиење, ама лично за мене, шеа путерот врши далеку подобра работа од кремава. Периодов многу ми се суши кожата на лицето, па ставав на сувите делови, ама не се впива воошто.
Дали имаат донесено некои од другите производи? Конкретно ме интересира за сапунот... Ако веќе го увезуваат во Македонија, каде можам да го најдам и по која цена?
Дали може да се најдат некаде овие производи? Презадоволна сум од класичната линија, па пред да купам нова кутија или лабело да проверам да не пропуштам нешто ново Имаат цела колекција Sun Се надевам дека ги има кај нас.