Лудото19 дали ти имаш слушнато некој што не јаде маесо да умрел ( не дај боже). Значи сватете еднаш засекогаш МЕСОТО НЕ Е НЕОХОДНО а посебно не вашата толку сакана салама која воопшто не е здрава со еден куп емулгатори. МОже тебе ти се лоши од мојот пост ама нашминкај се ти од твојата пудра земи саламата и оди пред огледало ке видиш кој АПСУРД си. Дека пудрата не ти го измива гревот што го правиш со јадењето на саламата. Истиот одговор и на САЈА и го давам. Пудрата не ја јадеш ама треба да ви стане јасно дека МЕСОТО НЕ Е НЕОХОДНО. НЕ викам да не јадете месо ама многу повеќе ќе помогнете на животните ако го намалите внесувањето на месо така ќе бидат спасени многу повеќе животни. А вака ако ја смениш пудрата другиот производител еден ден и тој ќе напише дека не тестира на животни а тестира И многу убаво сте си пишале дека сакате природни влакна некој ден и природно крзно ќе посакате. Зошто не купите четка со вештачки влакна??
Саламата што е полна со емулгатори ја спомна ти, па затоа се развлече низ дискусијата, инаку зборувавме за секој вид на месо. И ако јадеш помалку месо не си направил никакво добро, ако сакаш веќе да правиш добро на тоа поле откажи се скроз. Месото е во синџирот на исхрана на човекот (месојадно животно наречи го ако сакаш), а кремата и пудрата не е. Треба да ти се разјасни дека има козметички компании што не тестираат врз животни, и мое право е да не купам производ на оние кои тестираат. За четките објаснив убаво во еден од претходните постови, прочитај уште еднаш.
A овој твој апсурд? како можеш да кажеш кремата за брчки, немаме иста кожа со животните? побогу, па ти дали знаеш колку голема глупост тресна сега? па не ги мачкаат нив по лице, туку во очи им вбризгуваат со инекции, под кожа им вбризгуваат итн! и кога веќе правам едно зло, зашто да не правам друго зло помалце продолжи да си ја гледаш својата работа, т.е козметичките работи, и не си го бутај носот во исхрана, видејќи сметам т.е тврдам дека од мене немаш поголемо знаење кога станува збор за храна и намирници! навистина ме мрзи да ти објаснувам што и зашто за месото! а за таа салама се фати ти, ние само дадовме пример Mесото е главен прдукт на трпезата уште пред Xриста, а за тесирањево, епа не сум чула де! Eдит- и да не забегуваме со месо и вегетаријанство, зашто тоа си е сосема друга тема! овде се коментира за тестирање врз животни, а не за тоа кој и зашто јадел месо! значи ако тебе ти дошло за месото, имаш таква тема изјасни се таму
Лудото 19 ме изнасмеа скроз. ПРВО дали ти имаш кожа на глушец. ВТОРО велиш дека имаш познавања од храна . Е ПА ВАКА ниту еден човек што има познавања од храна нема да тресне глупост дека има есенцијални аминокиселини што ги има само во месото. Јас сум студирала и за храната и затоа не тропам работи што немаат врска. ТРЕТО и натака не сакаш да се откажеш од саламата а се правиш љубител на животните. НИе не знаеме која компанија како тестира ама ако ептен сакаш да водиш ваква кампања не купувај ни козметика. И ај доста седиш по форуми оди учи биологија може ќе најдиш некој начин на ново тестирање што е без животни така се помага а не сос пишување по форуми. а да ти помогнам само http://www.madsci.org/posts/archives/20 ... .Bc.r.html
