Здраво девојки. Ми треба препорака за нокти и трепки во Охрид. Не мора да е во ист салон, само да работат добро
Zdravo zenski. Ve molam preporachajte mi nekoj dobar kozmeticki salon za klasichen tretman cistenje(crnki,akni) na lice, a ne da te frlat od glava samo?
Здраво. Дали некоја од вас била на третман за ласерско отстранување на влакна. Се мислам меѓу Afrodita S и Skinfinity. Доколку некоја може да сподели искуство. Поздрав!
6 третмани ласерска епилација на цело тело - резултат 0. Со оглед на тоа дека е рекламирано како трајна елиминација на влакна, после 1 месец од последниот третман влакната повторно почнаа да растат како порано, без никакви промени.. Според тоа можам да заклучам дека намерно не го приспособуваат апаратот и диодата за трајна елиминација на влакната за да ти кажат дека мора уште третмани да се прават како наводно проблемот е таков само кај тебе. Бесрамно. Не си ги фрлајте парите, поготово не тука.
Здраво девојки, препорака за маникир во Скопје- Getnailed!! Се наоѓа на Водно карши државна болница и девојката работи предобро и брзо! Кај RusAlina сум била два пати за трепки и два пати за педикир и искрено разочарана сум. Секое одење различна цела, прескапо е искрено а не вреди толку. Никогаш ни здраво не сум чула од нивна страна кога ќе влезам во салонот. Последниот пат отидов на педикир, само средување на нокти со гел лак, без стругање без ништо 1600 ден…. Искрено подобро дома сама ќе си ги средев.. сум била и во Промедика и на педикир и на депилација и е катастрофа! Мислам дека луѓе одат таму само ради името и ради некоја стара слава, не си ги фрлајте парите за џабе..
Kako moze tipsot da bide poveke od cenata na uslugata? Da ne e greshka pechatna? Tips obichno e 10 POSTO od usluga....