Знаете ли козметички салон во Скопје, каде што е чисто, работат периодов и депилираат со шеќерна паста?
Пиши на гугл ќе видиш точна локација, цените зависи шо депилираш али во глобала не се високи какп на други места, за раце е 300, интима 300, нозе и интима 600 другите не ги знам
Луѓе нека не ве лаже нешто да одите на депилација во Силуете! Значи јас полошо нешто немам виденоо Бев вчера да и правам друштво на другарка и ќе ви го споделам искуството 1. Кога отидовме не можеа да најдат дека го запишале терминот, вртеа по тетратките како муви без глава и сфативме дека заборавиле. Ни рекоа чекајте да се ослободи простор...Чекавме 20 минути 2. Кога конечно се ослободи простор они почнаа да коментираат дека немаат восок па ајде некако загреваа, кој знае што правеа. Јас седев карши, и правев друштво. Луѓе, случајно погледнав во еден од восоците. Коса ми се крена! Претопуван, внатре со влакништа, значи не можам да ви опишам на што личеше. 3. Кога конечно почнаа да ја депилираат(две жени беа) толку грубо влечеа што ми се чини дека и мене почна да ме боли. Едната си отиде,па дојде друга, па почнаа да си прават муабет и да се смеат, не гледаа кај мачкаат, кај влечат. 4. Во време на ваква пандемија маските им беа под нос! 5. Кога конечно заврши депилацијата и тргнавме да одиме накај рецепцијата, другарка ми сфати дека на ногата и оставиле големо парче со восок. Им кажа, па ајде едната од нив донесе лента да го тргне и искоментира дека не догледувала со наочарите 6. Кога отидовме кај неа дома приметивме дека секаде имаа останато трагови од восок и влакна кои не се убаво тргнати. Јас сум згрозена од тоа што го видов. Мислевме ајде Силуете доста се прославени,сигурно нема утка кај нив ама ете...Никогаш повеќе!!!