За лош состав јас сабајле прочитав и за интимниот гел али тој од старата колекција. Новата им била ок. Се на се се наоѓаат производи што се солидни.. Поготово гелот за лице што кажуваше до ре ми ќе му дадам шанса..
Гелот за лице и јас го користам, добар е и по состав а и убаво си ја врши работата, ем многу ми трае, а и многу е нежен, дури и крема не морам да ставам после него..аа сега видов до ре ми кој го постирала, тој сестра ми многу го сака, јас овој го користам со розево капаче, што гобпостирав пред некој ден, па и ти гонимап купено мислам..оној до пумпичка, како млеко..
Путерот за тело не се мачите да го барате само у Грција го има изгледа и повекеот од овие гелови шампони по Германија нема
Имам пробано лак и сапун само.Другите производи некако не ми фатле око. Обично козметика , шампони , купки, пелени порачуваме онлајн од росман, па скоро никогаш не ми требало нешто од Лидл за да купам.Ако има акција на Фа тогаш може да купам .Може да пробам нареден пат нешто со обзир дека е оценета со најдобра оцена.
Што путерот? Го има кај мене, одам утре да го купам. Фала ви женски! Инаку да спомневте порано ќе пуштев 10тина кутии накај мк, имав по кого, ама здравје следен пат.
Се е убаво, ама шминките до сега што ги имам земено лоши се. Маскарите суви, и кармините не се ништо посебно. Може во Грција не ги чуваат во соодветни услови, не знам. Останатата козметика е супер.
Јас кармин имам земано од што составот му беше ок, па за тие пари не ми беше лош, сигурно траеше 4 часа, за разлика од авон кој дома го ставам, во кола веќе го немам..а за маскарите читав дека не им се добри. За сенките гледав рецензија дека се добри, јас деновиве сум во план да земам некое руменило од таму па ќе пишам какво е..
Дани и маж ми ги барал неможел да ги најде дури во два бил и немало .... инаку што цена е ? @anastasijaki Ти ќе одиш пред мене во Сончев брег/Несебар ќе провериш дали ги има таму.
Да се навратам на темава со малку повеќе искуство околу производите и да пишам збор два позитива и негатива. Ацетонот и памукчињата - одлични и препрактични. Купката за бањање одлична Купката за бебиња и деца одлична испадна иако бев скептик сега користам ново и поскапо и не сум задоволна бидејки премногу лути Од течните сапуни сум задоволна уште од одамна Влошките топ се У глобала е се одлично освен Дезедорансот што не ми се погоди и не сум задоволна И Млекото за тело псоебно маж рече дека го печело кога ставил на црвен дел Путерот и јас не го најдов го нема кај мене
Јас од дезедораност не сум задоволна. Прво го пофалив па по 1 2 недели сватив дека не е тоа тоа плус згора на се ми излегоа 2 лиши на секоја пазува по една од него а во еден момент и ме запече многу силно. Ги фрлив полни 2 сега користам други. И млекото розево на пумпица го запече маж на црвено месрто Од се друго сум задоволна. Сега гледам како ќе биде со гелот за лице дали ќе имам промена.
Зависи како делува дездорансот на кожата. Пример јас го имав користено розевиот, убаво мириса, но не трае многу. Во глобала, производите се супер. И цената е добра. Маскара купив за 1 евро и сум задоволна. Инаку ме нервира тоа што ги нема сите производи во еден Лидл.
Јас ја отворив темата и и дадов шанса на производите за нега.. Една две недели беа супер односно за толку кратко време ми делуваа така после месец два од користење од ништо што купив не сум задоволна. Барем јас. Гелот за лице и кремата ги фрлив оти имав како лиши појавено, со дезедорансот иста приказна.. Се на се не сум задоволна од ништо. Се сменив. Од сега ќе знам да давам рецензии после месец дена