1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Козметика тестирана врз животни

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LivingGlam, 23 март 2011.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Jас мислам дека нема врска ако јадеш млеко и млечни производи ;) плус, јајцата се уште не се живи суштества, така да :) .... е сега за месо, знам жално е, ама ние Mакедонците си јадеме! т.е балканциве!
    кај нас не е развиено вегетаријанството како во другите земји! и тие вегетаријанци (како фауе мислам дека од пред некоја година е вегетаријанка како што можев да видам) доброволно станале, за разлика во другите земји, каде таа традиција родителите (доколку се вегетаријанци) ја префрлаат на своите деца!
    баш сега учев за храната во религијата!
    има некои религии што не прифаќаат никаква храна што доаѓа од животинско потекло, ниту млеко :^)
    Tоа мене малку ми е чудно, зашто млекото има голем број на витамини, и како што кажав не се убива животно за млекото....E сега месото е друга приказна, а вегетаријанството си е доброволна работа!
    Kој искрено сака, и може да биде вегетаријанец, супер, убаво дело прави!
    Hо, еве да ја земеме деми мур! вегетаријанка е, а носи крзно :^)
    Kаков вегетаријанец е таа?? сигурно од оние вегетаријанци кои не јадат месо за да не се здебелат, а не затоа што ги сакаат животните
     
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Колку современо општетство имаме, колку современи техники, машини, што ти не измислија и пак се тестира на животни!
    Како не им е жал да тестираат на тие мали невини суштества !? ;(
    За што се тие криви?
    И колку познати компании го користеле овој метод! :o
    Искрено да кажам Always влошкине само еднаш ги имам користено и тоа од школо што ни ги даваа.Исто и Head & Shoulders, Dove поретко само Palmolive ги користев шампоните почесто.
    За крзното се сложувам.
    Не, едноставно не ги сваќам, како не им е одвратно да носат мртво животно НА СЕБЕ! :puke:
    А вегетеријанци биле.Е*ати вегетериајнството, месото е потреба, крзното НЕ е!
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Може носи вештачко крзно :^)
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    не е вештачко ;) ја критикуваа од пета :)
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    И јас сум користела и сеуште користам производи од доста од наброените компании. Но, ова е огромен минус за нив како производители.
    Тестирањето врз животни е голема неправда на човештвото. Едно, каква е валидноста на експериментот да се ослепи и убие зајаче за тестирање на крема против брчки за 60 и кусур год. старица - дали има било каква оправданост ваквиот чин зарем кожата, иритациите или било што друго соодветствуваат :^) ?!
    Друго, нели сме сите сведоци дека и покрај сите тие тестови огромен број луѓе кои ги знаеме се жалеле на дејството кое им го предизвикало одредено козметичко средство - иритации, опсипации и др. симптоми да не набројувам. Значи џабе времето,трудот и парите, а изгубените животи отишле напразно неповратно буквално за ништо!
    И некој напишал дека се храниме со животни. Точно е и тие би се хранеле со нас, тоа е дел од природниот синџир на исхрана што нема никаква врска со овие тестови. Гладот е основен биолошки нагон и од праисторијата луѓето ловат да се прехранат и факт е дека до денес повеќето сме месождери :D поради богатството со протеини и богатиот вкус на месото. И од ловци станувале и уловени често. Меѓутоа ова усмртување нити постои отсекогаш нити е природно и нормално. Па колку жаби уште треба да усмртиме за да го испитаме ефектот на галванската струја јасно ни е дека ќе мрда телото уште по декапитацијата (отсечена глава) барем сега има слајдови, цел арсенал снимки и најразлични начини да се види ова. И уште колку глувчиња под анестезија треба да се распараат за да ја испитаме нивната утроба,м? Џек Мевосек бил психопат, ама ние сме научници демек?! И во едниот и во другиот пример имаме смислено и со цел усмртување на живо суштество. Истите тие кои се толку силни и крилни за вршење вакви експерименти да ги пратиме во саваните низ Африка без оружје па таму да ги видиме како манифестираат сила, бидејќи врз врзани, дрогирани животни е лесно да бидеш силен. Ама е ѕверски, па кој е тука поголем ѕвер е прашањето, бидејќи животните не убиваат поради тестирања кои се во крајна сметка тотално непотребни и некорисни?! И после човекот бил круна на еволуцијата?! Да, ама како најголем агресор и тоа само во контролирани услови, кога храброста му е засилена со оружје, шприцеви и сл.
    Моево мачорче сум го одгледала од топче со големина на дланка и кој сака нека ме осудува за мене тоа има поголема вредност од многу луѓе за кои најблаго речено чувствувам презир и не ми значат ама баш ништо.
     
