ја прашав пред третманот двапати, рече не правиме ништо такво. само саат и пол по третманот да пазиш од сонце. бев на контрола и рече немам ништо, ќе спаднело се. по контролата се јавив пак, истото ми го кажаа, нешто у смисла не сме рпавеле хемиски пилинг. поминаа некаде 16 дена -- по третманот ми излегоа бубулици и малце ко флеки кај што ме стискала ама избледуваат. па се надевам ќе исчезнат скроз :/
Ке си внимаваш за во иднина, после секој третман, било каков,обавезно спф 50 или барем 30. Не дека сега веднаш ќе се направи штета ама во секој случај не е добро за кожата. Понекогаш еве и лекарите одговараат отсутно или не те ни дослушуваат. Ќе ти избледеат флекичките, од стискањето се сигурно.
ја прашав денес дали користела киселина на третманот и ми рече ека да, AHA. по користење таква киселина треба да се пази една недела од сонце, изгледа затоа ми реагира вака кожата :/ а стопати ја прашав и рече не, не користевме ништо за да пазииш толку долго и дури сега кога ја прашав директно ми рече да. немам никогаш користено киселина на лице и сега ми е страв дека ќе имам трајна штета :/
Не знам точно за какво третирање се работи ама она што гледав кај магнолија на Инста, ни не догледав реално какво третирање е затоа што ми беше језиво со боцкање мислам беше, искрено навистина не ми се допаѓа. Млади сме за такви потези, мислам дека ни на старост не би презела таков чекор ептен ако се згужвам како весник, ама и да се згужвам ваљда нормално ќе биде со староста и кожата не е иста. Мое мислење. Посебно па кога имаме чисти лица жива сила нема да ме натера со триста чуда, стискање и свашта да ставам на лице. Се знаат кои се нормалните рутини. Изгледа само мене оваа,, нова мода, " околу овие третмани не ми се допаѓа.
Здраво , имате ли искуство со Maja Balova spa harmony, сакам да правам хемиски пилинг , имам акни и флеки , не се ниту хормони ниту бактерија во прашање. Гледам многу ја следат на Инстаграм,чисто средено се како што треба барем така изгледа на иг.
Zdravo devojki, ima li nekoja iskustvo se derma medika, mi kazaa deka laserot za luzni cinel 500€ od tretman, dali nekoja ja cinelo tolku mnogu?