1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Козметички дупликати (Makeup dupes)

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 8 мај 2017.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    81.013
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто не ни текнало да отвориме ваква тема порано, сметам дека би ни била многу корисна. :)

    Со оглед на тоа дека секоја од нас понекогаш има ограничени средства, овде би можеле да си излеземе во пресрет со корисни информации околу тоа како можеме да заштедиме со купување поекономични производи кои на некој начин претставуваат дупликати на high-end козметиката.

    Слободно споделувајте конкретни козметички примери од декоративна и препаративна козметика, или пак дури и алатки за шминкање кои според вас важат за производи со незанемарлив квалитет, а всушност истите претставуваат поеокономична верзија на некои „полуксузни“ брендови.
    Задолжително покрај името на производот, наведете ја конкретната нијанса (за да не настанат забуни) и цени, па ќе споредуваме и ќе коментираме кои производи од поскапите брендови се исплатат, а кои можат да се најдат и за пофина цена.
    Пожелно и секако покорисно би било доколку конкретниот производ би можел да се најде и кај нас, меѓутоа доколку истиот може да се нарача преку некој од сајтовите или од странство, секако потенцирајте. :)

    На пример, познатото руменило од NARS (Orgasm) кое чини дваесетина долари, меѓу сите тие безброј копии, има свој dupe и од NYX (Pinched) кој можеше да се најде и кај нас за околу 400 денари.
    Не знам дали нијансата е достапна сè уште во Александар Козметикс кај нас, меѓутоа е многу добра (и квалитетна) замена за руменилото од NARS.
     
    На Annath, Melodie, Ginger^ и 15 други им се допаѓа ова.
  2. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Баш одлична тема. За руменилото на NARS како негов дупликат важи и руменилото од MUR со бронзер и хајлајтер. Знам дека MAC russian red карминот дупликат е мат карминот на ГР 18. И оваа слика ја најдов на нет [​IMG]
    На пинтрест редовно гледам вакви слики со дупликати, ќе ставам друг пат повеќе.
     
    На Iva9612, BabyStyle, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    81.013
    Пол:
    Женски
    Јас го следам профилот 'dupethat' на Инстаграм.
    Таму објавуваат дупликати на кармините од Кајли, MAC, Kat Von D и на некои такви слични кои чинат повеќе.
    Еве линк https://www.instagram.com/dupethat/ :)
     
    На Acka22, Ginger^, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Ivo Na

    Ivo Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2016
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    супер тема, браво за идеава
     
    На Fatalnata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.257
    Допаѓања:
    104.935
    Пол:
    Женски
    Еве неколку дупликати на кармини на MAC и Голден роуз :) 26ката на ГР е идентичен со карминот на MAC Runway hit. Исто и 31 со Velvet teddy на MAC. Единствена разлика помеѓу овие два кармина е трајноста , тие што се ретро мат на Мак се потрајни од велвет мат на ГР , но затоа бидејќи се многу мат , тие на Мак ја сушат устата (колку и лабело да ставиш претходно) додека тие на ГР воопшто не ми ја сушат устата. Исто секако разлика е и цената , ГР се каде каде поевтини :) Wetnwild се исто така одлични кармини и многу евтини , во Мк се уште ги нема (овде во Грција ги донесоа пред 2 години , лесно може да се најдат во секоја скоро парфимерија) а може и да се порачаат преку интернет (јас ги имам порачувано од ebay) Кармини на Колор поп немам пробано. Руменилата подоле се на NYX Pinched и на Nars Orgasm , моја другарка ги има и двете и можам да потврдам дека и двата се одлични и навистина идентични , нема никаква разлика во бојата и издржливоста.

