Се прашувам до каде сме ние со развојот и умот штом ни требаат забрани и закони за да не убиваме и мачиме животинчиња...
Пак ќе прашам,фармацевстка индустрија?! Имам против мизантропи кои одобруваат тестирање на лекови брз луѓе кои немаат финансиски средства да се прехранат и ги сметам за емоционално сакати луѓе кои се неспособни да ги сакаат ниту животните,но го прават тоа само за да ја пополнат својата празнина и еднонасочната љубов и затоа чува пес или мачка рецимо,ама затоа мрази друго животно (и не подразбирам животно што се гали и што можете да го играте ко плишана играчка и да бидете допадливи пред светот како вие сте љубители на животни.Подразбирам и птици и диви ѕверки и кози и овци и се). Тоа само ќе го кажам. За козметичка индустрија,тотално не одобрувам,сме се среќавале по темите,мислам дека знаете што мислам за животните и голем дел од вас знаат дека имам зоолошка градина од лични побуди.И знаете шо,чисто за да ве скокоткам,прајте што сакате у живота,ама ќе ве пратам на темите за производи од кои што сте или не сте задоволни. Кога олтар ќе ни стане природата,љубовта едни меѓу други ќе верувам и дека ги сака животните и обратно.Човек кој не сака човек,не сака ниту животни,а ниту оној кој не сака животни не ги сака луѓето.Пулсот на природата треба да ни биде близок исто ко и мајчиниот.
L'oreal на пример зошто уште има производи во продажба во земјите ширум ЕУ кога има забрана за такво грозоморно убиство што за мене претставува само мост за да се продолжи со понатамошни тестирања?
Ешлинг забрането е тестирање врз животни во ЕУ. Магнатите како Лореал увезуваат состојки тестирани во други земји, и велат дека крајниот производ не е тестиран врз животни. Продажбата на такви производи не е се’ уште правно регулирана, веројатно се оди чекор по чекор, но во превод за жал се’ уште им се остава простор на гигантските компании да работат на својот начин. Оние кои вистински етички работат обично се и помали козметички компании. Инаку, друга работа - тестовите наброени во линкот кој го постирав претходно не се изведуваат врз доброволци кои немаат пари да се прехранат, туку врз лабораториски креиран модел на човечко ткиво. Фала Богу дека никој тука не се залага да се сменат тестирањата врз животни со тестирање врз сиромаштијата.
Затоа што многу работи не се целосно правно регулирани дури во таа прекраснотија од ЕУ кон која целиме, бидејќи колку и некому да не му се сака да верува, ама на некои просто им е од интерес да има конкретни дупки во регулативата, кои ќе можат да се користат за да си го протињаат прљавиот веш. Примерот што ти го посочуваш, ти е ама буквално ист, како ЕУ богаташ кој сака да си плови со своја јахта, наместо да си ја купи и регистрира согласно регулативата на ЕУ за пловни објекти, тој ќе си појде фино лепо во една си Либерија и со минимални давачки, со не така строги критериуми за техничка подготвеност на јахтичето за пловење ќе си врвори по моренцата со знаменце на Либерија Е тоа е ЕУ, тоа се закони на државите... уставари. И ова е таму така, бидејќи си имаш држави чиишто компании имаат интереси да не се регулираат во целост, овие прашања, бидејќи сепак станува збор за профитабилни бизниси и козметика ко што вели Лилит, сите ја користат за жал и и се радуваат на секој нов производ ко мало дете... и нормално секоја од ваквите компании, покрај сиот капитал што го има на свое конто годишно од продажбата на ваквите производи, да си финансира и свои лобисти и во таа ЕУ, чија што задача е да во најмала рака спречат целосно регулирање на ваквите прашања. Иначе набрзака ќе се носеа регулативите и директивите таму по секое едно прашање, вклучително и ова и апсолутно секој аспект од проблематиката ќе беше регулиран со истото. Но, сепак.. секој сака да се шлака баш со оние козметички препарати и кога се шлака и трча да ги купува не помислува многу на животните. Епа, ако некој нешто сака да превземе по прашањево... ако е некој загрижен, знаете како ќе се направи во ваквиов случај... ако секој од вас се откаже од тие производи и со тоа падне побарувачката на истите, паднат приходите и со тоа и парите за лобистите кои ќе ги блокираат регулативите што ќе носат тотално банирање на ваква козметика, увоз и продажба. Само се прашувам и тогаш, колкумина ќе се тие кои на црна берза ќе ги бараат истите.