Kаде реков само во месото??????????? Aјде постирај го тоа CAMO ВО МЕСОТО абе остај ти се си студирала! знаеш што не планирам да се замарам, слободно пушти си клипови, и види дали ги мачкаат глувчињата, или со инекции ги вбризгубваат ајде поздрав сега и ти на мене ќе ми кажеш јас дали да седам по форуми, А ТИ НЕ СЕДИШ ПО ФОРУМИ А? АЈ ПРИЈАТНО ТИ НА МЕНЕ ОВДЕ ЌЕ МИ КАЖУВАШ САЛАМИ ТЕСТИРАЊЕ ТЕБЕ ПА ЈАС БАШ ЌЕ ТЕ ПРАШАМ КАКВА ПУДРА ДА КОРИСТАМ! и да љубител сум на животните,поготово на кучињата! нема врска тоа што јас јадам месо од живина, која за жал е наменета за тоа! ти мене не можеш да ми кажеш јас дали сум љубител или не, јасно ли ти е тоа? Ако немаш нешто паметно да кажеш подобро ќути си, ќутењето некогаш злато вреди и фала на советот, наместо и ти да квачиш по форуми, можеш и ти да помогнеш, а јас верувај им помагам на животните колку што можам, и тие што МЕ ЗНААТ- ТОА ГО ЗНААТ МНОГУ УБАВО ти си НИКОЈА за на мене да ми кажеш јас колку и како ги сакам животните и чекам да ми кажеш КАДЕ ВИДЕ ДЕКА СУМ ПИШАЛА ИМА ЕСЕНЦИЈАЛНИ А,К САМО ВО МЕСОТО! Е БАШ ДА ГО ВИДАМ ТОА!
кучиња, мачиња, дај ми се би чувала инаку имам 2 мачиња, сега се големи, ама ако пак си ги сакам! желба што ќе си ја остварам во иднина ми е да си купам самојад и хаска, но, здравје кога ќе живеам во куќа за во стан нема место а јас ги сакам и 2те не сакам само 1 oва е твое мислење копирано од темата домашни миленичиња . НЕ оспорувам дека не си љубител на животните ама нема ли да ти биде жал да чуваш хаска во Македонија. ПО што ќе се разликуваш ти тогаш од тие што ги мачат животните??? Во фрижидер ли ќе го чуваш сиротото куче?? А ова за аминокиселините. ВО МЕСОТО НЕМА ЕСЕНЦИЈАЛНИ АМИНОКИСЕЛИНИ туку само траги од нив од кои ти немаш фајде. А ти продолжи да си ја чистиш душаа со пудрата за која и сама не си сигурна како е тестирана. И мојот најпрв пост не беше 100 % против животните. Јас го оправдувам тоа ако е неоходно.
ЛЕЛЕ АЈ ПРИЈАТНО! meat is, by far, a richer source of proteins than fruits and vegetables! HE озбилно се изнервирав, не си ти Hикоја мене да ми кажуваш јас колку ги сакам животните бре Hе можеш да судиш по тоа што јас јадам месо, дека мене не ми е жал за нив! HE можеш ти мене да ми кажеш бре жено Oд такт ме извади, кога станува збор за животните, може да експлодирам, слаба тема ми се! Mесо месо месо, си се фатила за тоа месо, ти реков имаш тема за вегетаријанци, иди таму, не мавај овде офф топици, овде се збори за Tестирање едит- и животните јадам месо де! Jас кучкава моја со што ја ранам, мачето мое со што го ранам? синџир на исхрана е тоа, за жал, некој јаде, некој е јаден AMA теситрање, крзно, и тие срања, е да, против сум, зашто тоа е нешто што не е потребно! Aјде, нека создаде некој храна, со истиот состав на месото, JAC прва ќе јадам од тоа и веќе никогаш месо нема да јадам! само нека најдат замена да и веќе кога копираш мои мислења за животните, имам еден куп пишано на форумов, баш имам од вчера пишано, можеш да го видиш и уште еден едит- Tе молам, готово нека биде, да беше некоја друга тема, ќе бев по смирена, ама за овие работи, за жал немам контрола
ПОБОГАТ НО НЕ И ЕДИНСТВЕН ИЗВОР НА ПРОТЕИНИ . И не е извор на есенцијални аминокиселини туку на неесенцијални. Ај чао сега да оставиме и другите нешто да кажат Tи повеќе поддржувај го забранувањето на тестирање на козметички производ на животни, јас ќе го подржувам намалувањето на минимум на месотово исхраната па и двете ќе направиме нешто корисно за животните
Значи по не знам кој пат - не е неопходно!, затоа нема потреба да се оправдува. Не е потребно да се тестира козметиката врз животни, зашто има методи кои не вклучуваат такви тестови. Гледај го видеото што го постира Лудото неколку поста наназад.
