http://eau-thermale-avene.mk/proizvodi/borba-protiv-akni/cleanance-expert/a А дали ја имате пробано оваа крема и дали е добра?
Дали имате искуства со avene antirougeus (anti-redness risch moisturising cream spf 10) ? Имам мал проблем околу црвенеење и прочитав по интернет за avene дека има позитивно дејство.
Јас моментално ја користам Cleanance Expert, или поранешна Cleanance К. Со овошни киселини и за навечер, но не многу јака. Не ја користам редовно секоја вечер поради сончевите денови што ги имавме скоро па ми беше страв нешто да не ми се направи на лицето, и покрај тоа што убаво го чистам на сабајле. Али не приметувам некоја особена разлика или чувство, малце ко обична крема ми е, јас очекував малце појака да биде. Али сепак сум на почеток. Ќе ја дотрошам па ќе видам ако има потреба ќе ја земам таа Triacneal Expert. Е таа е веќе појака мислам и не е играчка. Ти ја користеше?
Јас ја користам Avene Triacneal Expert кремата и ставам само навечер,на акните на вратот кога ми се воспалуваат..... задоволна сум ми ги смирува,некогаш кога ќе сетам дека ми се прави акна ставам од кремчето и ја спречува појавата на акната Го користам и гелот за миење,наутро и навечер и од него сум многу задоволна
Си го купив antirougeurs jour емулзија го ставам сабајле и осеќам дека ми го смирува лицето. Денес си ја купив и термалната вода фантастична е, одма ми го изедначи тенот на лицето. Задоволна сум сега за сега. Само дека имам пречувствиетлна кожа ми се појави иритација кога ставив од вечерниот крем од друга фирма што си го користев предходно и затоа веќе не правам такви комбинации.
Сега дури прочитав дека си прашувала за кремава. И jaс имам многу чувствителна кожа со црвенило. Добра е кремава, го смирува и хидрира лицето, плус има и заштитен фактор 20. Немам замерки, само мене ми беше преjaка затоа што имам масна кожа. Кремава е за нормална кон сува кожа. Исто за овоj проблем е убава на биодерма кремата, со тоа што е полесна од авене но нема заштитен фактор. Сепак наjмногу ja користам на Еуцерин 0% кремата против црвенило затоа што е и тонирана, содржи зелен коректор коj автоматски го прикрива црвенилото. И таа има заштитен фактор 25.
Знае ли некоја во која аптека е најевтин Avene Cleanance гелот? Или пак уште подобро, ако случајно низ некоја од аптеките е на некаква акција во моментов?
@Mishela аптека Ирис во Струмица се застапаници на Авен и мислам дека кај нив се производите најефтини , а често имаат и акции.
Заборавив да потенцирам дека мислев на аптеки низ Скопје. Со месеци немам отидено накај југот и да ти кажам, ептен се замислив дури ми текне кај се наоѓа аптекава. Сепак, ти благодарам.
Ги користев гелот cleance тоникот и кремот triacnel тоа беше минатото лето но лицето уште толку ми се нафрли и престанав да ги користам..Од кремот ставав само навечер а од гелот и тоникот сабајле и навечер..Сеуште ми стојат и тоа цели но сигурно веке немозе да ги користам..Бидејки упатството им е на германски немозам да прочитам..И ме интересира за термалната вода зошто слузи и како се нанесува и дали мозе да ја користам бремена..☺
Како мислиш слузи? Јас ја користам со години и не сум имала никаков проблем со неа. Инаку имам сува и чуствителна кожа. Јас ја користам најмногу преку лето, а може да ја користиш кога и како сакаш. Намената е за секого, бремени, мали, деца, бебиња.... На самата терманална вода имаш упатство за употреба.
Дали некој знае колку е рокот на траење од како ке се отвори..На германски пишува бидејки од таму ми ги донесоа ако некој знае нека пише ве молам..
Zdravo Sakam da prasam koj gel na Avene e najdobar za cistenje na mrsno lice,dokolku nekoj koristi ili ima korosteno da spodeli iskustvo?
Здраво, јас имам нормална кожа, но многу често пред и после пмс ми излегуваат мозолчиња и по некоја акна. Мислев дека со текот на годините ќе ми поминат но испадна дека цело време истото ми се повторува. Се консултирав со дерматолог и ми рече дека сум немала потреба за ништо затоа што тоа било нормално и да почнам да користам дерматолошки пудри, гелови и шампони. исто ми препорача Авене Триакниал крема да ја ставам навечер само на акните доколку имам. Веројатно се работи за Авене триакниал експерт и искрено од прочитаниве коментари ми е страв да почнам да го користам производот за да не ми се влоши кожата или иритира. ај доколку има некој што ја користел во скоро време да сподели искуство, би ви била многу благодарна.
Кога ќе прснам од спрејот со термалната вода како ангели да се симнуваат од рајот за да ми го погалат лицето. Не, сериозно... најдоброто нешто што сум го купила досега. Го користам два пати на ден, обично откако ќе ставам хидратантна крема. 150 ml љубов.
Здраво. Ги разгледував производите на Avene и размислувам да купам некој од овие кремови. Имам нормална - сува кожа, но во зимскиот период станува многу сува и затегната. Ако имате искуство со овие производи би ве замолила за совет кој да го купам...