Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Козметика тестирана врз животни

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LivingGlam, 23 март 2011.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Откако ја прочитав листата на производи што се тестираат врз животни, направив дома една проверка на она што ние го користиме. Не знаев дека и Max Factor прават такво нешто, а јас ја користам нивната пудра :worried: Palmolive течните сапуни и Colgate пастата за заби веќе не ги употребуваме. Јасно и гласно му кажав на татко ми кога ќе пазарува да не купува такво нешто.
    Ме изиритира еден коментар на една моја комшика кога и кажав дека маската за коса од Garnier што си ја купува, е тестирана врз животни: „Аууу па баш убаво ако е тестирана врз животни, тоа значи дека добро е проверена и дека не ни нудат се и сешто на пазарот. Проверени производи купуваме.“
    Молам? :fubar: :fubar:
     
    На Temperance му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Afronija

    Afronija Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Па НОРМАЛНО ДЕКА ЌЕ СЕ ТЕСТИРА НА ЖИВТНИ, НЕМА НА ЛУЃЕ ДА ТЕСТИРААТ
     
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Прашајте ги оние кои вршат експерименти зошто се врши тестирање врз животни, одговорот е - ,,Затоа што тие се како нас,,. А, запрашајте ги зошто е морално оправдано да се врши тестирање врз животни, одговорот е ,,Затоа што тие не се како нас,,. Тестирањето врз животни се базира на логичка контрадикција.

    Пред некој ден налетав на статија како во САД биле малтретирани и уништувани многу животни, им биле вбризгувани различни супстанции, телесно биле осакатувани, имале појава на крв во урината и факалиите и што ти не, плачев незапирливо дури читав, а зад сето ова стои - немале никаков ефект ,,тестирањата,, туку ,,експериментаторите,, требало да го оправдаат својот ,,ангажман,, пред спонзорите, дека не џаболебарат туку вредно работат. Огромен број вакви тестирања се излишни со висок процент неуспешност и несигурен исход, на живите суштетства кои плаќаат со живот или трајни последици се гледа како на колатерална штета.

    На универзитет во Англија, поради етички причини, од крајот на 2005 година, забранети се експерименти со животни од вишите безрбетници (како октопод), па нагоре преку риби и сите останати ’рбетници. До скоро беше дозволено да се работи со октопод, но неколку научници експериментално докажале дека октоподот може да се дресира, што значи има некакво ниво на свест, па на колегиумот се донесла одлука да се прекинат и експериментите со октопод. Со посебен документ е регулирано на кој начин може да се дозволи и работа со виши животни, но генерално тоа се однесува пред се‘ на земање на примерок (крв, ткиво) без да се загрозува здравјето на животното. И се надевам дека ќе дојде време кога со помош на сложени компјутерски симулации ќе се предвидуваат исходите од реакциите на организмот на одредени препарати, како што веќе голем број тестирања како на пр. тестирање на одредени бомби и др. видови оружја за масовно уништување, се врши токму на овој начин. Така ќе станат и де факто непотребни овие сурови експерименти.
     
    На AnaKarenina, Cynthia и LivingGlam им се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Било какви испитувања што претставуваат измачување за било кое животно мене ме иритираат страшно.

