Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Козметика тестирана врз животни

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LivingGlam, 23 март 2011.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.227
    Допаѓања:
    56.914
    Пол:
    Женски
    Изгледа застарено и варварски, но и денес многу од познатите козметички компании ги тестираат своите производи врз животни. Повеќето од нив ја даваат следната изјава: "Ние не ги тестираме нашите производи врз животни". НО... од други компании набавуваат состојки за своите производи кои всушност СЕ тестирани врз животни.
    И покрај тоа што денес се развиени поефикасни и поверодостојни начини на тестирање кои не вклучуваат животни, многу компании одбираат да се задржат на суровиот начин на тестирање кој датира од 20тите години на дваесеттиот век.
    Еве го начинот кој најчесто се користи за тестирање:
    Се ставаат различни супстанции во очи на зајачиња за да се види колку се тие иритирачки врз ова чувствително ткиво. Откако повредите се документирани, зајаците се убиваат.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Тестирањето врз животни се’ уште е широко распространето, иако има некој прогрес на ова поле. Од 2009 година во Европската Унија е забрането тестирањето на козметичките производи врз животни, но во Америка и остатокот од светот е се’ уште многу застапено (како најбрз и најлесен начин да се утврди сигурноста на производите).

    Дали ве погодува ова? Знам дека има многу од феминките кои се залагаат за правата на животните, ги сакаат и се против нивно повредување, но дали сте запознаени со компаниите кои тестираат врз животни? Со купување на нивните производи, ние придонесуваме за суровоста.
    На овој линк има листа на компании кои тестираат врз животни:
    http://www.mediapeta.com/peta/PDF/companiesdotest.pdf

    Од попознатите кои се застапени и кај нас, ќе ги издвојам:
    Always влошките (Procter & Gamble)
    Лореал со сите нивни гранки (Biotherm, Garnier, Lancome, Maybelline, Ralph Lauren Fragrances, Shu Uemura, Vichy)
    Christina Aguilera Perfumes (Procter & Gamble)
    Clean & Clear (Johnson & Johnson)
    DOLCE & GABBANA (Procter & Gamble)
    Dove (Unilever)
    Head & Shoulders (Procter & Gamble)
    Max Factor (Procter & Gamble)
    Neutrogena (Johnson & Johnson)
    Palmolive (Colgate-Palmolive Co.)
    Pantene (Procter & Gamble)
    Sunsilk (Unilever)
    Tide (Procter & Gamble)
    Vaseline (Unilever)
    Woolite (Reckitt Benckiser)...
    Разгледајте ја листата, ќе најдете многу други.

    Јас морам да признаам дека сум користела многу од производите на компаниите застапени во листата. Ми пречи, сметам дека тоа тестирање не е хумано, и отсега ќе внимавам што купувам. Прво ќе се информирам па ќе купам.

    Ме интересира што вие мислите за тестирањето врз животни? Ви пречи ли, или не ви е важно се’ додека производот кој го користите е добар?
     
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Тотално беспотребно, со оглед на степенот на развој на нашето општество. Плус, за козметика се работи, не е тоа прашање за живот и смрт. Не оправдувам ни тестирање врз животни за медицински цели, не за џабе има доброволци кои се плаќани да тестираат нови лекови.

    Да не бегам од темата, и јас самата имам користено многу од наведениве компании, ама откако пред некоја година разгледав еден памфлет со сите можни компании во светот кои користат животни за тестирање, се запрепастив. Оттогаш многу од нив ги исфрлив од употреба (прво отидоа производите од Нивеа).

    Прогресот е бавен, но се надевам дека во иднина борците за права на животните ќе успеат да издејствуваат поголеми права, а ние како потрошувачи се` што можеме да направиме е да ги бојкотираме тие производи, што не само што е тешко, туку некогаш и нереално.
     
