Крајно нехумано и одвратно ...За мене, луѓето кои убиваат и малтретираат животни се бездушни. Па тие ни со човек не може да се разберат, а не па со некое невино мало зајче... Мислам дека треба да се превземат поголеми и подобри мерки за заштита на животните бидејќи тие не го заслужуваат ова. И сите тие велекомпании кои ги тестираат своите козметички производи врз животните да се затворат... Претерано е веќе ова.
http://popara.mk/2013/zabava/interesno/ ... -video-16/ Погледнете го и видеото ако не сте го виделе до сега. Како можат, толку ли овие луѓе немаат чувства или пак се ќе направат за пари. Јас се расплакав, па дури и на малите животни по 2-3 месеци што имаат го прават ова.
ОДВРАТНО јас сум голем поборник против ваквите креми и препарати. Кога ќе создадеме живот, ајде разбирам (и тоа не е морално но ајде хипотетички) и да го одземеме. Но, ниту тие ги одгледале животните па им наштетуваат. А, од кога ние со животните сме исто? Фала му на Дарвин за теоријата на еволуцијата, но тоа беше пред мноогу години. Не сме мајмуни веќе (иако денес голем број се однесуваат така). Колку сме сигурни во тоа дека ако на глушецот му одговара и нас треба исто???
Овде ( http://xoxo-parisky.blogspot.com/2010/0 ... sting.html ) најдов една подолга и подетална листа со производи кои се и кои не се тестираат врз животни. Мило ми е што Балеа и сите производи произведени од ДМ маркет не спаѓаат во неа, пресреќна сум искрено! Значи не ми е јасно што е толку тешко да се вршат поинакви тестирања?? Кога некои можат, зошто другите да не можат? И зошто сеуште тестираат врз животни, кога нивните „конкуренти“ не го прават тоа??! И уште една работа, да прашам дали МОРА да пишува на паковањето дека не е тестирано на животни или пак дека е тестирано на волонтери луѓе, или да го има знакот со зајачето? Оти стварно е тешко листава да се запамти цела.. освен што запамтив марки на некои производи што сум ги користела а што уште утре ќе летаат во канта.
Индија воведува забрана за увоз на козметика која е тестирана на животни. Браво! http://timesofindia.indiatimes.com/...cs-tested-on-animals/articleshow/44814398.cms Се надевам дека многу наскоро и останатите држави кои што се уште ги толерираат тестирањата на животни, ќе тргнат по нивниот пример.
Доколку сакате да го спречите тестирањето на животни, не купувајте производи кои се тестираат на нив. Контактирајте ме за повеќе информации и за конечно користење на органски производи.
Jас сум вегетеријанец, и се чувствувам многу подобро откако престанав да јадам животни, среќна сум. Но спокојна сум откако престава да користам било каков производ кој се тестира на невино зајче. Започнете да користете органски производи, инфромации во порака.