За гледање храна кога умирам за јадење, а ме мрзи да готвам. Шопинг. Откривање на светот. За реел маратон за да се исклучам од реалноста. За споделување моменти фатени на слика, кои мене ми изгледале интересни. Комуникација со пријатели И тн. Егото си го кревам пред огледало
Јас пред десетина години прв пат патував сама низ Европа. Запознав Американци, се дружевме. Сите беа парови, само јас и другарката сингл. И Американциве ми спомнаа дејтинг апликации, јас прв пат слушнав тогаш за такво нешто. Мислам OK Cupid беше првата, па Тиндер, Badoo,Lovoo. И викаме ајде. Симнвме јас и другарката на телефон и почнавме да скроламе. Ама нешто ми беше чудно. Во Америка да, функционираат за запознавање и дејтање, ама во Европа машките на тие апликации барале проститутки уствари. Сите пораки беа од тој тип. И ние глупачки, рековме ај батали. Си дојдовме Македонија, заборавивме на апликацијата, почнаа да стигаат нотификации. Кај нас претежно лузери дремат на тие апликации, жени скоро и да нема. Се запрепастив кога колешка на работа ми кажа да бришам таа работа, не служи за запознавање, туку ќе ме гледаат таму и некои што ме знаат и ќе стекнат претстава за мене дека барам нешто за забава само. Луди времиња.
Па зависи. Има и со сериозни намери. Едно момче , на фб по групите , со месеци си бара сродна душа . Ама тоа само ксј нас така е сфатено за подбив и потсмев .
Јас како што знам и низ Европа се користат доста и има многу парови што се запознаени преку апликации. Тука кај нас е сфатено како на мајтап само. Мислам, тука се е на мајтап сфатено.
Имав Бамбл 1 недела, дур сфатам како функционира воопшто, се откажав од идејата дечко да си фатам Ако се осеќате осамени, направете си профил, одма ќе ви пројде желбата за м'ж
Ех, порано кога ќе ми текнеше, на Скајп имаше опција SkypeMe. Така можеш да наоѓаш некоја од Македонија, Бугарија, Србија и оатанатите држави што е вклучен онлајн на Скајп. Времиња беа тоа. Многу девојки запознав така. После тоа, т.е. последните 3-4 години од Скајп ја тргнаа таа опција, а откако ја тргнаа, почна удолницата. Денес такви апликации мислам дека не постојат. Пред Скајп беше МСН, ама мислам дека не можеше да бараш некој онлајн. Пример пишуваш "_mala.kremenadla_" и ти се појавува некој со тој ник. 90% од тоа што ќе го напишеше како ник, постоеше. Ја додаваш за пријател, те прифаќа и си терате муабет. Па некогаш мораше да се уклучи камера за да видиш дали е вистински човек.