    А сум видела и во живо.
    Имено, едно сабајле си ја учам наредната вежба за на пракса, и гледам во практичниот дел сечење на жаба, вадење срце, ова, она ... викам ај, сигурно денес само теорија ќе работиме и ќе не пуштат.
    Одам на факултет кога во една корпа слушам клок клок клок, кре кре кре, скокање и крекање ... викам леле белким нема .... и уште не ја ни домислив мислата влезе асистентката и вика ајде, и јас во главата си викам каде мори ајде идиотке една.
    И ја шлапна раката во корпата со жабите, извади едно жапче, го анестезираше и му ги врза екстремитети на едно што го викаат столче, ама доаѓа како креветче за жабчето.
    И една колешка зема и сече, сече, сече, и го извади срцето за понатамошни испитувања ... не ни имам коментар.
    И одиме на втор дел и демек ајде сега нова жаба ... и и викам зарем мора и ми вика па како мислиш ти поинаку ... уште ми се раздерава бездушната ...
    и со голи раце, ја исече, се смешка, и вика сега ќе и ги соблечеме панталоните(и и ја извади буквално цела кожа со голи раце). И ја отсече претходно главата, а жабата и кога е без глава може да мрда и со двата дела од телото ... и оваа зема со прстите и ги извади сите органи, со голи прсти ја роваше и роваше за да дојде до местото кај што се рефлексите и да ни покаже ... и гледав и се ужаснував, ми идеше да вреснам од ужас, желудникот ме превртуваше, без разлика што не сум љубител на жаби кој знае колку голем, тоа беше живо суштество што се усмрти за без врска и на премногу суров начин, па уште горда беше на делото ... а јас можев со голи раце да ја задавам.
    На цела среќа кога беше вежбата со стаорец ни беше еден асистент па не праша сакате да видите или не, и јас нееееееееееееееееееееее!!! и не видовме.

    Тоа е греота, тоа е жално, и е тотално непотребно, и како што погоре кажа теодора контрадикторно.
    Колку треба да си нечовек за да можеш свесно да уништуваш живо суштество.
    Само да замислам некој да ми го боцне папагалот, или било кое милениче што сум го чувала, се ужаснувам.

    Против, против, против.
     
    На Temperance, rossonerka, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ех, Тедимече, да си ми жива што ме потсети на уште една болна точка - касапењето и усмртувањето животни за образовни цели.

    И да, знам дека некој ќе рече па албино стаорец е, се множат ко луди, и онака живеат кратко, ама колку од нив треба да усмртиме, колку ќе е доволно или оптимално, за да ги видиме нивните внатрешни органи или со колку уште од нив треба да си играме лавиринт, изгладнувајќи ги и ожеднувајќи. Баш читав и за експеримент во кој лабораториски стаорци се ожеднуваат за да се учат да притиснат на одредено место и притоа да капнат неколку капки вода. По завршувањето на експериментот ги фрлале во корпа и ги потуривале со хлороформ одозгора :@ . Зошто треба да загинат, бидејќи послушно си ја исполниле улогата на добро заморче и не се веќе интересни и дека нам луѓето ни се може?!!!

    Исто и со обезглавените жаби. Во ера на енциклопедии, во ера на Интернет, во ера на слајдови и проекции кои можат да го прикажат истото, треба да се ,,изживее,, од прва рака експериментот. Малоумност.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    ЈАС СУМ ПРОТИВ ТОА! :@
    Како бе така??? :@
    Каква суровост! Тие се животни! Тие очиглено вредат повеќе и од човекот! :@
    Инаку тетка ми добро знае дека сум СТРОГО ПРОТИВ ОВА и за роденен НАМЕРНО (сама призна) ми денесе некои козметички препарати тестирани врз животни :@ ЗА 1 МИЛИСЕКУНДА СЕ НАЈДОА ДОЛУ ОД ТРЕТИОТ СПРАТ :mm: :wasntme:

    Едит:

    И јас сум против ова! НА УЧИЛИШТЕ НЕ ОСТАНУВАМ НА ВАКВИТЕ ЧАСОВИ! си излегувам надвор и чекам да заврши часот! Не сум добила неоправдан заради тоа, но дури и да добијам ке си продолжам така!

    Уште еден едит (морав)

    Нема да коментирам! :x
     
  7. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    Воопшто не го одобрувам бидејќи некои состојки може да имаат различен ефект кај луѓето,различен кај животните.Нешто што е не е опасно за животните според тие тестирања може да биде опасно за луѓето.Зарем човекот е толку суров?! Тестирање,колење,дерење,тепање,убивање...проценете сами
     
  8. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Не само тоа, има уште: организирање борби помеѓу животните, убивање заради нивното крзно, изживување врз нив, напуштање ... ;(
     
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Затоа прво производите се тестираат врз животни,а потоа врз луѓе кои претходно потпишуваат договор за тоа што и да им се случи дотичната фирма не одговара за последиците.