Абе дај доста со дискусииве за месо. Ваљда има тема за вегетаријанство, таму може да се објасниме на долго и широко. Овде, освен ако некој не става салама како третман на лице, не спомнувајте месо.
Воопшто не ги оправдувам козметичките фирми кои тестираат произвди врз животни. Прво-Зошто го прават тоа? Бидејќи се плашат да ризикуваат дека некој може да добие несакан ефект,што значи дека ставаат состојки кои можат да бидат ризични за луѓето,а пред се тоа го дознаваат живтоните врз кои се тестира. Така да воопшто не мора да ставаат такви состојки,веројатно можат да направат тоа што ни е навистина потребно со некои природни состојки без не знам ти што. Второ-Не сфаќам како можат да споредат животни со човек(не зборувам за право на живот,туку за кожата, начинот на работата на нашето и нивното тело),има полно производи кои ги тестираат,но сепак се јавуваат несакани ефекти. На пример од една марка порано(сигурна сум дека имаат тестирано,но не се сеќавам точно на името) фирма за лабела. Сестра ми се намачка од лабелото,а во состав се пишуваше природни состојки, нане,еукалиптус и такви работи,а сестра ми не е алергична на ништо, стави од лаблото малку подоцна устата и потече. Трето-Како си земаат право да тестираат врз животни? Кој им го дозволува тоа, што ако некое живтоно умре,се разболе,не воопшто не ги оправдувам ваквите работи. Зошто не тестираат врз луѓе,најсериозно има луѓе за пари и не големи суми дозволуваат врз нив да се тестираат апчиња,дезедоранси,шампони и слични работи,но пред да го направат тоа, фирмата ги информира за несаканите ефекти и за ризикот, и сепак многу се согласуваат. Туку да не потрошат пари. Четврто-Се исплаќа ли за некои жени да имаат побујни локни, да умрат илјадници животни?! Еве фотографија каде што се набројани оние кои тестираат и оние кои не тестираат производи врз животни. (После ова размислувам да шкртнам некои фирми чии производи ги користев,а повеќе нема да ги користам)
Никако не го оправдувам ова! Никако!! Зошто го прават тоа? Се плашат дека може да дојде до несакани ефекти кај човек? А тоа се знае дека е поседица на „секакви“ состојки! Зошто на животни? Зошто баш на животни? Да не се вишок тие на топкава земјина? Сериозно, треба да се земат во обзир денешните модерни техники и да се прекине со тоа тестирање врз животни! Најпознатите светски компании го прават тоа, којзнае колку животни умреле од тоа, а ние ги купуваме сигурни дека се дерматолошки тестирани. Тие се, но на што?! Значи никако не го оправдувам тоа, посебно сега кога баш такво тестирање не е неоходно! Има милијарда други начини да се провери колку е безбедна таа козметика или тој препарат и не мора животните да се жртвувани за тоа!!!!!!
Не дека го одобрувам ова тестирање на козметика врз животни, но тоа не значи дека ќе се откажам од користење на некои производи кои ми се допаѓаат и ги користам долго време. Искрено не сум некој љубител на животни, посебно не на кучиња. Попрво би избрала да тестираат на нив некаква козметика, отколку да ги убиваат за ние да се храниме со нивното месо, или некои луѓе да носат капути и шалови од нивното крзно. Во светот се случуваат многу полоши работи отколку тестирање на козметика врз животни.
http://www.youtube.com/watch?v=1yYzvS5GkqY Eте тоа што секојдневно го јадеме. Значи колку и да сакаш не можеш да не го поврзеш со јадењето месо. Милиони свињи, кокошки, телиња умираат за ти во недела за ручек да имаш месо дома. И со тој муабетот извор на протеини, неопходни бла бла.. како издржуваат вегетаријанците? Протеини има и во белките од јајцата што ги неси кокошката. Колку сакате мавајте со камења по мене,ама се додека јас јадам месо и го обожавам свинското во пастрмајлија, ќе користам и козметика тестирана врз животни. Тоа што не ги користам тие козметички фирми не ме прави помала причина за убиство на милиони животни годишно, бидејќи нели јадам месо.