Living Glam Значи доколку се користи тој метод без претходно тестирање врз животни и човек,директно се пушти во продажба, би го користела? Јас не. Суштинското во човечкиот организам не е ткивото. Да,козметиката го допира горе-долу само епидермисот грубо кажано, но еве на пример да земиме маскара? Некоја си таква чудна и недотестирана маскара да речам, ако случајно се чепнам со четкичката по окото,а тука содржи некоја хемикалија која не се покажала на пробниот тест на некој си МОДЕЛ на човечко ткиво, но не човечко ткиво! И? Во краен случај може до слепило да доведе. После кој кур ќе ја тужам компанијата ,за сите пари мене нема да ми се врати видот. Хумано,нехумано мене искрено ми изгледа ваквиот начин ризичен. Башка то штом мене тоа не ми го препорачува човек кој си ја тупел главата 5 години со тие работи, не би го користела. Zhap4e: my point exactly. Митре го убил на Трајан од онака, му се можело го убил. Славе го убил Стојан затоа што Стојан му борчел пари на Славе. Значи,Славе не е виновен и не смее да биде осуден,но Митре треба дебело да ја одлежи казната во затвор.
Ешлинг има алтернатива и за тестирањето на производите што се нанесуваат блиску до очите. http://www.mattek.com/pages/products/epiocular/ И да, секако дека би користела производи тестирани на овој начин, затоа лабораторискиот модел е поблизок до човековото ткиво отколку она на зајакот или друго животно. Всушност, веројатно и ти си употребила некој производ на Lush на пример. И те молам немој да мислиш дека лабораториите кои тестираат врз животни собираат стаорци од улиците и ги спасуваат луѓето од штетници. Стаорците што се на улица остануваат таму, а за овие цели се размножуваат други. Доколку не би се тестирало врз животни, состојбата со стаорците "во промет" со ништо не би се променила.
Абе Ашлинг, јас и ти немаме иста поента по прашањево и по она што јас ти го пишав. Јас ти велам, ние потрошувачите сме тие, кои треба да стоиме на страната на тие регулативи со кои се забранува тестирање врз животни, бидејќи ние треба да вршиме притисок врз производителите и врз оние кои носат одлуки за да престанат тестирањата и да започнат да се користат алтернативни методи, со кои јас ќе го добијам истиот квалитет во козметиката, но без да биде тестиран врз животно, а ти во истиот пост, во кој ми реплицираш мене и реплицираш и на Ливинг и и велиш: Па, дали тоа значи дека ете, ако Лореал или друга компанија чиј потрошувач си ти, започне со тестирање на продуктите на алтернативен начин... што, ти ќе се откажеш од тие производи, бидејќи не биле тестирани врз животно пред да бидат пуштени во продажба, туку биле тестирани врз лабараториски создадено човечко ткиво ли? Пошто со тоа што ти го кажуваш и се трудиш да браниш став, допринесуваш за рушење на сите придобивки во таа борба против тестирање врз животни, пошто да! дупки во регулативата постојат, на терен тие дупки се користат, но кога се донесе регулативата не значеше тоа дека автоматски од истиот ден овие правила ќе важат и сите до една компании кои произведуваат и увезуваат козметика ќе мораат да го пренасочат производстовото кон no animal testing и увозот кон компании кои работат исклучиво по тие правила. Мене како потрошувач се што ме занима е квалитетот и сигурноста на производот. Како човек се што ме занима да тој продукт не биде тестиран врз ниту едно живо суштество, кое може да биде ослепено, да остане без кожа итн, итн или да умре едноставно. Но, компаниите се што ги занима е бизнисот - профитот и расходите што ги имаат да стигнат до тој профит. Новите методи, значат екстра расходи за истражувања на алтернативните начини кои можат да се користат за да производот на нивната компанија не загуби во квалитет, пошто инаку тоа би значело минус во продажбата. Интересите на ЕУ во таа насока се насочени едно, да ме задоволат мене, друго, да ја задоволат компанијата, пошто сепак е бизнис во прашање. Ако ЕУ донесе регулатива, која автоматски ќе се применува од истиот ден на носење ќе биде погубно за сите тие компании, кои се инаку водечки во сферата на козметиката. Ќе