Има некој искуство со rus.alina.studio? Често ми излегуваат ама сликиве некои за третманите на лице, пред и потоа ми се ко едитирани
Значи Promedika Wellness станал дно дна од салон. Штета од еден најдобрите најчистите,најприфатливи цени најклжвалитетни козметичари, стана ужас. Што ти се вика лошо менаџирање
Aestetik centar love yourself Девојки не се лажете да доаѓате тука за услуги уште помалце за работа. Работат со лоши материјали. Маслото за масажа е најевтиното од стокомак, кремите исто така плус со поминат рок. Не се прави темелна дезинфекција и стерилизација на инструментите после секој клиент. Недообучени или воопшто необучени девојки кои се на обука (без да бидат платени секако) ќе ви ја извршуваат услугата, без гаранција за квалитет и добро сработено, ќе се обучуваат на вас а вие секако ќе се платите за услуга како да ве работат девојки со искуство и знаење. Пакетите и работите што им се на попуст никогаш не се реални или ако се на голем попуст ќе добиете услуга со премногу низок квалитет, работа со стари материјали, со поминат рок. Доколку се одлучоте да работите тука ќе бидете пријавени на пола работно време, а ќе работите цело и секако се тоа за минималец. Ако дадете отказ послетната плата не ви ја дава. Работите по цели денови, а некогаш и имате по неколку саати пауза помеѓу клиенти ама мора да бидете таму. Однос работодавец кон работник не 0 туку оди во минус. За грешки наоѓање и кажување прва е, ама за пофалби и награди ја нема нигде.
Ужас. Сликите посебно од нокти им се крадени од интернет- не е нивно дело. Башка, прескапи се. Една другарка ги правеше ноктите- предебели ги прават и не беше задоволна ич за таа цена.
Девојки Предложете ми некое козметичко студио во близина на Лиса кое прави депилација со ладен восок?
Прави некој депилација со врвка во Скопје? https://www.instagram.com/reel/Crjetm6O-b8/?igshid=NTc4MTIwNjQ2YQ==