    Секој си ја чува својата раса.
     
  10. bastet

    bastet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    94
    Шминката не прави убави,а уништува 100000000 животи годишно?

    Козметичките производи се она без кое денеска ние неможеме.Ги има во огромни броеви,различни фирми,со разни карактеристики..Но сепак,дали имате размислено како се добиваат?
    Многу јасно дека за да се добие еден производ,потребно е да се тестира со месеци,па некогаш и години. Но,дали сте свесни кој плаќа за нашата вештачка убавина?Дали знаете кој се крие позади тоникот за чистење на лицето или пак,маскарата за издолжување и виткање на трепките?
    Годишно преку 1 000 000 000 животни страдаат за да се создаде "перфектната маскара" или пак "парфемот кој трае и до 48 часа".Најчесто се тестира врз кучиња, мачиња, хрчковци, морски прасиња, зајаци, мајмуни, a во последно време и на многу други..Овие животни најчесто се во кафези и аквариуми,и немаат видено сончева светлина ниту пак трева или почуствувано љубов.Тестирањето се врши врз нив се додека не испуштат душа..Малку затвор не е ништо во споредба со она низ што поминуваат тие за да ние имаме 'прекрасно лице' за една вечер.
    Ајде да се избориме против тестирањето..Секако дека неможеме едноставно да отидеме во фабриките и лабораториите и да им кажеме НЕ..но постои друг начин...Купувајте производи кои се добиени со тестирање врз растенија или пак луѓе волонтери.
    Доколку навистина сакате да видите низ што поминуваат животните,погледнете од 08:16 на ова видео и ке сватите за што навистина станува збор..содржината на видеото е за крзно, месо, лов, циркус, тестирање и малтретирање,но јас ве насочувам точно на 08:16 за тестирање затоа што сепак тоа е темата на разговор..
    http://www.youtube.com/watch?v=bhQsIIMcDJc
    Еве едно видео кое се надевам дека ке допре до вашите срца..се работи за кучиња од расата Бигл кој се користат за добивање на козметички препарати само затоа што не касаат.Благодарение на непрофитна организација која ги спасила од ужасните години кои ги сеуште ги чекале,кученцата за прв пат гледаат сонце и трева и ги прават своите први чекори по многу години..
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... LZMxRP_F5w
    Да се избориме за правата на животните кои низ светот целиот свој живот го минуваат зад решетки со болно тестирање,малтретирање и убивање.Ние сме нивниот глас-направи твојот да биде слушнат!
     

    Прикачени фајлови:

  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Шминката не прави убави,а уништува 100000000 животи годишно?

    Ауффф, какво е видеото, што ми требаше да го гледам... :tmi: :worried:
    Ова е страшно!!!
    Колку се луѓето бесчувствителни, прави демони. :x

    Околу шминката, има козметика која не е тестирана на животни (како Авон и Орифлеим мислам).
     
  12. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Шминката не прави убави,а уништува 100000000 животи годишно?

    Делфините и Китовите се едни од најзагроените животни, а тие што им прават..
    Нема ли некоја организација да ги запти овие кретени.. Жално :worried:
     
  13. bastet

    bastet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    94
    Секако дека постои козметика која не е добиена со тестирање врз животни.Целта е да се поттикне свеста да се купуваат такви производи,а да се избегнат оние кои се добиваат со тестирање врз нив.Размислете дека со плаќање на еден производ кој е добиен со тестирање врз нив,плаќате за смрт на околу 1000 животни кои платиле со својот живот или сеуште се мачат во лабороториите,а пристигнуваат и многу нови кои ги очекува иста судбина.
    СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ЗА ДА ПОМОГНЕТЕ Е ДА ЈА РАЗГЛЕДАТЕ АМБАЛАЖАТА ПРЕД ДА КУПИТЕ..
     
