Козметички продукти за лице што секоја жена мора да ги поседува

Дискусија во 'Лице' започната од Dream-Girl, 23 мај 2020.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    9.960
    Допаѓања:
    110.913
    Пол:
    Женски
    Барав ваква тема ама не најдов.

    Тука може да си препорачувате производи што ни се омилени долго време и што сметаме дека секоја жена треба да ги поседува во своето козметичко катче.
    Исто така пожелно е и да образложиме зошто баш тие ни се омилени и зошто ги препорачуваме и на останатите.

    1. Тоник за лице од Алверде (јас конкретно го користам тој за сува кожа, феномален е, кожата поубава не ми била).
    2. Аналогно на ова и крема за лице од Алверде (јас ја имам исто таа за сува кожа дневна крема што е, толку е природна и убава, мислам дека долго време ќе ја имам во моето козметичко катче :) ). Многу ми беше битно да користам нешто природно на мојата кожа и ова е вистински погодок за мене.
    3. Течен коректор од Аура (значи со него буквално 2ч спиење сум покривала на моето лице и сум изгледала свежо и предобро, коректоров ми е омилен веќе долго време, не знам колку пакетчиња од него имам купено, не планирам да му барам замена).
    4. Течен мат кармин од Мејбилајн (феноменални се, баш се онака свадбарски и траат толку долго што мислам дека треба секоја жена да има бар еден таков кармин во својата чанта).
    5. Бело моливче за очи од Малена (сум пробала многу, за ова бев скептична пошо викам Малена не се нешо фирма да речеш уау и останав изненадена, не се брише цел ден, пушта многу јака боја, а го земав околу 80ден, веќе 3+ години само тоа го користам и не би си го сменила).

    Засега ова ми се продукти што не би им барала замена, што ми се совршени и што ви ги препорачувам.
    Може ќе се надополнам понатака ако ми текне уште нешто. :)
     
    На BelieberYeahh, bicycle, Feminka22 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. cavalli

    cavalli Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    1. Мицеларна вода на LÓreal. (презадоволна сум го препорачувам за оние кои што имаат сува и проблематична кожа)
    2. Дневна хидратантна крема на LÓreal. (исто така го препорачувам, 24 часа има трајност и кожата ја прави мека)
    3. Пудра Мaybelline. (единствена пудра која што ме покрива цела и трае скоро цел ден)
    4. Маскара LÖreal. (дава совршен изглед на трепките и не потекува)
    5. Кармин Catrice. (феноменален избор на бои кои што даваат природен изглед, не многу нападен)
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    22.814
    Пол:
    Женски
    1 Маскара Maybelline Lash Sensational.
    Од многубројните маскари кои сум ги пробала оваа ме воодушеви и еве втора година како не сум ја сменила. Секогаш кога е на попуст земам две-три за резерва :).

    2. Течна пудра Ревлон. Единствената која убаво ми се размачкува и ми делува лесно а многу покривно на кожата. И на Револушн не е лоша.

    3. Кармини имам неколку од Mac и седат неискористени бидејки не ми се ништо посебно. Голден роуз има супер кармини за џабе пари.

    4.Околу креми за лице ич искуство немам, користам една Нивеа софт онака, и една Vichy која ми е подарок, впрочем никогаш не сум ни користела ептен креми од секогаш имам чисто лице.

    5. Моментално користам Нивеа гел за миење лице и сум задоволна. И Лореал мицерална за вадење шминка.

    6. Моливче за усни од Nyx. Nyx 810.
    Фантазија и боја и трајност:inlove:
     
    На buba4e89, S.W.A.G и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  4. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    855
    Мислам многу подобро е со слика да ги ставаме продуктите:)
     
    На najjacha, sierra, done и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    2.827
    Допаѓања:
    13.738
    Пол:
    Женски
    Гуглав за моливчето,многу убава боја баш како што сакам. Дефинитивно ќе си го купам thanks :inlove:
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. f.girl

    f.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    9.206
    Пол:
    Женски
    1. Конечно ја најдов вистинската пудра за мене. Bourjois healthy mix, фала ти @Dream-Girl за препораката :hug:.
    healthy-mix-anti-fatigue-foundation-50-rose-ivory_6.jpg

    2. Од креми за лице задоволна сум од Нивеа и Алверде.

