Dali ja imas probano penata za mienje? Ovaa mi ja preporacaa , no se mislam pomegu clinance gelot.Nemam akni no imam crnki vo t zonata i prosireni pori . Dali deluva ovoj gel na toa. Dali cisti pori, bidejki i pokraj sekojdnevno cistenje mi sepohavuvaat crnki , no so druga kozmetika. Bi sakala da probam na Avene.
Сакам да ја купам термалната вода, читав многу добри коментари само не разбрав толку за што точно се користи и како пред да нанесеш хидратантен крем или потоа? Плус јас скоро секогаш имам шминка па имаа пишувано дека и после шминкањето ставаат или на сунѓерчето за течна пудра. Дали некој ке може да ми објасни?
Девојки која крема од оваа колекција најмногу одговара за комбинирана(мрсна) кожа склона на акни. Да може и како подлога под пудра да го користам. Сакам да ја испробам оваа колекција па некој како мојата кожа што има користено да ми каже ( и плус гелот за миење avene cleanance gel)
Хидратантната крема е одлична не го замастува лицето што е важно кај проблематична кожа. Шемата за миење ја немам користено, а гелот клинанс да. Доста е благ и пријатен и не ја пресушува кожата и почесто сум го употребувала во летниот период кога кожата повеќе лачи себум. Било кој од овие производи не ми се верува дека драстично ќе ги исчисти црнките, но сигурно нема да ја влоши состојбата. За црнките и митисерите покрај редовната неопходно е и посета на дерматолог за чистење на лицето.
Јас ја користев термалната вода пред некој месец кога лицето ми беше во ужасна состојба(нафрлано,суво,иритирано од промена на климата).Многу ми помогна,освежува и ја смирува кожата.Се користи пред да ставиш крем,откако ќе ја извадиш шминката,после депилација,бричење,убоди од инсекти,при патување,на плажа.....значи секогаш кога ќе сакаш да ја освежиш кожата.Е,сега,не ми е јасно ова "за освежување на шминката" тоа е вода,ако прсниш,претпоставувам дека ќе се разлее,ама не сум сигурна,немам пробано. Најдобра инвестиција е големото пакување,ќе трае неколку месеци(зависи колку често ќе се користи).Ако не се лажам околу 600 ден.беше. Планирам пак да си ја купам,ќе ми треба за топлиот период
Od kozmetikata na Avene redovno ja koristam kremava. Ja koristam vo proletniot i letniot period,idealna mi e za togas.So zastiten faktor e sto mi se dopaga mnogu.Jas imam normalna koza i mi odgovara.Ne mi go susi liceto,nitu pak mi go pravi mrsno.I imam zabelezano,pred menstrualniot ciklus koga ke mi izlezat dve tri bubulicki,kremava vednas gi susi i go pravi liceto precisto. 50ml e tubava i istata e okolu 980-990 ,zavisi od koja apteka ke ja kupam.Vredi za sekoj denar navistina,a i ne se trosi taka brzo.Primer na mene edna tuba obicno mi trae okolu 2,2ipol meseci. Odlicni im se proizvodive,a i gledam mnogu ja falite termalnata voda,pa definitivno ke ja kupam i isprobam i jas.
Како ја користиш кремата самостојно или и под пудра? Јас ја имам cleanance MAT emulsion и само пред пудра ја ставам како подлога.Имам проблематична и комбинирана кожа па дали ќе ми одговара? Сакам некоја крема од оваа линија за навечер или за преку ден кога не ставм пудра.
Bidejki ne koristam pudra mnogu,ja stavam samostojno.No koga planiram da stavam pudra,kremata ja stavam,pa pudrata odozgora. Bi trebalo da ti odgovara,no sepak sve e do kozata,zatoa probaj ja prvo.Vo nekoi apteki imaat testercinja.
Девојки има ли од оваа колекција средство за одстранување шминка, некако со cleanance гелот да не ја утнам работата
Има мицеларна вода за отстранување шминка меѓутоа мислам дека не е ништо посебно. Ја имам пробано и мислам дека не е ништо поразлична од поевтините на гарние. Можеби и до мене е бидејќи откако ја користев на биодерма ниедна не ме воодушевила.
Ја користи ли некој Triakneal и cleanance K со овошни киселини? Знам дека во летниот период не смеат да се користат, освен само ноќе, но преку ден обавезно фактор
Ја има во аптеките, јас ја земав 900 и нешто (нешто помалку од 1000ден). Инаку Авен обично ги купувам во Еурофарм.
Пред да ја купиш, само да те предупредам дека е делотворна но остава флеки, така да не ставај на цело лице!