пропаднат де. Така што компромисот на ЕУ со тие компании е: тие добиваат период во кој треба да се пренасочат, а кој не значи сега, веднаш и одма, а неколку години... ДО 2013та година инаку за UK на пример... Ете ти ја пример си ја даде Л’ореал... тие од 2005 почнале со истражување на алтернативни методи, а до нивно спроведување во апсолутно секој сегмент од нивното производство, работат на редуцирање на тестирањето врз животни. http://www.loreal-paris.co.uk/faq.aspx Спојлер Бујрум една статија за нивните алтернативни методи кои исто така велат дека се обврзани да започнат да ги користат од 2013 http://www.usnews.com/science/articles/ ... al-testing И постојано зборуваш за стаорците по улици. А, кој тоа користи стаорци побогу, кога лабараториски глувци се користат. Стаорците остануваат да на улица и сепак видиш феминава се уште не осамнала со наслов како да се заштитите од стаорци. И те молам не мешај штетници и справување со штетници, контролирање на размножување на животни кои спаѓаат под штетници итн. Претходно ја бранеше тезата за тестирање, со тоа дека сме ние месождери и подеднаков злостор е да се убие за да се јаде и да се тестира за да се шлакнеме на лице. Епа ако е подеднакво, пошто стави лајк на постот на Лилит за тестирање врз луѓе, кои немаат финансиски средства... јас велам, живот си е секако живот, дали било животно или човек е подеднакво измачување и убивање, во тој случај, ако е во ред да се тестира врз животни, дали за козметички, дали за медицински цели, пак и бидејќи јадеме животни, тогаш е во ред да се тестира и врз луѓе и сепак постојат и ханибали де.., пак придобивките се битни, да се излечи болест и да се има квалитетна шлаканица против брчки и акни. Звучи глупо некако нели?
Ливинг Не, не сум користела производ на Lush. Никогаш. Прочитај го она што го ставив во спојлер(бидејќи очигледно не си го прочитала, таму е ставен тој тест со ткивото трета постапка). Ги имаш 90% од постапките за тоа како оди тоа тестирање. Не е тоа едноставен процес, ајде сега ќе направиме крем за лице и оп за еден месец ете го во продажба. Потребни се години. Исто така во спојлерот наведов и за стаорците и земањето примероци од истите. И едно прашање имам : Дали сум доволно нечовечна затоа што во подрумот чувам два отрови против глувци? Zhap4e: Погледот ни е исти во однос дека и да сакаш не можеш да ги спречиш тие компании да не ги тестираат производите врз животни. Јас си наведов причина зошто нема да вршам притисок. Не ми одговара и страв ми е. Глупаво неглупаво, подобро некој глушец да умри, отколку јас да си ја оштетам кожата. Друга работа. SPOILER for pete's sake! Сто пати кажав откако се едитирав, затоа што прашав човек што е покомпетентен во оваа област од мене и тебе заедно. Jaс си го бранам ставот затоа што сметам дека има смисла исто колку што има твојот. Јас не ја рушам борбата, на човек треба да му дадеш избор. Ако не му одговара мојот, ќе го брани твојот. Треба секој со својата глава, а не јас со твојата да размислувам. Исто и мене. И на последниот дел : Да, исто како што ми е исти курац ако некој убие човек за пари или од онака. Вака сега: Ставив лајк на постот на Лилит бидејќи имаше смисла. И многу пореално е кога производ од Ревлон се тестира директно врз човек да му ја уништи кожата,отколку на Лореал. Е,сега по тие постапките за кои си станав и сама на себе досадна, а не пак тебе,ама незнам дали замижа пред нив имаш наведено, прво животно, па човечка кожа. Тоа го прават доброволци и тие се бааѓи платени. Само добро е пред да се пријавиш на тестот да се консултираш со некого околу хемикалиите кои ги има на производот. Но, овие компании исто како и текстилните си прават поинаков бизнис. Одат на места каде што има ефтина работна сила и оп, скапан за пари како што продаваш крв, ќе продаваш и кожа. Јас тоа не го поддржувам и кога се рече има полоши работи, наведов дека сум силно против тоа. Човекот е човек. Не ми го споредувај со животно молим те. Ретко кое животно би се жртвувало за да спаси човечки живот и неретко кој човек би се жртвувал за да спаси животно.
