Препорака за козметички салон за средување надусници и веѓи во Аеродром. По можност околина на Јане Сандански.
Дали знаете кој салон работи со depileve восоци и третмани за пред и после депилација исто од depileve зашто страшно осетлива кожа имам,и не се осудувам да отидам билокаде, после две депилации во мојот живот се соочив со по 3-4 дена вцрвенета кожа и еден куп ситни бели мозолчиња. Не е до салонот,до мене е, многу бела кожа во комбинација со светли меки влакна што не се вадат од корен туку се кинат... преку глава ми е со бикче или вит крема,за депилатор не помислувам пошо уште полошо е со мозолчињата и поткожните влакна, така да лажувајте салон што ги користи depileve восоците и before и after третманите.
Здраво, јас бев во Бутел 1 кај едно девојче иако со години имав мозолчиња нонстоп ми излегуваа од депилација од кај нејзе немав проблем ем знам дека користи чист топол восок редовно менува. Но незнам дали со депилеве работи :/
Бјути Бети Бооп во Ново Лисиче лесна рака чисто восок феноменален нема да згрешиш ги има и на фб слободно види