    На AngelGirl, LivingGlam и zhap4e им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Доколку за да моево лице изгледа помазно, посвежо и поубаво, јас морам да ја убијам својата мачка, тогаш јас доброволно се откажувам од секоја мачканица. Всушност и сигурна сум дека ќе пронајдам некој од рецептите на баба ми, кои дури се и далеку подобри и побезбедни, без никаква хемија во нив, а згора на се, за да ги добиете нема апсолутно никаква потреба да умре некое живо суштество!!! Но, колку е само битно јас денеска да изгледам убаво, па ако сака нека ги снема сите глувци, зајци, мајмуни и други животни од планетата и без тоа за што ни се всушност потребни |( нели?!?

    Вистина е дека сите производи за кои што редовно се редите(ме) пред козметичките салони и шопови ве(ме) прават нијанса поубави одошто сте, тоа не одрекувам. И вистина кога ќе ја погледнете рекламата на која што прекрасна манекенка, актерка или пејачка со неверојатно совршено стакленце од лице позира веднаш добивате нагон да го пробате токму тој производ, се едно секој недостаток ќе го снема и божем, откако ќе го нанесете кремот ќе сте сестри близначки со оваа моделкава.
    Имено, дури и мене во пубертетските денови, таквите реклами ми делуваа не по поинаков начин, константно ми го поматуваа умот, па затоа и редовно трчав да најдам каде го има токму тој производ и не многу размислував кој ден од годината умрело некое животно, колку дена претходно се мачело за да јас си ги дадам своите заштедени пари во нечија каса.
    Но, лицето сткленце, на оние, разбрав дека не изгледа така бидејќи умрело некое животно, т.е како резултат на макотрпната работа на чика хемичар, кој поттикнат од своите побуди да извесно време глуми Бог, експериментирал врз некого, а тоа лице стакленце, на оние на кои им завидував всушност отсекогаш изгледало и ќе изгледа такво (па дури иако се далеку повозрасни од мене, тоа си едно исто непроменето бебешко задниче), но тоа лице е резултат на макторпната работа на чика Доктор и бандата му Мистер нож, ботокс и сличните киселини познати како брчко-пеглачи.
    И трагично е да, кога некој те намамил со прекрасна реклама за нешто кое според тебе ќе ти ги донесе пред врата бројните обожаватели, а не само што не ги донело, туку и некој ве изманипулирал, просто речено ви го силувал мозокот, играјќи си со вашите и моите чувства, желби и потреби.
     
    На LivingGlam и Theodora им се допаѓа ова.
  7. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    ^ На широката маса потрошувачи не им е важно од каде дошол производот, колку животни ги дале своите очиња, сетила и животи заради тие квази - експерименти што не ни даваат реална слика за можните последици од користењето на некој производ, или колку дечиња биле приморани да работат во фабрика против нивна волја за сето тоа нас да ни биде достапно на најблискиот рафт.

    Затоа борците за права се претставени како нарушувачи на редот и мирот, прекршители на законот и вандали, а оние во чии раце лежат милиони и милиони невини животи се „хероите“ на нашето време, демек без нивната експертиза и експерименти ќе сме биле лишени од многу луксузи.
     
    На sesilija и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Списоциве се од страната на ПЕТА

    Компании кои не тестираат врз животни -> http://www.mediapeta.com/peta/PDF/companiesdonttest.pdf

    Компании кои тестираат врз животни -> http://www.mediapeta.com/peta/PDF/companiesdotest.pdf

    Првиот список е подолг, што значи дека има избор, само треба да се едуцираме што да купуваме и што да бојкотираме.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Бев на предавање на Авон, и додека се правев дека слушам беше кажано дека Авон е една од компаниите која не тестира на животни. Тоа не ми ја зголеми купувачката таму, но сепак го стави далеку погоре на мојата листа од некои други брендови, и радо би купила производ на Авон сега.

