1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Козметичко чистење на лице

Дискусија во 'Лице' започната од anije, 20 јануари 2010.

  1. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    Нема факултет за козметичари само обуки..
    Чистењето на лицето кај козметичар ретко се употребува денеска поради разните лосиони,креми и сл.
    и секако неможе ефектот да се има одма треба најламлку 1 недела !
     
  2. unique-s

    unique-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    9
    Ни еден производ не може да направи она што може да се направи со третман т.е да се истискаат црнките и поткожните!
     
  3. jadore.paris99

    jadore.paris99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Само ќе ти го упропастат лицето. Тие ќе ти ги стиснат акните да, но утредента ќе имаш флеки од стиснатите акни. Ако одиш оди само за да ти ги стиснат црнките. А за акните подобро суши ги со паста за заби и потоа тие сами ќе исчезнат. А можеш и да го париш лицето на пареа и потоа кога ќе ти се отворат порите да го исчистиш со лосион и така.
     
  4. lefteris

    lefteris Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас ви препорачувам да идете на дерматолог,од лично искуство,,, прво ќе ви ја анализират кожата и ќе ви направат професионален третман.
     
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    И крајно, колку чини кај дерматолог, а колку на козметичар? Лицето ми е очајно, во депресии сум. :(
     
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Од искуство, поскапи се дерматолозите зошто ако почнеш да одиш ќе почнат да ти редат приказни како ти треба и ласер, и хемиски пилинг, па како резултатите биле одлични одма се приметувале, па ред други бабини лажги. Не дека тоа не е ефикасно, само мислам дека кај нас во државава не ги применуваат правилно па затоа ги нема тие вау резултати. Не знам друго што би била причината. Ако одиш само на чистење ќе те услужат „никако“ зошто нели имаат поважни клиенти што плаќаат дупло повеќе. Козметичариве се у малку поблага форма крадачи, а за резултати јес да зависи од лицето, ама мене искрено додека не ставив антибиотик ништо не ми помина, ни козметичар ни дерматолог. Ако ти е ептен очај со акни, зачекај една недела пробај со ампула (инекција) антибиотик (најчесто клиндамицин, ама можеш и цефалексин, вибрамицин или доксициклин) или поефтина варијанта капсули антибиотик кои ќе си ги раствориш со вода, било кој од овој метод нанесуваш строго на лице, не пиење или парентерално примање. Ако немаш резултати тогаш давај пари по козметичари и слично, мој совет. И исто ако се одлучиш за дематолог, не би ти препорачала Дерма медика, и исто не би ти препорачала било каков третман туку терапија. Ако немаш долготраен проблем ќе ти светне лицето за 1 недела, а далеку поефтино е. Се надевам помогнав.
     
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Благодарам.:)
    Немам акни но челото ми е последната година лом. Еден ден не поминал а да не сум црвена и со бубулички како релјеф. Не ставам пудра таму, пазам да не се чепкам и така натаму..
    Клиндамицин одамна не сум користела, неколку години има и не го паметам ефектот, баш ќе се вратам на него..Ставав антибиотик креми, врска неам, ништо не сменија. Е сега почнав да користам органска козметика, и малку, она ептеееееен малку сум подобра, ама сепак не се приметува.
     
  8. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    1.082
    Пол:
    Женски
    Како средношколка бев во будалите и отидов на козметичар да ми го чистат лицето
    позади Rамстор, не знам како се вика
    и НИКОГАШ веќе... не одев во школо недела дена од што имав рани на лицето како да ме претепале, па им се вратив да им покажам што ми направија и фино лепо само едно кремче ми дадоа како да им побарав хидратантна крема да ми препорачаат, мртви ладни :@
    Фала Богу денес немам никакви флеки и со тек на време некако само ми се подисчисти, само правилна нега и нормално храната има многу голем удел иако не внимавам на исхрана и најважното - сонот е најдобра козметика ;)
     
  9. MarijaaaaaaaM

    MarijaaaaaaaM Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Ординација Др.Анчевски-третмани за лице

    Здраво Феминки
    Веќе подолго време барам асален центар каде што може да ми го средат убаво лицето. Досега сум била во многу салони но од никој не сум целосно задоволна. Имам слушнато доста позитивни коментари за оваа ординација Др.Анчевски, за третман за лице, но сепак сакам и вие да споделите искуства и ваши мислења. Ве чекам ;)
     
  10. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Како до чисто лице?