    На Temperance му/ѝ се допаѓа ова.
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    И скоро сите се познати фирми. Глупости, ај сега ќе и ставам на кокошкана у очи шампон, не за друго да проберам дали праи доволно пења. |(
    :Down: :Down: :Down: :Down:
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    :devil:
    да да, знам за ова! бог да чува божем нема некои други методи!!! :devil:
    знам дека Aвон не ги тестираат производите врз животни, или пак само така велат |(
    како и да е, сурово е ова, а јас не знам таа пета организацијана што спие :envy: !
    на секој чекор - донирајте донирајте пари, а каде е да делува??? нити на нив не им верувам веќе!
    тоа е---- животните се убивани за крзно, од овие причини, сецирање на живо (во медицинските науки) !
    во WW2 во германија било забрането секакво тестирање врз животните, и сецирање на живо за да се испита што ти знам јас што, и тоа го забраниле не помалку, ни повеќе, ами хитлер и нацистите!
    хитлер бил голем љубител на животните, вегетаријанец, и секое непристојно однесување спрема животните било казнувано најстрого!
    Hе ми се верува каков е животов! Hајголемиот монструм во историјата да спасува животни
    A каде се оние добри и фини љуѓе (ко пета да речеме)??
    и смрдлине ко Eва Mендес и онаа грдана Hаоми демек попрво би оделе голи, ама не би носеле крзно, затоа не секој чекор се влечат со крзното :devil:
    едина искрена особа што реално се бори за правата на животните е Jоана Kрупа

    едит- VLADIMIR PUTIN ги сака животните, ама и тие го сакаат него :)

    http://www.buzzfeed.com/mjs538/the-24-c ... -with-anim
     
    На wolf4e, Strumfeta93 и Forgotten им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.227
    Допаѓања:
    56.914
    Пол:
    Женски
    Пета во случајов прави што може - истражува и ги објавува компаниите што тестраат врз животни, и ги повикува луѓето што ја поддржуваат да не купуваат нивни производи. Многу повеќе не може да направи, затоа што ваквото тестирање во повеќето земји е законски дозволено :|
    Кампањите за освестување постојат и се активни, останува уште моќниците да се освестат.
    Како што напишав во воведниот пост, во Европа е забрането тестирање, но некои компании набавуваат состојки кои не се произведуваат во Европа и ги користат за своите производи. Дупки во законот колку да сакаш.
    И мене не ми е јасно како е се’ уште дозволено ова тестирање :x

    Ако веќе зборуваме за WW2, нацистите тестирале врз луѓе, ама да не навлегувам засега тука :)
    Човекот е суров, и денес не е ништо помалку суров од варварите низ историјата :doh:
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    да бе, знам! :devil: и овој професоров по биологија, нешто ни збореше демек испитувања врз глувци!
    ете и во биологијата се вршат!
    уште вика, крајниот испит ние да сецираме глувче :o !
    аха,да да ќе сецирам јас глувче! ми идеше да му станам да му кажам 2 збора на културен начин, ама викам ајде да не си ја фаќам бељата и така е строг!
    A колку потресителни слики имам видено за сецирање на живо на кученца во медицината ;( не сакам да ги ставам тука зашто срце ми се скина и не сакам да ги видам пак!
    па и мајмуните ги користат за секакви експериментирања :(
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.661
    Пол:
    Женски
    Значи една од работите што многу ме потресува е изжививањето врз животните. После се што имам видено и прочитано, можам слободно да кажам дека човекот е најголемото и најкрволочно животно на планетата.
    Жалосно е до каде може да оди човековата суровост и нехуманост.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    :o :o
    Лелеее, а јас толку многу производи користам од овие фирми, особено
    Немав поим дека ги тестираат на животни! Знам за оваа работа, ама дека и за влошки тестираат на животни стварно не знаев. Е па друг пат поубаво ќе размислам што купувам, од денес ги тргнувам од употреба Palmolive течните сапуни и Colgate пастата (иако ми беше омилена).
    Се ужаснав од сликиве :puke: ПЕТА освен со критиките за тоа кој носел крзно, треба малку да се позанимава и со ова.
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ^
    не би рекла баш така ;) бидејќи и треба да се позанимава со тоа, и да критикува на секој чекор!
    бидејќи ги дерат на живо, така да!
    убаво прави пета што плука по тие што носат крзно
    знаеш, има една поговорка
    крзното е за убавите животни, и грдите луѓе
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Со ова сум многу добро запозната, и ми е запрепастувачки, што сме ние повеќе од нив па на нив да се тестира? Си има фино лепо доброволци за секакви експерименти, ако е за луѓе нека биде од луѓе, а не некои кутри животни да страдаат за да можат милионски компании да напишат на продуктот "клинички тестирано", да да клинички. Ужас и срамота, и на ова поле нема буквално никаков напредок, можеби минимален но тоа е се.
     