    Бев во можност да читам нешто повеќе за Draize тестовите и некако не сфаќам која е поентата од тоа да едно мало невино зајаче биде мачено кога повторно тестовите не се сигурни? Етички грешно нешто да се прави.
    Или пак генетски правените животни кои служат само за експерименти?
    Како да не е доволно тоа што шампонот се става во нивните очи, во одредени моменти уште доаѓа и до потреба да животното го вкуси тоа, со цел да се дознае дали е отровно, или не.
    Човековата суровост и те како знае да ги премине границите.
     
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Ц Ц Ц Ц не ја сфаќам логиката во слоедното:: Кога купувате салама тоа не е од животни а проивзодите кои се тестираат на животни го гледате.. Ова е најголемиот апсурд досега што сум го слушнала. Ако има современи методи нека ги користат тие но ако нема нека пробаат на глушец немам против. Денес не се тестира на животни туку така како порано туку прво се прават еден куп тестови. Дури после се тестираат врз животни и тоа без да ги усмртат како што кажувате вие. Друго која е целта да се тестира крема против брчки или друга козметика кога немаме иста кожа ние со животните. Тоа тестирање се прави повеќе за лекови од кои потоа ќе бидат излечени многу луѓе а и животни
     
  11. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Јас сум ПРОТИВ тестирање козметички производи на животни!
    Науката и техниката е толку напредната да воопшто нема потреба од тестирање на животни!Пред се греота се :(
    Ненормални,или можеби така повеќе им се исплати (финансиски) ама што луѓе ќе беа тие :^)
    А што е најтрагично доста од наведениве фирми нудат добри и квалитетни производи,што без разлика на што се тестирани, луѓето тоа не ги засега (па бар поголемиот дел од населението) :|
     
  12. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Производите тестирани на животни се доказ за човековата суровост. Јас лично никогаш не сум користела а нема ни да ги користам поради тоа што сум најголемиот енимал-лавер икад роџен. А дека луѓето кои ги купуваат производите веројатно не ни погледнале што пишува на опаковката е доказ на нивната незаинтересираност за овој проблем.

    А тоа дека им е поевтино, тоа е точно, но дали вреди да мачиш животинче за да си го сочуваш џебот.
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Кикиритка јадењето салама има цел да внесеш во организмот состојки кои не би можела да ги примиш преку друга храна.
    Тестирањето на козметика врз животни нема оправдана цел затоа што да, постојат современи методи кои не вклучуваат малтретирање на животни, а такви и користат повеќе козметички компании. Другите тестираат врз животни затоа што е поефтино. Кремата за брчки исто така се тестира врз животни за да се види дали ќе се јави инфекција на очите (види ги сликите во првиот пост). Секој производ се тестира на нивните очи, затоа што се најнежни и лесно можат да се увидат штетните состојки. И да, после тоа се убиваат.
    Банално е да се убиваат животни за да можеме да мачкаме крема на лице, или маскара на трепките. Има производи кои можеме да ги користиме затоа што не се добиени на варварски начин (Lush, Avon, Gosh... и многу други на кои ќе го видиш знакчето cruelty free http://www.mediapeta.com/peta/PDF/companiesdonttest.pdf).
    Зошто да одберам пудра која убила некое зајаче, кога можам да користам друга без грижа на совест?

    За лековите веќе има цел, но и тука, доколку не постојат современи хумани методи, со што не сум запознаена.
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Aвон Tестираат врз животни, јас имам прочитано ;) Kолку сакаат нека лажат, ама да, тестираат!
    вики сикрет и боди шоп не тестираат врз животни 100%
    а граниер, ланком, лореал и тие таквите и те како тестираат
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Апсурд е да споредиш салама со крема за лице (освен ако не ја јадеш кремата за лице, или маскарата, или сенката за очи).

    Апсурдот е тоа што резултатите од тестирањата врз животни НЕ даваат реална слика за (не)штетноста на производот, затоа што сме различни! И да, ги усмртуваат откако ќе ги унаказат, барем јас немам слушнато за прибежиште за осакатени животни од козметички тестирања.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    A мене ме интересира, тоа четките за лице, за нанесување на руж што се од природни влакна......Eсега какви влакна се тие? :^)
    јас имам читано од опаш на верверичка дека ги прават!
    ама не сум 100% сигурна!
     