Ешлинг го прочитав тоа во спојлерот, само ти изгледа одбиваш да прочиташ што ти кажувам цело време. Во тие фази - тестирањето врз животни е заменето со тие лабораториски тестови наведени во линкот (вештачки создадено ткиво), а понатака си продолжуваат сите фази што ги наведе ти, во однос на доброволците и долгото тестирање на производот. Од Гош си користела? Афродита? Ако не си користела - би користела ли или ќе ги бојкотираш сега зашто не тестирале врз животни?
Ашлинг, живот е живот, дал бил човек, дал било животно. Поради тоа што нема животното развиена свест како мене и тебе треба да умре, бидејќи нема да срипа да ме спаси или тебе.. па имаш и луѓе кои што не би го направиле тоа, бидејќи се со неразвиена свест, болни луѓе, родени такви, луѓе што веѓетираат... Убиство е убиство... твои зборови, не мои.. за мене нештата имаат градација, во која не така важно ми е да користам козметика тестирана на животни. Но, да ни јас ќе те убедам во тоа што ти не сакаш да видиш, а што ти го кажуваат неколку луѓе, нити ти ќе не убедиш нас. За да сум сигурна во продуктот, не ми требаат неколку мртви животни за да го откријат добитното кутивче помада. Доволно ми е да е претходно тестирано на нешто друго, а не на животно и да сакам сите до една компании да го спроведат тоа, па каква сака диплома нека има фармацевтката која ја познаваш, веројатно тие што работат за компаниите кои тестираат со алтернативни методи се пообразовани од сите нас вклучително и фармацевтката и им е добро познато дека може и така и очигледно на ЕУ и познато дека може така да се гарантира безбеден и квалитетен производ. Инаку оваа регулатива воопшто немаше да се донесе. Не е дека борците за права на животните се нешто многу слушани и гласни па ајде овие од немај каде донеле некакви си правила, а ни они не веруваат во таквата козметика.
Фактот што го поддржувате ваквото тестирање како гаранција за квалитетот на еден козметички производ, е само доказ колку сте неинформирани. Овие тестирања нашироко почнуваат да се отфрлаат, затоа што освен тоа што се индикатор колку одредена состојка е токсична за животното на кое се тестира, немаат никаква друга намена. А мислам дека е логично да нема потреба да знаеме каков ефект има козметиката врз животните, зошто нели, не ја користат. На пример, на лабораториски зајци (свесни, не успиени) им се вбризгуваат опасни супстанци во очите за да се тестира осетливоста на очното ткиво. Најчесто врискаат при процедурата, а голем дел од нив си ги кршат вратовите обидувајќи се да избегаат. Зошто? За некојаси параноична цурица да биде сигурна дека маскарата што ја користи нема да и направи алергија. Не верувам дека само јас ја гледам свирепоста на овој нелогичен чин, да не спомнам што резултатите од истите тие зајци ќе вредат колку крив кур. Се фрустрирам кога некој се држи ко слеп за стап, а не му текнува да прочита и да се информира за нешто. Јас лично повеќе би му верувала на компјутерски модел отколку на зајак/мајмун/куче/глувче што вришти во нечија лабораторија. Светот се менува, технологијата напреднува, кога веќе нема потреба од свирепост, како може да ја поддржувате? Обично почитувам секакви мислења, но не и рудиментирани ставови. Спојлер Ова, МОРА ДА ПРЕСТАНЕ! А секоја промена почнува од нас!
Секоја чест Лилитке во право си потполно.Јас сум против тестирање на козметика врз животни, животните и онака ги малтретираат, а не па за козметика а бидејки човекот може да измисли се, може да измисли и друг начин за тестирање на козметиката.Болката е болка, без разлика дали станува збор за човек или животно.
Ашлинг тоа за стаорците,ако гледаш така и ние луѓето многу се размножуваме и правиме огромни штети мислиш дека би било фер да не убијат?
