Јас имам сува и екстремно чуствителна кожа. Поради тоа што кожава ретко што ми трпи, имам пробано се и сешто барајќи го најпогодното. Без збор, Avene е најдобрата козметика која ја имам користено. Малку е поскапичка ама вреди секој денар. Ги имам користено следниве производи и од сите сум презадоволна.
Задоволна сум. Не премногу да сум воодушевена, зошто сепак е скапа, ама воглавно е добра. Само не знам зошто им е термалната вода. И неа два пати заредом ја купив, демек нешто многу убава била, ама немав никаков ефект од неа.
Јас ја купив Триакнеал кремата за третман на младешка кожа со акни и гелот за миење на лице. Лицето на син ми нагло му се влоши. Прво имаше само мозолчиња на челото, но сега скоро почнаа и на образите. Навистина очекував многу од кремата, прво затоа што е медицинска и ја препорачуваат дерматолози. Но првите резултати се катастрофални. После првото нанесување акните наместо да се смират се воспалија повеќе, се јави црвенило и на кожата околу акните. Паузиравме ден, потоа исто. Маж ми почна да ме обвинува дека експериментирам со кожата на детето (уште да знае дека дадов 900 само за кремата). Плус, веднаш по нанесувањето неподносливо го пече. Ја исфрливме кремата барем засега, и го мие лицето само со гелот. Малку му се потсмири црвенилото. Некое искуство дали ова е нормална реакција или...?
^^ Peppermint, ти не спомна ништо околу тоа КОГА ја употребувате кремава, зошто кремава е исклучиво за НОЌЕ, бидејќи во неа има дериват на ретинол и може да има страшни реакции од сонцето. Второ, ако има прееемногу воспалени акни, во никој случај не ја ставајте врз нив. Јас би ви препорачала прво да пробате да ставате на лицето само Далацин Ц антибиотик (го има во „Виола“ аптеките), откако претходно ќе го измие со Авене гелот. Пробајте вака прво, па откако ќе видите некое подобрување (јас би ви препорачала 3 месеци минимум да тера само со антибиотикот), тогаш почнете да ставате Триакнеал. Инаку, јас ги користам сите овие производи (вклучувајќи го и антибиотокот) и мислам дека подобри производи за проблематична кожа не може да се најдат на нашиот пазар. Редактирам: Нормално е Триакнеалот да „пецка“ на воспалените делови од лицето, т.е акните, ама реакцијата е краткотрајна.
^ ^ На почетокот од користењето на кремот Триакнеал од Авен се случува влошување на состојбата тоа трае одприлика околу еден месец затоа што состојките што ги содржи ретинол и гликолна киселина делуваат на тој начин што вршат благ пилинг на кожата односно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата и ги отвараат односно прочистуваат порите,а нечистотиите од внатрешноста на кожата излегуваат на површината.Затоа овој крем е препорачливо да се користи во континуитет барем три месеци,а позитивниот резултат се очекува дури во вториот или третиот месец. На почетокот не е препорачливо да се користи секој ден,затоа може да се користи еднаш на два дена додека се привикне кожата на состојките во кремот,а по некое време на пример по две недели може да се започне и секојдневно со користење.Кремот е фотосензитивен затоа во никој случај несмее да се користи преку ден исклучиво само навечер,а па преку ден додека е на оваа терапија обавезно треба да се користи крем со заштитен фактор најмалку со UV15,а пожелно е и со UV30,затоа што ако не се користи крем со заштитен фактор може да дојде до појава на флеки.
Ти благодарам многу за советиве. Ке го земам уште утре антибиотикот. Инаку Триакнеалот го нанесувавме навечер пред спиење, а веќе наутро беше со црвени печати (буквално).
Вака ке ти кажам и од искуство а и од тоа што ми го има кажувано дерматологот. Кремава е нормално да создава црвенило, и да пецка. Таа и е намената, се става насекаде само не на акни, и исклучиво навечер. ама предходно лицето мора да е третирано со антибиотик ( далацин ц ти е најдобар, 425 денари само во виола го има, или пак миробакт, или хлорамфеникол ама во форма на маст). Одкако ке го смири лицето со антибиотиков, дури потоа се става триакнеалот. Е сеа триакнеалот содржи треонин, така мислам се викаше состојката, и поради неа мора исклучиво навечер да се става, бидејќи била фотохемиски сензитивна и во контакт со дневна светлина може да направи флеки. Од триакнеалот ке почне да му се лупи лицето ама тоа и се бара, бидејќи кремава треба да ја подготви кожата за следен чекор односно за третирање со креми против лузни. наједноставно кажано, триакнелов мора да ја излупи површински кожата за да може кремата против лузни полесно да продре во кожата и да делува на лузните. Ако се работи за помладо дете, и ако сеуште нема лузни, би ти советувала само на антибиотик да останеш. Само да си знаеш, најпрво антибиотик се нанесува на цело лице, без разлика дали има акни или не, и мора постојано да го има, 24 часа да е со антибиотикот.Исто како кога пиеш таблета-антибиотик мораш секоја доза да ја земеш на време така и со ова. Е сеа, лицето ке почне нагло да му се исфрла ама тоа е добро, бидејки антибиотикот ги влече на површина и оние жаришта во подлабоките слоеви од кои би требало подоцна да се појават акни. Кај секој е различно кај мене во рок од две недели лицето ми се смири. ке видиш кај синот како ке делува. Одкако ке се смири лицето, почнуваш со антибиотикот само на оние места каде што има акни, повторно нон стоп да е на лице, 24часа. И ако имаш потреба, т.е ако треба да се третираат лузни тогаш навечер ставаш од триакнеалот насекаде освен на акните, на нив има антибиотик. така да ако очекуваше дека триакнеалот ке ти го реши проблемот со акните и се разочара одговорот ти е ова
Ај збор- два за ова ако може, сакам да си го купам утре зошто читав добри коментари на странски форуми, ама сакам да слушнам и тука мислење од тие што го користеле.
