За тие што живеете во Германија, дали во некој Лидл ги има овие body butter? Значи не знам во колку Лидл бев нигде ги нема, ниту па преку интернет можат да се нарачаат. А гледам дека многу го фалат на форумов.
Наредно одење во лидл ќе купам нешто. Ме убедивте, само уште од нив ми фали во катчето за препаратива . @molikaMk сум ги гледала порано, ама секогаш веќее сум имала нешто и не сум купила. Кокосов ме фаќа око.
Дани, намерно не те цитирав на темава бидејки знам дека користиш исклучиво природна козметика од поголемите и далеку попознати фирми. Имено и јас бев скептик, никогаш не сум одела во тој одел на лидл али како што веќе напоменав по ред муабети од постручни лица, читање на статии и рецензии променив мислење. И да, според мене се далеку подобри од дав, нивеа и сличните Вчера читав дека во весник имало статија за испробување на креми на пазарот, кремата на лидл се нашла на 2 ро место и луѓето се запрастиле кога прочитале уствари дека производот на лидл дошол на 2 ро место по квалитет и природно знаејки и гледајки ги цените.. Ти повеќе разбираш околу составите па ѕирни на некој производ баш онака да видиш дали би ти одговарало
@vitamina креми за лице на Cien не сум користела. Во друга тема ги фалев геловите за миење лице, особено оној со пилинг ефект: Мириса прекрасно и никогаш (ниту во зима, ниту во лето) кожата (комбинирна) не ми била затегната по употреба на гелов, инаку проблем што сум го имала со далеку поизвикани (и поскапи марки). Потрошив три тубички и сега паузирам за да дотрошам други залихи, па пак ќе си продолжам со користење. Во меѓувреме пробав и други Cien производи и имам уште два фаворити: кремата за раце од невен на Cien nature и маслото од роза, исто на Cien nature. Многу добар е и шампонот од дива роза (Cien nature) за секојдневна употреба. Истоимениот гел за туширање, па и не е нешто посебно. Го имам и гелот за целулит со оладувачки ефект, ама не можам да зборувам за ефикасност, бидејќи немам кој да ме потсети да го користам. Инаку, не сите произвиди на Cien имаат добар состав. Читајте декларации. Ако ви се важни состојките, де. Ќе се дополнам друг ден, ме измачи таблетов.
Путерот од кокос е најубав од сите. Престанав да бројам колку теглички имам потрошено веќе. Манго ич не ми се допадна, а какао е многу убав. Сепак кокос ми е омилен мене, а ти ке кажеш кога ќе пробаш некој.
@Mishela а јас пак од манго имам моментално и ептен ми е убав, многу убаво ми мириса и трае мирисот, ама се си е до вкус
Да, јас од овошни мириси само кокос можам да поднесам затоа што сите други ми се или многу благи или киселкасти. Не сум баш фан на овошни мириси, повеќе сакам билни, цветни и некои неутрални - зависи кога како. Порано буквално се бањав во овој путер од кокос, сега и не го користам толку често зашто се презаситив, ама како ме потсети темава веројатно пак ќе се здружам со путеров.
Јас никогаш не пазарам од лидл ( далеку ми е ) ама мајка ми користи се од cien можеби 10 тина години. Од грција ги купува. Ми купувала и мене, сум користела но не постојано.
Мишелче, ти разбираш декларации па ѕирни некогаш кога ќе имаш време Ме намамивте и мене за путерот следно одење го земам обавезно мада не го видов вчера на рафт.. @do-re-mi нормално дека ланецот не им е целосно не знам какво woow очекување ама за разлика од моето негативно мислење како шо веќе зборувавме и те како има разлика во производите, не им се шкарт тоа сигурно. Дека има дел убвави квалитетни производи има, а сваќам и верувам дека има и не баш најдобри.. Ќе анализирам и ќе видам али според муабетите на приватно мислам дека се подобра опција од дав на пример...
Од дав се подобра опција сигурно, јас бев опседната со дав, се што имаше од нив се користев, се додека не почнав да читам и листам декларации, рецензии и сл..е сега точно, и од cien има производи со парабени и силикони ама има и убави, а за давот немам читано позитивна рецензија и баш ми е криво, многу ги сакав.
Да тагнам сакам и други особи од форумот за да дојдат на темава и кажат искуство @Dust @dunika @SV1911 @x.Daisy.x мислам дека на дејзи и беше козметиката омилена страна
@vitamina никаде не реков дека им се шкарт производите. Ете погоре набројав дел од тие што сум користела и сум задоволна. Само посочив да се читаат декларации, ако некому му се битни составот и формулата на производот т.е бара природни производи (органски не се). Или со други зборови, имаат и конвенционални производи и со парабени, PEG, парафини, силикони и сл. Еве, лично јас сум воздржана за нивната декоративна козметика и засега ја избегнувам. Не велам дека не ја бидува, туку дека јас не би купила.
И јас неповикана да дојдам И јас би сакала да слушнам мислења за оваа марка. Јас имам користено маскара, лак, ацетон, брич, од нив сум задоволна и антиперспирант, од него не, остава траги, така ми стои.
До сега роварев низ Лидл, немаше ниту едно од овие. Да не се повлечени Или многу убави па ги разграбале пред мене За другите работи не се фатив без препорака, ама пред наредно одење ќе разгледам поубаво рецензии.
Јас не сум задоволна од бб кремата на cien. Има парабени и силикони во составот. Многу е густа текстурата и тешко се распределува низ лице. Јас ја земав потемната нијанса бидејќи бев на одмор и кога ја нанесов беше во ред но после 10 мин. лицето ми беше портокалово..
Уф се свативме лошо Сакав да кажам дека јас мислев уствари дека им се шкарт Ама дека погрешив Тоа ми беше поентата Јас почнав да ги гледам и да им давам шанса откако ми се пофали баш ти ако се сеќаваш. Не знам пред колку време беше Дани и јас не го најдов вчера овој путер.. Инаку ѕирни и ти да, вреди да пишеш овде и да споделиш оти знам дека се разбираш повеќе по декларации за козметика. Мене золвата ми се фали од виши? Да и дадам шанса за моево никакво лице? Ми се упропасти ептен некако...
@do-re-mi а баш денес читав рецензии за кармините и лаковите, сенките за очи и уште нешто не знам што, дека имаат прифатлива формула..оваа девојката што ја пратам кажува дека нели не се био, но дека се со прифатлив состав, е сега кажува и за тие што не се ок, еве памтам за балсамите за коса и таа крема Q10 дека имаат некои лоши состојки, како парабен силикон пег и сл..а се сетив, маскарата за трепки беше во оние со лош состав..
Јас ги купував од Грчкиот Лидл, ама би требало да ги има во сите. Не знам дали има измени ама не верувам дека се повлечени. Ќе ги начекаш можеби нареден пат.