    Не знам каде да прашам па ај овде...
    дали до сега сте биле на третман за лице против акни во Виола бјути центарот,
    јас размислувам да одам ама не знам дали ќе има некаков резултат зошто и третманот не е баш евтин за така да си ги фрлам парите...
    ако не дали сте биле во некој друг козметички центар и дали имало резултати?
    за во Битола прашвам :)
     
  11. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Со сестра ми си збориме, и таа има подочњаци, митесери, неколку брунчиња(бидејќи е тинејџер) па што мислите ако оди на третман кај козметичар што ќе снема од ова, и колку од прилика ќе чини? :wasntme:
     
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Приметив дека многу од вас се двоумите за контратубексот но би сакала да ви кажам еден совет пред да се одлучите да го користите
    Познавам личност која после операциа зема да користи Контратубекс околе 500 и неколку денари е може да се каже дека е ефикасен но контратубексот се користи за лузни од операции а не за секакви лузни или флеки и контратубексот е на некој начин на хормонска база и на местото каде што го мачкате по одреден период раснат влакна така да не би ви го препорачала да го користите на лице и јас имам 2 мали лузнички на лицето фала богу се покриваат со пудра ...Бев на дерматолог и ми ко препорачаа да го користам 3 месеци но јас не го земав бидејки со тек на време ке избледат бидејки не се многу познаваат и ке си ги закривам со пудра одколку цел живот да правам депилации и на лице да си го оштетам лицето што е многу полошо...На моето лице на моите лузни ставам маст од невен ми се покажа како добар маст можете слобоно да го ставате и на лице го користам околу 1 месец по пати на ден ставам а истот така можете и мастот од бекутан што е од рибино масло да го ставате јас го ставам и тој !. Се надевам дека малку од малку ви помогнав
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Девојки
    Ве читам и да ви кажам дека од козметичар има разлика-постојат професионалци и квази професионалци :!: не е поентата да отидеш на козметичар и да се вратиш црвена ко пиперка или со рани на лицето, туку да се освежи, да се отстранат сите мртви клетки на кожата, хидратација-за девојките од Скопје што се топло ви ги препорачувам услугите на козметологот Ирена-на клиника се наога или за тие со подлабок џеб третманите со козметичката линија Гинот, Француска козметика квалитетна е навистина и една од најдобрите е а ординацијата др. Горица работи со неа.
     
  14. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Ако треба да се стискаат црнки и подкожни акни кои ги вадат со некое чудно стерилно жилетче не може, а да не си црвен после тоа, меѓутоа тоа црвенило се смирува истиот ден и може евентуално да има по некоја точкича како раничка да речам од тие акни што се истретирани, но и тоа проаѓа за ден два и после лицето е стакло.
    Во секој случај се согласувам дека треба да се внимава каде се прави третманот и зависи за какви проблеми со кожата станува збор. Доколку е многу воспалено, со гнојни акни и сл. најубаво кај дерматолог, ако е за обични црнки и отстранување на мртви клетки може и кај добар и проверен козметичар.
    Јас си одам во козметичко студио Екатерина и многу сум задоволна. Како ми го исчистија лицето не можев да ис го препознаам.
     