Јас ова го користев мнооогу одамна, сигурно пред некои 7-8 години, и пред некој месец ми текна дека беше навистина одличен производ и си го купив пак. Многу е убаво, густо, концентрирано и ептен бавно се троши зашто многу мала колична е доволна за перфектно измиено лице. Ако имаш мрсна/комбинирана кожа ќе ти заврши одлична работа. Во секој случај, не ја суши воопшто кожата, нежен е, а и ефикасен истовремено.
Јас сите гелови кои ги имам користено од Авене беа супер. Не ја сушеа кожата, а многу ми ја чистеа и измазнуваа. Очигледна беше разликата. Можеби се малку скапи, но траат, не се трошат пребрзо. ************************************************************************** Имав од кремот за акни, погоре напишан, претерано ми ја сушеше кожата, немав никаков позитивен ефект и ја зафрлив. Не сакав под секоја цена декае од Авене и дека е скапа да ја користам и да си го дорасипам лицето. А, пред тоа премногу ми ја фалеа, како број 1 за акни, затоаи ја купив. (За акни, најмногу ми помогна Еуцерин.)
Јас немам акни, ама сакам перфектно чисто лице и се мислам помеѓу производиве на Авене и Неутрогена, па како и секогаш - така и сега, никако неможам да се одлучам.
^^ Во тој случај можеш да размислиш и за оваа опција. Ова е исто средство за чистење, за нијанса понежно бидејќи е кремасто. Ова ми е следно на листата за купување производи од Avene.
Лепа, ни јас немам акни, ама зелениот гел Cleanance совршено ми одговара за чистење на лицето Кожата, како што претпоставувам знаеш, ми е мрсна, и гелов е стварно пренежен за кожата и не ја иритира воопшто (наменет е и за чувствителна кожа). Имам пишувано и во Омилени продукти на месецот за гелов дека имам чувство дека не им дава на акните да избијат на површина (зборувам за оние пред да добијам, зошто единствено тогаш и ми се појавуваат по две-три). Ми се чини дека ми го држи лицево под контрола, ми го одржува чисто. Плус, вади шминка како ништо друго, во еден потег. Јас сум презадоволна Senza, баш си лошка, ме провоцираш, нон стоп наоѓаш некои производи што не ги знам, а позната сум по тоа дека се' што ми е ново и неиспробано, мора да го пробам Би сакала да го пробам и кремастово средство, претпоставувам тука некаде е со цената како гелот, или грешам?
^^ Тука некаде треба да е со цената, не сум сигурна. Ќе те известам деновиве, или ако го купиш пред мене пофали се.
Девојки, гледам во темава мн се спомнува за TriAcneal-от, вчера се консултирав со дерматолог, и ја прашав за тоа како се користи кремата, рече дека се користи исклучиво ноќе (тоа е веќе апсолвирано ) и само на акните се става. Па на сметка на прашањето си добив и две тубичиња тестер од кремата- и ќе терам од неа баеги време пошто по малку се користи И од самата текстура на кремата ќе видите дека не е баш за цело лице-малку е поцврста од другите креми-и и остава жолтеникави траги кога ќе се нанесе... Јас користам инаку за преку ден и навечер Clinance K, ама без козметички третмани мислам дека е џабе за тие со мрсна кожа како мојата. Поздрав
Avene е мојата омилена козметика хидратантната крема е идеална за комбинирана кожа на која и треба хидратациај, цената е 1300ден, мене ми трае околу 3 месеци. Во лето ја користам кремата со 30 фактор за сончање која исто така не го масти лицето, таа кошта околу 900 денари. Термалната вода е фантастична за освежување на лицето после вежбање или освежување на шминката, цената се движи од400-500 денари. Доколу патувате во Франција обавезно подновете се со некој од призводите на Авен видејќи се околу 30% поефтини. Јас во неколку прилики начекав одлични акции и попусти на овие производи во аптеките во Франција.
Здраво веќе некое време го барам Avene Clinance K кремот за лице никаде неможам да го најдам , во неколку аптеки ми кажаа дека е заменет со нов име Clinance EXPERT колку што можев да прочитам во составот и на двете кремчиња има АХА и БХА ( овошни киселини ) значи можно е да се идентични е сега прашањето ми е дали ови креми можат да се користат за секој ден како подлога пред пудра бидеки овошните киселини се специфични за иложување на денска светлина, а во упатството пишува дека можи да се користи пред нанесување на шминка.Доколку не се за секој ден кажете кој крем е добар за мрсна кожа склона кон акни и црнки....
Ako moze edno objasnuvanje za hidratantnata krema.Mene mi ja preporacaa imam kombinirana koza no vo t zonata imam mitaserii koi i pokraj negata postojana non stop mi izleguvaat. pa i gi stiskam povremeno. A kako zamena za tonik mi ja preporacaa termalnata voda a kako sredstvo za cistenje penata za mienje. No me mislam pomegu penata i clinance gelot. Nemam akni no imam crnki i prosireni pori vo t zonata. Tvoe iskusvo. Ti blagodaram odnapred