    [​IMG]
    GRVM (Golden Rose Velvet matte )

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
     
    На Salome, Acka22, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  6. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.467

    Јас ја имам баш оваа нијанса од Colourpop, Lumiere. Соработка е со KathleenLight која ми е омилена јутуберка. Карминчето е фантастично, ама го неам тој на ГР да направам споредба.
    Инаку мислам дека Colourpop се многу квалитетни и не многу скапи производи. Баш овој кармин е 5 или 6$ па некако и нив би ги ставила во категорија на производи кои можат да бидат дупликати на high-end козметиката, иако имаат уникатни и многу пигментирани shock shadows. Инаку, пред некој ден фатив free internation shipping па си нарачав 5-6 работи и едвај ги чекам. :)
     
    На crazylady, buba4e89, Oxymoron и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Lipstick dupes
    Mac- smoked purple I Golden rose velvet mat no.29

    Drugi primeri
    Essence Wish me a Rose vs. MAC Please Me (2)20150703_115824.jpg images.jpg CYMERA_20150625_193900.jpg 12940684_1684399335153713_1491026706_n.jpg
     
    На Acka22, Beauchamp, sorbet и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    81.013
    Пол:
    Женски
    Dupe на познатиот Ruby Woo кармин од MAC меѓу многуте други е и карминот од колекцијата на Кејт Мос во црвено издание од Rimmel. Бројчето е 111 (kiss of life).
    Прекрасна замена за карминов.
     
    На Avery и koritsaki им се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.257
    Допаѓања:
    104.935
    Пол:
    Женски
    Еве уште неколку копии на козметиката на W7. W7 производите за жал ги нема во Македонија , но овде во Грција ги има во секоја парфимерија, блогерите многу ги фалат нивните производи и се многу евтини. Од W7 го имам пробано бронзерот Африка (што не го користам воопшто зашто е претемен за мојата пресветла кожа , а и течниот хајлајтер(подоле е спореден со тој на Бенефит) и можам да кажам дека е навистина копија , нијансите (иако на сликата се глдаат како малку различни) потврдувам дека се сосема исти и трајноста е иста а цената на Бенефит е трипати поголема поради тоа што е Бенефит :D сега сакам да го пробам наредно од оваа фирма бронзерот што го спроедуваат со Хула на Бенефит :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]

    [​IMG]
     
    На OmniaVanitas, Acka22, One.Moment и 10 други им се допаѓа ова.
  10. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.940
    Допаѓања:
    10.110
    Пол:
    Женски
    ^ Може да се купат на xtras.co.uk.
     
    На Sexybaby86, YoungandBeautiful и koritsaki им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    81.013
    Пол:
    Женски
    Многу убав кармин овој од Maybelline. Го купив неодамна и немав поим дека е замена за MAC Velvet Teddy.
    Good to know. :wasntme:
    Screenshot_2017-07-14-23-43-32-1.png
    Во еден слој е малку блед ама за дневна шминка е одличен. За навечер нанесувам два слоја и одлично изгледа.
     
    На Luminary, Dentina, Salome и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Мис Стоун

    Мис Стоун Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    дали испраќаат и кај нас?
     
    На YoungandBeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  13. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Да и не се плаќа шипинг :)
     
  14. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    10.354
    Пол:
    Женски
    Dupe на Mac Velvet teddy од Golden Rose?
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    81.013
    Пол:
    Женски
    Да проверам ако најдам кој број беше еден кармин од линијата на Голден Роуз 2000, мислам дека имав ист таков како Велвет Теди, па ќе те тагнам.
    Многу одамна ми е купен, не се сеќавам на бројот а мислам дека многу е сличен, само малку покремаст.

    Update: најдов во постаро мислење, број 142 од ГР 2000. Да видиш дали би ти се допаднал. :)
     
    На Salome му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам,отворив ваква тема а не ја најдов оваа.
    Еве што најдов ја Screenshot_20190422-235139.jpg Screenshot_20190422-235221.jpg Screenshot_20190422-235101.jpg Screenshot_20190422-235139.jpg Screenshot_20190422-235101.jpg с,се надевам ќе биде од помош. :)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.