    3. Маскара која нема да ја менам во иднина е таа од Maybelline lash sensational. Не се рони и доло време можам да ја носам. Ми ги расчешлува трепките, не ги залепува и им дава волумен.
    71q3ZWN0bfL._SX425_.jpg

    4. Кармини имам доста, задоволна сум од Golden Rose, за таа цена се одлични. Во последно најчесто ги користам од Avon Mark течните мат кармини. Нијансите се Nude Vibes и Irresistible. Не ми ги сушат усните како други мат кармини и се долготрајни.
    dbfba8591a07fd8ca807facf4aea04de.jpeg

    Ова е основното што го користам на дневна база, освен пудрата. Имам чисто лице и немам потреба секој ден да нанесувам.:)
    Се мислам да го пробам и коректорот од Дрим, ќе ми треба за на факс изгледа :rofl:.
     
    На koritsaki, S.W.A.G, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    9.960
    Допаѓања:
    110.913
    Пол:
    Женски
    @f.girl За коректорот сигурна сум дека нема да згрешиш, а и ти имаш сува кожа, па сигурна сум дека и тој ќе ти одговара супер и на тебе.

    А за пудрата баш ми е мило, летово обавезно и ја ќе ја земам. Која цена и од кај ја зема? :) Лесна е, држи со саати? :)
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. f.girl

    f.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    9.206
    Пол:
    Женски
    Од Еликсир, 750 беше на попуст. Ја носев само 3 саати, толку можам максимум ради ситуацијава :lol:. И за тоа време сум задоволна искрено, многу е лесна, како да не носев ништо. Покривноста и е добра за мене, немам баш проблеми со лицето, но црвенилото на образите ми го покри и е супер. Исто ми се свиѓа и тоа што не е сосема мат, па затоа е и полесна и може кожата да дише. И што е најважно, не ми се познаваа сувите делови од Т-зоната. Така да полн погодок :).
     
    На P.S.love и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  9. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    855
    Мислам дека моментално во дм е на попуст пудрата ако не се лажам 699ден беше
     
    На Kimberly11 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  10. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    2.827
    Допаѓања:
    13.738
    Пол:
    Женски
    Да пишам и јас за хелти микс пудрата. Најубава и најдобра пудра на цел свет,5-то шишенце ми е и не планирам да ја сменам. Мрсно лице имам а совршено ми одговара иако е наменета за сува кожа, ми држи добро е сега може е малце скапичка ама стално инвестирам во производи за лице
     
    На Dream-Girl и buba4e89 им се допаѓа ова.
  11. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.065
    Допаѓања:
    8.708
    Пол:
    Женски
    Eucerin oil control ми е предобра, ако се бара конкретно продукт онаку спф е must за секоја жена.
    Освен придобивките што ги знаеме, многу добро ја држи мат кожата и добро изгледа под пудра.
     
    На lovemme и pilenka им се допаѓа ова.
  12. skin.aficionado

    skin.aficionado Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би го сменила овој серум со ниацинамид. Преубав состав, толку убаво легнува на кожата, смирува и иритации и црвенило. Од кога го користам сум преродена.
    [​IMG]

    Кремава за тетоважи веќе не знам на кого не ја препорачав. Ми го спастри лицето во моменти кога ми беше најлошо. Супер состојки, многу нежен крем, би требало да одговара на повеќето.
    [​IMG]
     
    Последна измена од модератор: 26 мај 2020
  13. Lady Maria

    Lady Maria Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    284
    Пол:
    Женски
    Можеш ми кажеш колку пари е коректорот од аура и слика ако може и мат карминот колку е? И дали ти пука усната од мат карминот?
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    9.960
    Допаѓања:
    110.913
    Пол:
    Женски
    Овој го имам.
    Околу 200 и нешто во Зегин го имам земано и во ДМ е околу 220-250, точно не знам.
    DCORRECT304.png


    Јас овој течен кармин го имам.
    Од ДМ 400 и нешто е.
    На промоција може и поевтин е. И не немам проблем ја со пукање на уста од мат кармини. Досега ниеден не ми правел проблем. :) 03AP3NLB6E_3600531411107_bigswatch.jpg
     
    На BlackMistery, Lady Maria и Seli20 им се допаѓа ова.
  15. Star_dust

    Star_dust Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    1.291
    Пол:
    Женски
    Од каде го купуваш серумот со ниацинамид и како го користиш?
     
    На sierra, buba4e89 и Amelia им се допаѓа ова.
  16. skin.aficionado

    skin.aficionado Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Од lookfantastic го порачав. Го користам после миење лице на мокра кожа па веднаш врз него ставам крема.
     
    На buba4e89 и Star_dust им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    15.583
    Допаѓања:
    95.035
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа темава. Повеќе ќе пишувам за шминка бидејќи за неа највеќе се разбирам.
    Слики од нет немам, сликав специјално за да пишам тука.