Ливинг Афродита и Гош исто така не користам. Не ги оцнувам фирмите што не го прават тоа, ама не сум приморана ни да ги користам,затоа што спремна сум животно да умри за јас дома да имам добар лосион за лице, исто колку што сум спремна да умри животно за да се чувстувам сита. Тие две работи мене ми се исти,тебе не. Затоа јас оправдувам,ти не. Замената мене ми е комплетно јасна, но од сите фирми кои се кажуваат дека не ги користат јас сум сигурна дека некоја хемикалија мора да ја испитаат на животно. Можеби нема да умрат 50 животни, туку 5, но ќе умрат. Не можеш да знаеш што све не им се мотка по лабораториите на тие фирми. Zhap4e Штом животот е живот без разлика дали на животно или човек и не треба да се убива животното, бидејќи е со неразвиена свест замисли сега ние колку ќе бевме примитивни. Уште ќе збиравме плодови и со шилест стап ќе бркавме диви свињи,а оган ќе палевме со триење прачка на суви лисја. Во некој твој коментар напиша дека јадиш месо,затоа што тоа е борба за опстанок и ти можеби ќе бидеш изедена од некој лав. Ова не ти личи на еден вид борба за опстанок? По коментарите тебе уствари ти е жал за секое живонто што умира како последица од некој експеримент. Бидејќи реално јас не можам да оправдувам тестирање на препарат за акни на животно, но можам да оправдувам какво и да била друга смрт на животното? Pointless. Затоа не се притресувам многу за животното, затоа што јадам месо. Исто така за да се измисли тој модел на компјутер што 99% ќе гарантира за сигурноста и квалитетот на производот се жртувавни многу животни. Тоа не е свирепо? И друга работа, поголемиот дел од борците за права на животните се вегетаријанци. Saya Да, баш поради тоа што спомна дека треба да се тестира осетливоста на очното ткиво,јас не сакам да добијам каква било алергија. Мене добро ми текнало, јас доволно се информирав го побарав од ливинг методот на тој модел на таканаречено човечко ткиво, прашав човек стручен за таа област што мисли за ова. Значи ги согледувам и двете страни од приказната и си формирам моја. Епа извини Саја што сум егоист и што не сакам да останам оштетена,од пуста жал за животинчето. Јас ви ги почитувам ставовите, но не ги поддржувам затоа што не ми е логично никако да го жалиш животинчето што умрело поради козметички експеримент,а да не го жалиш кога го јадиш дома. Не ми е логично бидејќи не се борите за правата на животните. Ако чувате куче дома и вие самите му ги одземате на некој начин,колку и да се поврзете со него. Тоа со компјутерската технологија,ние сме на тест, таа ќе биде сигурна за 10 и повеќе години и ќе дава сигурни резултати. Епа јас не сакам да бидам во тие тестови. Јас единствено што не оправдувам е носење облека од крзно на животни,но кога се работи за хемикалија која ја ставаш на лицето без разлика дали е декоративна или препаративна козметика, ќе подразмислам малку.
Е зошто да не оправдуваш крзно? Нели си убила веќе животни и ги јадеш, мачкаш на лице нивно страдање, а убиецот е убиец, не? Зошто дерењето на животните за крзно е посурово според тебе од нивно ослепување и труење? Ти рече дека не се сигурни производите кои не се тестирани врз животни, затоа те прашав дали си употребила од тие наведени фирми. Дали мислиш дека козметиката од пазар што кажа дека ја користиш - е посигурна од овие, затоа што е тестирана врз животни? Се покажа веќе неколку пати дека воопшто не си прочитала што пишува во линкот. Ти си се информирала само за да го потврдиш она што го мислиш и воопшто не те ни интересира другото. Дали ти мислиш дека овие луѓе што создаваат вакви алтернативни методи не се стручњаци?
Се тестира осетливоста на очното ткиво, но се добиваат резултати само за тоа колку е осетливо ткивото на животното. Сега појасна сум? Тоа што го направиле тој тест на животно, нема да значи дека ти ќе бидеш поштедена од оштетување, зошто тестот не е релевантен. Забележувам дека по секоја цена си го браниш ставот и веќе почнуваш да забегуваш во некои демагогии на кои не им е место на темава. И L'Oreal има официјално потврдено дека ќе престанат со користење на било какви состојки тестирани на животни до 2013 година. Пак ќе речам, се менува светот. Отфрлете си ги застарените размислувања, пронајдени се посигурни методи од тестирањето врз животни. Се прашувам дали за некоја година кога истите ќе имаат поштетни исходи од оние врз компјутерски модели уште ќе си ја мавате главата во ѕид со тоа дека ако е испитано на живо е посигурно.
