Девојки јас утре ке одам на козметичар,па некако некои коментари ме плашат да не го упропастам уште повеќе лицето,колку инаку трае црвенилото?
Бони, не можам да ти пишам лична порака, имаш ограничувања на профилот. Те молам пиши ми во порака кој е тој салон, и бројче. А можеш и овде да го пишеш името, нема да биде реклама, и онака зборуваме за Guinot и други салони.
Zdravo mozes nešto poveke da mi kazes okolu tretmanot i broj na telefon kade se naoga kade ides Preporaka za dobar kozmeticar od koj ste zadovolni ako moze broj
На фб имаш нивна страна така се пишани Бјути бети бооп,инаку има различни третмани класичниот е 400 ден и јас сум презадоволна џабе одев по дерматолози иако кај секој човек е различно нели.И да напоменам девојката има работено и во дерматолошка ординација огромно искуство има. П.С и сите други услуги се нај нај почнувајки од депилација итн...
Јас ја препорачувам Мања од Велес, третманот кошта околу 1000 денари ама вреди плус она продава и прави органски креми и пудра. Презадоволна сум.
Девојки, дајте ве молам препорачајте некоја козметичарка околу универзална, мора да има тука некаде некоја саглам, а при тоа нема да е прескапа. Јас одам еднаш месечно кај една, ама ми зема по 800 ден, а треба да одам бар на три недели пошто ептен ми де полни лицево, па затоа ми иде скапо. Значи само за класичен третман ми е, без мн тинтрање со маски со чуда.
Козметичарка не би знаела, ама дерматолошка ординација кадешто се прави секаков тип на козметички третмани за лице и тоа од страна на дерматолог имаш спроти универзална, од страната на Силбо. Се вика Skin Solution имаат и веб страна таму можеш да прочиташ опис за сите третмани и да видиш кој најповеќе ти одговара, а често можеш да ги начекаш третманите и на Групер со попуст.
Фала ти мн за одговорот. Ги знам скин солушн, имам одено и на никој не ги препорачувам. Не знам дали ти имаш искуство. Значи никаков третман, пошто се рекламираат на груоер имаат нонстоп гужва, и гледаат само да ти ги земат парите, додека си отиден таму со купон, што е можно повеќе да извлечат пари од тебе со некои екстра маски што ти се као неопходни... И тоа до скин солушн, козметичкото студио нез како се викаше, е на истата докторка, и таму сум била, катастрофа. Навистина не препорачувам.
Дечки би ве замолила за препорака за дерматолог/козметичар за класичен третман за чистење на лице со механичко отстранување на митесери, но негде каде што после третманот кожата не е разранета и црвена...неделава правев третман на дерматолог, отидов со чисто лице но сега ми е со лузни бидејќи употребуваа и игла за поткожни. И наредни три дена не смеам да ставам ни крема ни пудра, што стварно не ми е изводливо. Доколку знаете некое проверено место и некој што работи нежно и квалитетно, би ве замолила за препорака, тука или во лп.Да се надополнам, гледам дека во последно време се актуелни и третманите со ваакум, па доколку некој ги пробал да сподели искуство. Ви благодарам многу
Разговарав со козметичарка која работи во мноогу добар и познат спа центар . Ми кажа дека прави третман на лице за 48 евра и дека од таму излегувам без никакво црвенило. Е сега не знам. многу пари се тоа.. А црнките пак ке ми се појават за 15-20 дена
Некој добар дерматолог/козметичар меѓу Ѓорче-Железничка тој реон?Не подалеку и не Афродита С или Силуете. За најобично чистење на лицето ми е.Не барам некои посебни третмани.
Препорачајте, ако има добри дерматолози / козметолози во државна и ако има кои се? Има ли дерматози кај Жан Митрев во Филип II и дали сте задоволни? Можеш ли да ми кажеш кој е како се вика?
Дечки сакам да Ве прашам нешто, можеби знаете. Во некој козметички салон во Скопје правеле некој третман за лице, поточно го чистеле лицето И тоа: прво ставале некоја маска и истата ја ваделе од лицето со некој инструмент налик на брич, со што се симнувал еден слој од кожата на лицето (главно изумрени клетки и нечистотија). Каков е тој третман за чистење на лицето ? Бил некој ?
Да не е ривајв ? Кај железничка некаде ? ИмАат третман еден за лице и врат што трае 3 саати и првиот дел е таков ама после лицето џам.