Ептен сум задоволна од оваа козметика. Неколку години по ред од Грција си ја купувам. Ацетонот за нокти е предобар и ептен практичен. Лаковите се убави, а и од кармините сум многу задоволна. За тие пари повеќе од совршени се.
Добри се но ништо посебно. Маскара,крема за лице,кармин,марамици и тоник за лице се океј. Купките исто.. Ама дездоранси,анти-преспиранти К-А-Т-А-С-Т-Р-О-Ф-А
Точно, дезедорансите се катастрофа, благ збор, еднаш купив од се по нешто и толку беше. На почеток мислев арни се ама не, гелот за тело суши, балсамот не е ни приближно добар, шампонот на пример за проблематичен скалп ко мојот е ужасен, дезедорасните кога ги нанесуваш печат и ствараат непријатна болка, едино што купив и се бришам е ацетонот и толку. Шминки не сум земала ниту планирам. За крај според мое искусто ќе кажам дека се си има своја цена за солиден и квалитетен производ.
Зависи што преферираш, јас пример општо мирис на кокос не сакам,а овој на манго ми е многу убав..инаку како путер се супер, менува само мирисот..
Кога го видов насловот на темава баш ми текна на путерите за тело. Сум ги имала двата, нема да згрешиш, одлични се, работата е само каков мирис претпочиташ. Јас на пример сум фан на кокос
Конечно ги најдов путерите, после толку време, повторно Како да ги смениле тегличките, поголеми се...
Zdravo dali ambalazata im e smeneta bidejki vo germanija nemozam da gi najdam a do pred nekolku meseci gi kupuvav od bugarija a pred nekolku god vo romanija go imam kupeno. Dali vo germanija gi nema pa nemozam da gi najdam
Cien во Лидл е исто ко Лалин во Кам. Не се нешто вау, но океј квалитет и пристојни цени. Имам користено креми за раце, шампон и гел.