ЗАТОА ШТО ТОА НЕ ГО УСЛОВУВА ОПСТАНОКОТ НА ЧОВЕШТВОТО! A, кога се пронаоѓа лек за некаква болест,кога се пронаоѓа полесен начин за да немаш акна на лицето,се експериментира со животно во твоја корист. За ти да не си го изгориш лицето. Ете затоа. Не, не мислам дека е посигурна. Ја користам затоа што толкави ми се можностите,затоа што немам пари за сенки од Макс Фактор, туку имам за скромна палета од 100 денари. Не ги мешај зборовите. Стручњаци се, но јас не сакам да бидам подложена на нивни тест. Саја: Спојлер Well the truth is no one knows if anything is safe. If they test on people and someone dies then no one will buy the product. I would rather have a dangerous side effect happen to an animal than a human. Besides if you do not agree there are some cosmetics that are not tested on animals. Also I'm pretty sure if the product says its made with natural resources it is safe to use on animals. Спојлер But go back to the first point. We did save people from being blinded and losing their lives by testing products on animals. What was right then, can surely not be wrong now. I disagree with the argument that we have all the products we need now. By who's standard, ours? Had such been said in 1890, everyone would still use lye soap now. For it's time, it was all the product they needed. It's called "the march of progress", and we need continued testing to make sure that any new breakthrough is safe. I also disagree with the computer model theory, the new lab test theory, and etc. There is no testing method that can take the place of testing on a live animal. If such a method ever can be developed, I'd be in favor of it, but know this - the corporations may be heartless, but they are practical. If such a method existed - one that was as safe and affordable - they'd use it, just for the PR benefit. But such a method does not exist. As i said, ние уште сме под тест, производите што не се тестираат на животни, се уште експериментални и не се доволно сигурни. За да се сигурни треба да поминат години и години. На пример тетрациклинските антибиотици кога се појавија све беше во ред, спречуваа бактерии, имаа мошне брз ефект. Но после 5-6 години се појавија негативните ефекти. 5-6 години од пуштањето во промет таков антибиотик, поготово на децата. Зошто мислиш дека и со козметиката е нешто подобро,да не речам полошо?
на еден познат српски сајт наидов на бела листа на производи ( кои не се тестирани на животни ), па сакав да ја споделам со вас : Amway Annyer Apotheker Scheller AquaSource (Natural BEING Skin Care) Aromatica Atea Artdeco Athena's (Frutti del sole) Avon Basis Bodywise (Natracare) Bourjois Biovitalis (Bioherbal, Herba Mare) Bübchen Chanel Christian Dior Clarins Clinique Laboratories Collistar Corsair Toiletries Carita Cosmo Cosmetics Inc. (Ferity) Decleor Dietpharm DM (proizvodi koje oni proizvode) Donna Karan Dr. Hauschka Skin Care Dr. Theiss Erdal-Rex (Frosch) ESI s.p.a. Estée Lauder (Clinique, Origins) Fairness (Genera) Freeman Cosmetics Corp. Forever Living Frenchtop Natural Care Products (Hennaplus) Guam/Lacote Ginger kozmetika Golden Ismeg (Brambles and Moor, Brutia, Frais Monde) JOICO International John Masters Organics Juice Beauty Kappus Jericho L'erbolario L'angelica Labud L'erbolario Lander Lush Manhattan Mann & Schroder (Fruttini) Marks & Spencer Milla (Issa, Rea, Naily, Lee) Montagne Jeunesse Nimfea Natur Erbe Neutro Roberts Neva (Rosal) Olival Oriflame Oleal Performance Health Inc. (Biofreeze) Paglieri (Felce Azzurra) Primavera Life Pupa Phyris Pyrus kozmetika Revlon (Almay, Jean Naté) Sapio Saponia Selectiva S.P.A. (Aqualina) Sinclair & Valentine St. Ives Swiss Formula (St. Ives) The Wella Corporation (Sebastian) Tigi haircare Upper Canada Urtekram Virgin Village Yves Rocher Weleda (kozmetika) е сега, сајтот беше наменет за нега на коса, а јас искрено многу малку од наведениве производи сум ги сретнала кај нас ( само freeman i revlon ). Дали имате користено некои од овие производи на листава и како сте задоволни? Едит :и авон производите не ги тестирале на животни
Освен копи - пејст на рандом форум мислења, не прочитав ништо конструктивно. Првото мислење е чиста глупост тропната од дезинформирана личност. Ако се безбедни продуктите, ќе бидат безбедни и за животните?! Да, ако им ги мачкаат трепките со маскара или им ставаат кармин на усни. Ама и јас и ти добро знаеме што им прават. Ништо не ви го оправдува ставот. Застарен е, суров, и треба да се искорени. Тоа е тоа.