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Најчесто се прават од козји влакна, пони, верверички... Тие декларираат дека ги набавуваат влакната за четки од кланици кои произведуваат месо за јадење, од животни што се митарат итн.
    Е сега разликата тука е што животното не се убива за четка. Тоа е исто како да носиш волнен џемпер, имаш перница или јакна со природни пердуви, или носиш кожни чевли (исто така животното било убиено за јадење тука). Кога станува збор за пони и верверверички, влакната се собираат без да се убие животното.

    Има и друга страна на приказнава, а тоа е дека некои компании набавуваат влакна од индустријата за крзно, што не е етички.

    За професионален мејк ап артист е невозможна замена на природните четки со синтетички, зашто за жал се’ уште не е произведен доволно добар супститут, а за нас обичните луѓе не пречи воопшто ако користиме синтетички четки доколку не сме сигурни во изјавите за хуманост на компаниите што ги произведуваат.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    КОга веќе се фативте за саламата да прашам. Што е тоа што го има во саламата а му е неопходно на организмот? Со ова потврдуваш дека не ти смета да јадеш салама додека носиш пудра која не е тестирана на животни. ---АПСУРД најголем

    Јас реков дека го оправдувам тоа само кога е неопходно. Еве јас имам предмет козметички производи на факлутет тоа тестирање никаде не ни се споменува. Ама сигурно има ситуации кадде што е неопходно. Кампањата ваква е залудна бидејќи и оние прозиводи на кои пишува дека не е тестирано на животно состојките внатре се тестирани. А вие што толку многу ги сакате животните да знаете дека не треба да се заангажирате за многу други работи што ни се пред очи а ги мачат животните на пример:

    ДА не земате кучиња кои природно живеат во ладни предели па тука на +40 се мачат. Жал ми е кога ке видам хаски тука преку лето сопственикот го смета за моснтрум.

    Да се поддржи храната од растително потекло. Во месото најмногу има масти протеини кои можеш да ги внесеш и со друга храна.

    И овде важи следното : АКО САКАШ ДА ГО ПРОМЕНИШ СВЕТОТ ПРВО ПРОМЕНИ СЕ СЕБЕСИ
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    КОга веќе се фативте за саламата да прашам. Што е тоа што го има во саламата а му е неопходно на организмот? Со ова потврдуваш дека не ти смета да јадеш салама додека носиш пудра која не е тестирана на животни. ---АПСУРД најголем

    |( леле од вакви мислења, ми се темни!
    човек Eдно е храната, таа ни е неопходна!
    и да кога веќе јадам месо, зашто барем да не користам производи кои не се тестирани на животни!
    Oгромна е разликата помеѓу храната, и некои банални тестирања врз животните!
    ко некои заморчиња да се!
    Mене голема разлика не ми прави дали пудрата ќе биде ланком или некоја од вики сикрет
    ама на зајчето му значи многу
    а додека пак саламата се добива само од животни, и нема салама која не е произведена од животно!
    да имаше таква, е тогаш таква ќе јадев, наместо животинска
    и ќе мавнам еден EDIT
    прво и основно, ако компаниите сакаат да си вршат тестирања, можат комотно да му платат на некој, и тој некој да се подлегне под ризик, што е должно зајчето или пак глувчето да трпат такви срања заради една мочана пудра за лице!
    Aбе ајде, многу паметно си ја нареди човекот работата
    Tука се животните нели!
    !
    A месото не може да се замени со друга храна, тоа е факат!
    но сепак никој не умрел до сега! Jез да далеку од тоа дека не ни е потребно месото, има многу есенцијални а,к


    http://www.youtube.com/watch?v=0QRBcHIIsXc

    и да еве ти ги тие кутри души, мајмунчиња маченца кутренца
    па види сега!
    за грев! господ семката да им ја сотре на тие ова што го прават! :devil: се најлошо им посакувам ѓубриња
     
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Во месото има есенцијални амино киселини што ги нема во овошјето и зеленчукот.

    Работата е токму таа - не е неопходно. Во ЕУ е забрането тестирање на козметички производи врз животни. Ако е неопходно не би било забрането. Да, има компании што се декларираат како cruelty free а набавуваат состојки од други компании, тестирани врз животни, но има и такви кои не го прават тоа, зашто е возможно да има целосен производ без тој да биде тестиран врз животни, инаку воопшто не би постоеле вакви кампањи.
    Се слагам за кучињата што се чуваат во несоодветна средина, но ако не се ангажираме за тоа не значи дека не треба да се ангажираме и за ова :^)

    Токму тоа и го правам!
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.