Да, сигурна сум дека можеш да станеш анемична ако не користиш маскара што ја тестирале на животни. Убава мисла имаше еден паметен чичко, вика „Цивилизираноста на едно општество се гледа по нивниот однос кон животните“. Ние се уште сме дивјаци.
Гледај го клипот молим те. Ако толку се потресуваш по твојот живот зошто ако не јадеш месо ќе станеш анемична, значи се ставаш пред животните што е јасно. Истото го правам и јас. Овие што не ги тестираат производите врз животни, незнам баш дали ги има во Македонија освен Ревлон. Засега само неа ја знам и не ми одговара пошо ми е скапа. И јас се согласувам со тоа дека има многу полоши работи од тестирање козметика врз животни. Ете колењето на прасето ми е типичен пример. Страдањата на илјадници цивили во Ирак. Гладот во Африка. Секојдневната тортура што се врши врз многу деца ширум светот. До сега ја барав таа рекламата на Mtv со правењето на фармерки во Кина,ама не успеав да ја најдам. Така да не тропарајте глупости. Има тон работи многу или еднакво болни од козметиката тестирана врз животни.
леле Aшлинг те молам! слободно можеш да си кажеш дека ќе користиш шминки што се тестирани врз животни, твое право никој не ти брани или ти вели немој, ама сепак Tемава е за козметика тестирана врз животни, и не забегувајте со тоа месо, имате таква тема, таму можете да пишете! Eдит- да има многу страшни работи што се случуваат во светот- ама човекот сам си ги прави! освен природните катастрофи и некој неизлечливи болести- се друго може да се смени, ние ако сакаме! A за жал животните не можат да зборат, и не можат да си искажат став
Me brkas od temava? И не ми ги врти зборовите. Јас не реков дека човекот не е крив, туку дека и ти си виновна што јадиш месо и точка. Ради тоа што сакаш ти денес да си го задоволиш сетилото за вкус, умрело невино прасе. Тоа не е злостор? И како да не ги поврзувам работиве кога се тесно поврзани? И во обата случаи умираат невини животни,ама пу,пу не се важи во другиот.
Не знам зошто упорно се мешаат баби и жаби, кажав и претходно но пак истите пренасочувања се на рипит ставени - во синџирот на исхрана секој вид претставува храна на некој друг вид и како што ние се храниме со свинското или телешкото на трпеза така и лавот или крокодилот или ајкулата би се нахранила со нас доколку има можност. И природата и општеството и цела еволуција го уважува ова однесување и не е спорно ни па сега ќе се оправдувам за месојадните ми склоности повеќе почитувам млечни производи, но сепак уживам понекогаш во кременадла и не планирам да станам вегетаријанец и само мала напомена и најтврдокорниот вегетаријанец ако се најде како бродоломник во чамец и месец дена е на вода што мислите дали ќе посегне по месо ако има шанси да дојде до него - несомнено ДА бидејќи лесно е да се филозофира со задоволени нижи нагони, но нивното незадоволство ќе ја исфрли на сцена другата анимална природа но сепак природно е да се задоволи нагонот за храна. А тестирањето врз животни е свирепо исто како и целата крзнарска индустрија бидејќи се одземаат животи и сакатат животни за луксузирање ни е неопходно ни па спречува и натаму појави на алергиски и низа др. реакции на луѓето од козметичките производи. Значи е непотребно во поим. Замислете ние да сме заморчиња еден ден во рацете на некоја моќна група вонземјани за тестирања од овој тип и запрашајте се хау даз ит фил?!