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Шминката не прави убави,а уништува 100000000 животи годишно?

    Еве список на козметички компании кои не тестираат на животни:
    Almay
    Aveda
    Avon
    Bobbi Brown
    The Body Shop **
    Bonne Bell
    Chanel
    Clarins of Paris
    Clinique Laboratories
    Crabtree & Evelyn
    Dermalogica
    Donna Karan Beauty Company
    Estйe Lauder
    Hello Kitty
    Kate Spade Beauty
    La Mer
    Lush
    M.A.C. Cosmetics
    Nivea
    OPI Products
    Origins
    Physicians Formula
    Prescriptives
    Revlon
    Stila Cosmetics
    Ultima II

    Колку и да се внимава сите користиме производи тестирани на животни, ако не како козметички производ тогаш како средство за лична хигиена, хигиена на домот итн.
     
  15. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Јас сум ПРОТИВ ова случување кое повеќе фирми сеуште тестираат козметички препарати врз животни, кутрите тие низ што поминуваат, ужас. Значи не користам ниеден производ кој што е тестиран врз животно. Што мислите вие за ова? Сте ЗА или ПРОТИВ??

    Еве листа од фирмите кои се занимаваат со оваа болна работа:

    Alcon Labs
    Allergan, Inc.
    American Beauty
    Answer
    Aramis
    Arm & Hammer
    ArmorAll
    Arrid
    Aveda
    Avon
    Axe
    Aziza
    [​IMG]
    Bain de Soleil
    Ban Roll-on
    Banana Boat
    Bausch & Lomb
    Benckiser
    BenGay
    Biotherm
    Block Drug Co. Inc.
    Bobbi Brown
    Bounty
    Boyle-Midway
    Bristol-Myers Squibb Co.
    Bumble and Bumble
    Cacherel
    Cargill
    Carpet Fresh
    Carter-Wallace
    Chesebrough-Ponds
    Church & Dwight
    Clarion
    Clairol
    Clear Choice
    Clinique
    Clorox
    Commerce Drug Co.
    Consumer Value Stores
    Coppertone
    Coty
    Cover Girl
    Crest
    Daisy Fuentes
    Dana Perfumes
    [​IMG]
    Darphin
    Dawn
    Del Laboratories
    Desitin
    Dial Corporation
    Diversey
    Donna Karan
    Dove
    Dow Brands
    Drackett Products Co.
    Drano
    EcoLab
    Eli Lilly & Co.
    El Sanofi Inc.
    Elizabeth Arden
    Erno Laszlo
    Estee Lauder
    Faberge
    Fantastik
    Fendi
    Final Net
    Finesse
    First Response
    Flame Glow
    Flirt!
    Garnier
    [​IMG]
    Giorgio Armani
    Givaudan-Roure
    Glade
    Glass Plus
    Good Skin
    Grassroots
    Helena Rubinstein
    Helene Curtis Industries
    Herbal Essences
    Huggies
    ISO
    Ivory
    Jhirmack
    Jo Malone
    Johnson & Johnson
    Johnson Products Co.
    Jovan
    Kaboom
    Keri
    Kimberly-Clark Corp
    Kiton
    Kiwi Brands
    Kleenex
    La Mer
    Lab Series
    Lady's Choice
    Lancaster
    Lancome
    Lava
    Lever Brothers
    Lipton
    Listerine
    L'Oreal USA
    [​IMG]
    Lubriderm
    Lux
    Lysol
    MAC Cosmetics
    Mars (candy company)
    Mary Kay
    Matrix Essentials
    Max Factor
    Maybelline
    Mead
    Michael Kors
    Missoni
    Mop & Glo
    Nair
    Naturelle
    Neutrogena
    Neutron Industries, Inc.
    Ojon
    Olean
    Orange Glo
    Origins
    Oscar de la Renta
    OxiClean
    Pantene
    Parfums International
    Pearl Drops
    Pennex
    Pfizer, Inc.
    Pine-Sol
    Plax
    Playtex Corporation
    [​IMG]
    Pledge
    Polident
    Ponds
    Post-It
    Prescriptives
    Prestige Brands
    Prince Matchabelli
    Proctor & Gamble Co.
    Quintessence
    Raid
    Ralph Lauren Fragrances
    Reckitt BenckiserRedken
    Resolve
    Richardson-Vicks
    Sally Beauty Supply
    Sally Hansen
    Sanofi
    SC Johnson & Son
    Schering-Plough
    Scotch
    Scott Paper Co.
    Scrub Free
    Sean John Fragrances
    [​IMG]
    Sensodyne
    Signal
    Smashbox Cosmetics
    SmithKline Beecham
    Snobal
    SoftSheen
    S.O.S.
    Stanhome Inc.
    Sterling Drug
    Suave
    Sun Star
    Sunsilk
    TCB Naturals
    Tegrin
    3M
    Tide
    Tilex
    Tom Ford Beauty
    Tommy Hilfiger
    Trojan
    Truvia
    Unilever
    Vaseline
    Vichy
    Vidal Sassoon
    Visine
    Vivid
    Warner-Lambert
    Westwood Pharmaceuticals
    White Shoulders
    Whitehall Laboratories
    Windex
    Woolite
     
