Девојки некој да не знае нешто за салон Стеси во Аеродром? Имаат понуда на овие сајтовиве за попуст па сакав да купам купон?
Ете сега видов дека и Салон за убавина Edelweiss има иста понуда како претходнава што ви ја пишав. Пуштете некој абер за овие некој да не знае нешто. Од неодамна сум во Аеродром но сеуште не сум нашла некој асален за депилацоја, плус бремена сум и не сакам да експериментирам па ми е потребно да ми пишете кој имал иксуство во некој до салониве.... Плииииииииз Тенкју вери мач
Zeni daj pteporacajte nekade kade sto pravat dobra relaks masaza, za iznenaduvanje mi e. Izvinete za lat od mob sum
топло го препорачувам козметичко студио БЈУТИ МИШЕЛ во Ново лисиче. услуга на место, чисто е, девојчињата се многу фини. депилација на интима е 150 со претопуван восок и 200 е со восок за една употреба. нозе и интима заедно 400, веѓи 50 и надусници 50. ефтино и супер депилирано, по 100 пати ме поминува со восок да не остани нешто
Дидуш, ќе може да ми пишеш дали уште работи салонов, и каде поточно се наоѓа во Ново Лисиче. Ги барав на ФБ ама не можев да најдам...
Јас да се пожалам од козметичарката во Vita Lux, додека фризерката убава фризура ми направи и ми држеше. Студиото се наоѓа спроти Deja vu (Капитол). Е сеа не знам дали имав преголеми очекувања. Ма не е до тоа бе , до се е, Прво користеше козметички производи како аура, голден роуз... Немаше моливче за веѓи па со сенка ми ги боеше , побарав кармин, боја на цреша,грозје или црвено вино но немале. Ми става од моливот под очи и ми збрца во окото и почна да ми течат солзи, не си навикната на шминка ми вика .Ахааам добро. Едното око на кланица другото на станица ми го направи. Кога се обиде да го поправи, идиотката фати со влажно марамче да го брише тушот и како го брише почнува да се растекува ...катастрофа . Ааа и на крај маскарата и падна врз мене, врз фустанот па ме бришеше со сунѓер и сјај. Н е знам ни зошто одам , убави шминки имам знам да шминкам....Сите околу мене и ги средувам , ама ете за вака , е за вака да знам .
салонов се наоѓа во новите згради долу кога ќе се симнеш од предпоследна 5ка ќе го видиш зегин е па во зградата позади него е.
Девојки дали имате искуство во салон Lady - M - се наоѓа кај Ред кафе позади Три Бисери. Таму имаат депилација со шеќерна паста па сакав да ги испробам. Александија ми е многу далеку
Девојки и јас барам во Скопје добар козметички салон за депилација (хигиена на ниво) и обликување на веѓи...Ве молам за мислење Дообар дел од вас сигурно се депилирате по салониве
Да ви се пофалам бев на депилација во салон бјути бети бооп во ново лисиче девојчето одлично работи педантно чисто и одлично депилира со многу убав восок се изненадив. Итимен брзо и без болка.