    Од продуктите што ги користам за во зима ги издвојувам следниве:
    [​IMG]

    1. Прајмерот на револушн совршено одговара со пудрата на револушн која ми дава мат изглед и оваа комбинација најмногу ми има траено од сите други комбинации со пудри до сега. Пудрата е течна кога ќе се нанесе некако се камуфлира на кожата така што покрива многу,може да се надогради но сметам дека едно нанесување е доволно. Прајмерот всушност ја држи подолго пудрата, ја имам носено 12часа + и не ја сетирам со камени пудри. Овој прајмер не одговара со пудрата на Мек.
    2. Прајмерот на Smashbook е одлична комбинација со пудрата на Мек. Пудрата е мат, долготрајна е за комбинирана кожа, на оваа слика ја имам зимската нијанса. Имам пишувано добри 6,7 часа држи со прајмерот потоа ми ги истакнува порите ептен ми се видливи ама мене не ми пречи тоа многу. Мислам ова со прајмерите за мене е како откритие на годината.
    3. Маскарата е проблематична за вадење, но јас ја вадам со мицерална вода а остатокот со топла вода. До сега не ми паднале трепки. Ви се чудам, ми се допаѓа што дава волумен и е интензивна, имам мали трепки не се ни забележуваат ( ко да немам ).
    4. Радиант и Катриц за очи - базата ми е незаменлива, ја открив преку членка од форумов. Овде не можам да ја најдам па затоа и по малку црпкам за да не ми се потроши, а совршено одговара како лонче и капаче со катриц камуфлажниот коректор за очи( или база за сенка како сакате ) за мрсни капаци.
    5. LA girl pro оранж коректор за прикривање на подочници е идеална комбинација со револушн коректорот. Малку нанесувам од оранж и малку од коректорот и изгледот ми е свеж.
    6. Моливчето за веѓи ми е совршено, остава убава црна боја а и бавно се троши.
    7. Моливите за уста посебно тоа на кико ми е фаворит и за во лето, може да се нанесе самостојно.
    8. Банана лајт имам 3 банана пудри и сите ми се одлични.
    9. Хајлајтерите и бронзерот ми се незаменливи посебно бронзерот можам да го користам и за во лето, некогаш ако сакам сјај на телото ставам од револушн хајлајтерот и тоа е тоа.

    Продукти кои ги користам во лето:
    [​IMG]

    1. Supersize коректорот и цц кремата на Боржуа ми го прават меракот за денски излегувања. Цц кремата ми е омилена и е за комбинирана кожа со мрсна т-зона. Нијансата ми е 32 или 33 не се сеќавам, и кога ќе ја нанесам не ја чувствувам тешка, се прилагодува на кожата. Не покрива многу и не очекувајте премногу, штом го користам коректорот на револушн значи не покрива темни кругови под очите.
    2. Мек пудрата ја користам за вечерни излегувања кога не е многу топло ама без прајмер. Ја имам летната нијанса и ја користам во комбинација со оранж коректорот и револушн коректорот. Значи трајност без замерки затоа што во лето кожата ми е помрсна. Бананата пудрата на крајот само колку да дадам некој мат ефект врз коректорот.
    3. За хајлајтерите пишував погоре, може да се случи преку ден да не се нашминкам ако е екстремно топло зошто кожата не ми трпи хемии тогаш, веднаш ми се мрсни па чувствувам дека ми паѓа пудрата, тогаш нанесувам само хајлајтер и артдеко за да ги покријам подочниците и спремна сум.

    [​IMG]

    Во последно време овие две продукти повеќе ги користам отколку други што ги имам. Лосиончево е многу мало се забележува ама кога нанесувам дава таков мазен и сјајен изглед и по цел ден мирисам убаво. Го нарачав од lookfantastic за 2 евра.
    Сенкиве се на Техник и ги обожавам, често ги комбинирам излегуваат преубави нијанси бидејќи сакам да си играм со боите и да создавам интересни комбинации. За жал немам премногу јако светло како во својот дом за да се доловам и да прикачам слика. Многу се пигментирани и многу убаво се блендаат и се надоградуваат.

    Ова се речиси сите продукти што можам да ги издвојам како продукти што секоја жена треба да ги поседува.Барем едни од многу кои ги користам во последно време и без кои не можам.
     
    На Maro87, Izaabella, koritsaki и 4 други им се допаѓа ова.
  18. GDE DA IDEM

    GDE DA IDEM Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    15905831227597818669969252021217.jpg Авон и Голден Роуз
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    3.751
    Пол:
    Женски
    Добра крема за лице најбитното, сјај за уста Авон, маскара Фармаси, хајлајтер течен..