    На vaga95, hermosa и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  16. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    СТОП за козметика тестирана врз животни!!!

    Не да сум против..Незнам што ми иде да им направам кога ќе слушнам некои дека тоа го прават..Тоа е еден вид на иживување врз животното....Како не им е жал...Глупаци едни :@
     
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    СТОП за козметика тестирана врз животни!!!


    Black.Beauty, фала што си се помачила да ни дадеш листа на производители кои тестираат врз животни. Ова е многу корисно и морам да кажам дека се запрепастив! Брендови кои произведуваат ’природна или органска козметика’, брендови како Vichy и Biotherm спаѓаат во оваа листа, неверојатно! Толку скапи производи имаат, а тестираат врз животни! Најдов некои брендови кои мислев дека никогаш не би ги сретнала на ваква листа. Имам користено производи од некои брендови од листава, но да сум знаела дека тестираат врз животни, никогаш не би ги купила! Отсега ќе гледам на етикетите на се’ што купувам од козметика дали е нагласено дека НЕ тестираат на животни. Ти благодарам и дефинитивно нема веќе да користам производи од компании кои тестираат врз животни, зошто тоа е изживување! Нека тестираат врз производителите, да видиме дали нив ќе им биде убаво, ѓубриња едни, бездушници!

    И само да кажам, од брендовите кои ги има кај нас, можам да го пофалам Essence, тие не тестираат врз животни и мило ми е поради тоа. Ги користам нивните производи од неодамна, баш поради тој факт и презадоволна сум :)
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    СТОП за козметика тестирана врз животни!!!

    Многу одвратно,болен ЧИН е тој,гревче се кутрите животинчиња ;( .
    Бог да ги казни најстрого оние кои прават такви злодела,секако дека сум ПРОТИВ и тоа многу.
    Од се срце ги сакам животните,срцки убавки :inlove: .
    Сум слушнала дека ѓаволската библија е направена со корици од кожа од животни,се ужаснувам од самата помисла дека тоа е точно :@
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    СТОП за козметика тестирана врз животни!!!

    ОДВРАТНО со еден збор!!! Ми се гади од ѓубрињата што им го прават ова на кутрите животни!!! Душички мили :( ;( :fubar: :fubar: :fubar: :doh: :doh: :@ :envy: :worried:
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Maybelline, Max Factor, L'Oreal, Garnier , Dove :puke:
    никогаш повеќе нема да земам нешто од овие марки