Ја има ли Triacneal Expert Emulsion кај нас, и во која аптека? Читав дека е нова замена за Triacneal Skin Care, со многу полесна и помалку агресивна формула, наменета за помали, ајде да ги наречам не толку сериозни акни (mild and moderate acne е точниот опис на нет). Покрај намената за акни, специјално е наменета и за отстранување на флеки и црвенило од акни, изедначување на тенот, како и во борбата против стареење благодарение на ретинолот. Јас би ја користела како ноќна нега (патем, строго само навечер се користи кремава заради ретинолот, кој во комбинација со сонце предизвикува флеки). Акни немам, ама имам неколку стари флеки од акни, па барам нешто за изедначување на тенот. Исто ме привлекува и тоа што истовремено има анти ејџ својства. Читав дека може да се користи и кај луѓе што немаат акни, ама имаат флеки, а и како ноќна анти ејџ нега. Од Клиник Superdefense се презаситив и не ја користам веќе околу шест месеци, и еве повторно почнаа да ми се прават флеки. Моментално немам крема што ќе ги држи под контрола, а ме вадат од такт тие неколку што ги имам, зошто лицето ми е чисто. Се нешто не ми е погодено значи
@Sexybaby86 во секој случај оваа крема на авен, триакнеал не смее да сте става на акни ( зборам за оние баш акни а не мали и невидливи речиси). Не знам за која намена ја користиш, имам и претходно пишувано за оваа крема, ама пред да почнеш да ја користиш треба да го подготвиш лицето со други производи, потоа се користи оваа крема па се прекнува и се почнува со друга. Значи оваа крема се користи како преоден производ при лечењето на лицето. Друга важна работа е дека не смее да се користи преку ден, исклучиво навечер се става, и утрото обавезно се мие лицето затоа што не смее да дојде во контакт со сончеви зраци дневна светлина. Затоа и се препортачува да се користи во зимските месеци кога речиси и нема сонце, спротивно на тоа, не смее да се користи од пролет па натака, кога веќе станува потопло времето. Друга работа која ја забележав е што на упатството пишува едно а дерматолозите препорачуваат сосема друго. Ког си го прашав дерматологот ама зошто кога на упатството пишува вка и вака, ми вика остај упатство, важна е праксата, до сега искуството кажува поинаку. Во однос на флеките не знам колку би ти била од корист, можеби сосема малку, затоа што како што пишав погоре оваа е преоден производ, треба да го подготви лицетоа за следен чекор а следен чекор е потоа дури отсранување на флеки и лузнички. Можеби би имала мала промена затоа што е наменета да го отстрани површинскиот слој на кожата па можеби со тоа и флеките би станале помалку видливи. Како и да е имај на ум дека после користење на кремава кожата многу се лупи, прво почнуваат деловите околу носот и брадата а потоа челото и остатокот од лицето. Лошото е што не се препорачува ништо да се става од шминка ама баш ништо, ни подлога, ни пудра. За флекичките откако ќе завршиш со оваа би можела да си земеш или Келокот или имаше една друга не ми текнува на името ама ја користев лани, имам пишувано и на форумов знам после мене и сенца ја купи и ја фалеше дека и има помогнато многу. Е сеа келокото е за многу повеќе оштетено лице да не кажам унаказено, оваа што јас ја користев тебе би ти била таман, да најдам како се викаше и ќе ти пишам. Кога се работи за ваква медицинска козметика според мене е најубаво да имате препорака од дерамтолог, баш поради тоа што го пишав погопре, едно е на уптаството пишано а сосема друго е пшотребно за да се добијат резултатите, зошто така не знам. Би ти препорачала најубаво да си направиш еден преглед за смешни 300 денари на дерматолог и да ти каже тој што да користиш.
@simoncelicius не ја користам кремава, само ме заинтересира Јас според описот на нет сфатив дека оваа новата Expert не третира толку сериозни проблеми како оригиналната Triacneal, туку дека е баш „лесна“ нега за не толку проблематична кожа, па затоа реков да прашам. За оригиналната Триакнеал знам дека се користи за доста проблематична кожа, дека не се става на акни, дека се лупи лицето и сл. Таа е за луѓе кои навистина имаат сериозен проблем со лицето, а јас не спаѓам во таа група. Чисто лице имам, акни никогаш не сум имала, ми излегува само по една-две во ПМС и толку. Ме интересираше оваа новата Expert со сменета формула, бидејќи како што реков, наменета е баш за флеки и ситни неправилности, не за лечење на акни. Според искуствата на луѓе на нет, се користи баш како ноќна нега за флеки и црвенила, и за понекоја ситна акна. Веројатно се различни со оригиналната Triacneal, не веројатно, туку сигурно. Секако нема веднаш и на своја рака да ја купам, само ме заинтригира
Мислам дека ти одговорив и во другиот пост но нема веза, за вакви производи ако треба и по 00 пати ке пишувам , јас имав многу мрсно лице и ја користев првата крема Cleanance MAT, и сум презадоволна, заедно со неа го користив и Cleanance гелот.
Знам дека можеби е малку доцна, но слободно можеШ да си ја користиш Cleanance MAT самостојно, јас бидејки не преферирам да ставам пудра на лицето секгаш си ја ставам самостојно, а ако веке сакаш со заштитен фактор исто ја имаш Cleanance Emulsion 50+.