Немам конкретно со овој вид на третман, одев јас за слабеење и од тие бев задоволна. Слушнав таму кога бев за овој за лице дека е нов и ми се виде доста примамлив. За цената не знам бидејќи секако не планирам сега да одам па и не се заинтересирав.
Јас имам правено и сеуште правам третмани со овошни киселини во периодот есен/зима (кога е поладно е идеално).Не знам каква е состојбата на лицето но мој совет ти е да не одиш по козметичарки каде што киселините се прилично слаби и мислам дека се оди секоја недела (јас така еднаш се зезнав а ефект никакв).Најди добар дерматолог кој ќе ти го прегледа лицето и ќе ти препорача соодветен третман со киселини.Ако е масно или комбинирано твоето лице ти препорачувам ваков третман.После третманот има и мало лупење на лицето (зависно од видот на киселината) а после тоа кожата е прекрасна. Поздрав
Здраво, кај мене се смени структурата на челото после долготрајно користење на антибиотик и единствен спас за ситните мозолки ми беа само овошните киселини. Сум била и на третмани со стегање на лицето, имаше подобрување но не ми го решија проблемот. Овој период кога сонцето е намалено е совршен за третмани со овошни киселини и топло ти го препорачувам.
Дали некоја од Бт може да ми препорача дерматолог/козметичар што е стварно добар не само пари да зема...
Здраво дали некој бил во козметичко студио Жанета естетик на третман на лице ако може да сподели искуство ?
Девојки дали некој има искуство со Оливера aesthetic studio во Велес ? И сакам да прашам дали некоја правела третман со PRX T33 ?
Ете јас бев уште пред 10 дена на чистење...лом ми го направи..само ми ги довоспсли тие неколку акни шо ги имам...ужас...никогаш повеќе! И уште не ми е смирено лицето...
Дали по чистење на лицето е кожата осетлива на сонце? бев на чистење кај дерматолог и ја прашав неколку пати докторката и рече не, само саат и пол после третманот. но кога бев на контрола ме праша дали сум излегувала на сонце и дека еден ден по третманот требало да носам крема. се погоди тие неколку дена по третманот да врне и да е облачно ама сепак излегував без крема со фактор. можно е да сум изгорела? и да имам трајна штета? а за третманот: прво ме мачкашње со нешто на лицето, не знам што беше точно. потоа пареа па стискање и мислам дека малце со еден апарат ме пецкаше, па маска. и на крај ме помина со ласер за да спадне црвенилото.
Осетлива е секако, е сега дека не било сончево во деновите кога ти си излегувала надвор мислам дека немаш никаква штета. Ете за нареден пат да знаеш. И види побарај друг доктор што ќе те предупредува за вакви работи.
Мора да се информирате и вие за вакви работи. Голем пропуст што не ти кажала докторката, ама кога се оди на третмани мора да бидете и вие активни, 10 пати прашајте ако треба, гоогл е исто достапен да се прочита. Не е воопшто наивно пример после третман со киселини да речеме, да излезете без спф на сонце. Кожата е осетлива и после обично стискање на акна, а по било каков третман најмногу.