Неодамна ја купив Korres Smart Yoghurt Probiotic Overnight Recharge Cream, многу ми одговара. Лесна е, доволно хранлива и има некој мирис нежен што многу ми се допаѓа. Сега кога читам и серумот дека е добар, обавезно ќе го имам на ум следно да го земам. Инаку, кога веќе сум во темава да ја прашам @koritsaki, дали е толку добра и популарна козметиката на Фризидерм во Грција? Кога ја купував кремава, ме напна вработената за некоја крема и серум од Фризидерм . Толку имам одбивност спрема тој бренд од што напнуваат и овде во Зегин, што не знаев дали да и верувам или и таа е на процент.
@naturally со здравје да си ја користиш кремата Од Фрезидерм ги имам користено пред 10тина години крема со фактор за лице и мат кремата за лице , лично не бев задоволна особено од спф кремата , ако дојде во контакт со очите пече ненормално, имам читано и други што се жалат за истово. Не би рекла баш дека е популарна , се погодило таа за некој процент да те убедува да купиш производи нивни.
Така и си мислев, ептен ме убедуваше дека е најпопуларна и најдобра Фризидерм и на крај се намшрти кога сепак се одлучив за Корес .