  11. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    многу ми пречи бидејќи ги обожавам животните јас со години бев дисциплиниран вегетаријаец и сега сум, поготово гледаќи го она кутро зајче со инфицирано окце, ми се плаче кога го гледам. :'(

    Искрено и јас користам добар дел од производите кои се тестирани на животни, само каде да најдеме добра замена за истите и како ќе знаеме дека тие не се тестирани на животни, еве и за овие не сум знаела, а добар дел од производителите гарантираат дека се врз луѓе тестирани, а впрочем лажат. :^)
     
  12. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    морам да го искоменитрам делот за Хитлер, тој бил вегетеријанец и ги заштитувал животните ама затоа ги убивал луѓето што воопшто не го прави хуман.
     
  13. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Не да ми пречи го мразам тоа! Па и животни се живи суштества ако не можат да кажат дека нешто им пречи не значи дека болката не е тука! Најсуровото нешто ми е убивање на животни за што?! За ПАРИ, убивање на животни за да можеш со гордост и крената глава да поминеш покрај сите носејќи го своето ново крзно?! Тоа е ароганција и суровост! А секако ќе му помине модата. Навистина е сурово! Не можам да верувам дека луѓето се толку нечувствителни мора да има друг начин отколку уништување на нечии животи. Тоа треба да биде строго забранато, на секаде во светот и треба да се превземе нешто! Бидејќи планетата е наш дом,но ја делиме и со други суштества кои имаат право на живот! И многу ме нервираат некои кои ќе речат не сакам да се убиваат животните за облека,но сепак облеките се продаваат,а ако купам или не јас нема нешто да смени! Епа ќе смени и тоа како, ако не се укине убивањето на животни за вакви сурови глупости ние треба да престанеме да купуваме од таквите облеки само така може да се постигне нешто. Навистина ме нервира кога ќе прочитам нешто вакво. :envy: :envy: :envy: :swear:
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    интересна баш тоа и сакам да го кажам!
    монструм како него да заштитува животни :( тоа е трагичното и жалното :(
    поздрав до кучката џени лопез и сите љубители што сакаат да се облакаат со мртви животни :devil:
     

    Прикачени фајлови:

    На Temperance и interesna им се допаѓа ова.
  15. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    687
    И што сакаат да се хранат со мртви животни. Нема разлика.
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ;)
    има разлика!
    носењето на крзно не ти ги надокнадува есенцијалните аминокиселини
    Eдит- не дека јас не верувам во ова, да, и глупо ми е што јадам месо, и колку толку го избегавам
    зајачко-никад не би јадела, срнечко уште помалце
    јагнешкото месо го исфрлив од исхраната!
    пилешко ептен ретко јадам
    месо јадам само во сендвичи пици и такви работи
    се трудам да го избегавам искрено!A и не сум некој љубител на месо, никад не сум ни била!
    но,крзна денес има 10000001 вештачко.... Tоа ми е поентата!
    зашто да се убиваат животни? Kога постои вештачко крзно
     
  17. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    687
    Никој не умрел од вегетеријанска исхрана.
     
    На Temperance, bastet и Dala им се допаѓа ова.
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    |(
    јас не реков дека ќе умреш, бог да чува, само сакам да кажам дека некои витамини ги има во месото, а тие се потребни!
    и да, поштувам што си вегетаријанец, прочитај ти редактирав мислење ;)
    Cе надевам дека еден ден и јас ќе бидам.... :) Oва искрено го мислам
     
  19. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    687
    И јас се надевам исто.
    После ке не обвинуваат дека им ја јадеме храната на животните :lol:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. howdoyoudo

    howdoyoudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Навистина има ли нешто посурово од ова што им го прават на животните? :worried: Целосно сум против за производи тестирани на животни и многу ми е жал ако видам како им го вадат крзното, не можам ни да зборувам за тоа. Не сум вегетаријанец, но не јадам често месо едноставно ми е жал за животните. Што мислите за јадење на производи од животни како млеко, месо, јајца?