Јас имам појдено до сега 2-3 пати ама не сум задоволна многу.А дали знаете некои козметицки салони во Прилеп и Битола да ми препорачате?
Девојки извинете што пишувам вака касно, ама нова сум на форумов. Имам многу црнки на лицето и сакам да ве прашам дали има некој искуство со козметичар или дерматолог. Прочитав дека некој ги фалат а некои ги критикуваат козметичарите. Ќе го ценам тоа ако може некој да ми помогне! Однапред ви благодарам!
Depchu, сакам да те прашам дали сите 3 третмани ти ги направија одеднаш и дали те стискаа со раце (зашо имам слушнато за некои слецијални пинцети за црнки, па сеа незнам колку е точно)
http://forum.femina.mk/lice/crnki-na-liceto-t30/ Во оваа тема имаш за црнки на лицето некои домашни рецепти ако сакаш да примениш-поздрав
Фала ти најмногу за твојот одговор, ми помогна во некои лични решенија. Се согласувам со тебе. Голем поздрав!
Значи цената за едно чистење на лицето во секој салон е различна.. негде е 500,600 некаде и повеќе. Дали е штетно.? Не е навистина кожата се освежува после тој третман, и дури и по првиот третман се гледа промена на вашето лице.. Јас би ти рекла да не пробуваш сама или да му дозволиш на некој друг што незнае, ипак се работи за лице нели Затоа што последиците остануваат како дупки по лицето и не изгледа убаво =/
Јас барем никогаш сум немала проблеми со кожата на лицето. Имам сува-чуствителна кожа , и се уште не сум била на класичен козметички третман , а размислувам да одам ама кога ке бидам при пари Од козметика за лице користам само : крем за лице од камилица-Полска козметика од Бјути Шоп, и кога ке приметам некое црвенило или мозолче се мачкам со Јанг Дерм лосион за лице Од козметички студија добри се: Белеза во Капиштец и во Прилеп-малку поскапа е 1000 ден е третман за лице Жанета Естетик-класичен третман е 500 ден а ако желбата на клиентот е уште некоја маска од 700 ден па нагоре Студио Сандра-350 дена со козметика Афродита се вршат третманите а за дерматолог НАЈДОБАР е ДЕРМИКА во цела Македонија и многу пати сум била кај него на преглед, задоволна и повеке од тоа
јас би ви препорачала на сите што имате проблематично лице да се обратите на козметичар.има многу што се против козметичарите но само затоа што не се обратиле на вистинско место или не биле доволно упорни.сакам да ви кажам дека не може од еден третман чудо да очекувате,ако сте решиле да почнете со третмани ке бидиете поупорни и редовни значи еднаш месечно е задоолжително да се направи третман(зборувам за класичен) и секако и дома ќе си користите препарати препорачани од вашата козметичарка.и после некое време ќе ги видите резултатите па понатаму може и еднаш во неколку месеци да правите третман.и секако пред да се решите да одите некаде ќе се распрашате убаво со каква козметика работат што е многу важно не барајте само евтино зошто сепак се работи за лице да не испадне колку пари толку музика. и уште да кажам дека белеца е катастрофа барем за во прилеп зборувам за скопје незнам.
Најдобро е да одите на третмани за чистење на лицето кај дерматолог. Има разни третмани,чистење лице од акни,избелување на флеки... Како и да е,после еден третман не може да ви се исчисти лицето,треба да бидете упорни и издржливи. Мои другарки биле кај некои маалски козметичарки што ги залажале дека лицето ќе им го направат стакло чисто,а од таму излегоа буквално со КРАТЕРИ. Доктор си е доктор,во секој случај
Е девојче, немој да се лажеш,јас работам кај дерматолог, а сум козметичар, само затоа што доктор си е доктор, сите им веруваме.
И јас имав превише акни на лицево, бев на козметичар, еден опасен третман ми го среди лицето. Ми дадоа еден лосион и една крема, и да ти кажам лицево ми е чисто скроз сега Пред циклус ке ми искочи една две и толку
КОзметичар??? Никогаш.. Понеспособен кадар на пазарот немам видено. И понеобразован( бар кај нас). И тие факултет што имаат завршено (не знам кај нас ама во Бугарија има некој смер шо знам каков ) блага веза немаат. ПОдобро ако имаш проблеми со лицето оди на дерматолог. Немам одено на козметичар ама имам видено еден куп девојчиња поцрвенети како се враќаат од таму. неам чуено некој да се фали од козметичар. Една другарка ем чисто лице имаше се напна на осметичар да оди, првиот третман убаво лицето нежно , на вториот почна да се лупи. Бегај бе не одам на секого лице е тоа не е заебанција.
Реално не можеш со порцеланско лице да излезеш од козметичар пошо лицето е стискано и нормално дека е црвено. Ништо страшно. Е сеа има од козметичар до козметичар нели.. Као може да има факултет да козметичари??