  15. MariaFederer

    MariaFederer Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    6


    Дермамедика во Куманово или? :?:
     
  16. FashiongirlD

    FashiongirlD Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    3
    Јас топло препорачувам козметичар. секој кој има некаков проблем со лицето акни црнки или било што да не го чепка и да не користи ништо на своја глава бидејки јас така си го уништив лицето. Но веке некое време поцнав да одам редовно ( секој месец по еднаш) на третман и лицето ми се излечи на еден начин. Многу е важно кај кој ке ги правите третманите и какви производи ке користат на вас... И јас многу се мислев дали да почнам да одам на козметичар но се одлучив и никако не зажалив поради тоа. Мене еден третман ми излегува некаде околу 700 денара но користат многу прекрасни и скапи производи што после стисканје не ми се ни познава дека сум била на третман. Ми ги стискаат само црнките брунчињата неми ги чепкааат но на нив делува кремот кој го мачкаат па така и тие исчезнаа. воопшто не се мислете професионалисти се професионалисти секако дека ке ви помогнат барем јас така мислам мене многу ми помогнаа третманите. Голем поздрав се надевам дека на некој начин ви помогнав да се одлучите.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cosmo-Girl

    Cosmo-Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    8
    И јас топло препорачувам третман кај козметичар само не кај кој било. Прв пат отидов на козметичар пред да славам матура. Всушност бев кај дерматовенеролог, виридијан, само што докторката не ја ни видов туку имаше вработено козметичарка. Моја среќа што бев една недела пред прославата затоа што немаше да отидам. Ме пареше 5 мин, почна да ми го чисти лицето и да ми вика издржи зошто според неа било нормално да ме боли. Не знаев што ме снајде.
    Второ искуство со козметичар, по препорака на моја другарка беше темов. Многу бев задоволна од третманот, а најмногу од козметичарката Бранка. Еднаш не беше на смена и ми работеше друга козметичарка, воопшто не беше лоша ама Бранка беше подобра и од тогаш закажував исклучително кај неа.
    Со текот на времето темов почна да поскапува и време беше да се побара друг козметичар и така стигнав до афродита и жанета. Во афродита ме пареа само 15 мин, ми го исчистија лицето и си отидов со страшно црвенило (иако знам дека одреден степен на црвенило на лицето или поедни делови после треман е нормално) нешто слично како кај виридијан. Така што џабе и е убав салонот на афродита кога не знае да направи еден основен третман на лице.
    Друга другарка одеше кај жанета и беше презадоволна и си реков ај и јас да пробам. Таму пак ме пареа само 5 мин, козметичарката цело време ми збореше над глава со колешката, имаа пуштено некоја гласна музика и ништо не ми исчисти, па дури и на крај ми стави антибиотик и се прашувам од кога бетадине е антибиотик??? На крај не ми ставија ништо освен нивниот антибиотик и ми го исушија лицето.
    Од ова мое скромно искуство ви ја препорачувам Бранка, одлична козметичарка. Не знам со какви се состојби на кожа се занимаваат, но за чистење на лице, за редовни третмани, за да не си оставите флеки или на пример после одмор можете да ја посетите и нема да зажалите (доколку можете да си дозволите, мислам дека тогаш третманот беше 980 ден, а сега не знам дали е истата цена). Јас сепак сакам да најдам некоја поевтина добра козметичарка затоа што сакам редовно да ја посетувам, а не одам два пати годишно. Доколку имате некој да ми препорачате, ве молам да ми пишете.
     
  18. dijana2

    dijana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Здраво, сакам да прашам дали некој има искуство со Дерма Медика со третмани на чистење лице и ласери? По колку време може да се очекува подобрување на состојбата на лицето? Ви благодарам однапред.
     
  19. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Според мое искуство, козметичко чистење = џабе чистење само на џебот.. Мислам дека само ми го оштетија лицето..
     
  20. mimkaj

    mimkaj Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Како до чисто лице?

    Девојки, дали некој од вас има одено на третмани против акни, мене лично ме интересира хемиски пилинг или ласер. какво е вашето искуство? исто така дали имате проверувано хормони, или брис од акните? :)