Најголем проблем се лажните профили. но и за тоа има решение за верификација, но тогаш нашите сограѓани не би ја користеле апликацијата би им било комплицирано. втор проблем е што луѓето се затворени и со конзервативни сваќања. еве погоре пишуваат луѓето колку не се подготвени да ризикуваат да запознаат луѓе. На кратко, може, ама не би функционирало кај нас.
Хихихи тогаш ништо. Освен ако ете се случи да се запознаам преку технологијата со принцот на белиот коњ.
Ако немаш друштво тогаш не ти преостанува ништо друго освен да собереш храброст малку самодоверба и да си искочиш сам,првиот пат е ко така чудно но потоа чуда се случуваат можеш да си најдеш и ново друштво и девојка,испробано функционира но потребно е и сосем малку упорност,да не се откажеш веднаш после првата вечер ако останеш сам,многу е полесно да си фатиш девојка сам одколку во друштво
Оооо ти си пишала друштво, мене ми се прочита друго Не ми замерувај... читам, а не дочитувам Ела во темата не сакам повеќе да сум сингл, за да не трескам офтопици тука. Инаку @Markian, членката е женско. Немој да помислиш нешто друго, ок?
Нема врска принцип је исти,све су остало нијансе Дискотеките се идеални за тоа онаму каде е повеке со стоење и не е маса систем или големи шанкови,ке си излезеш самата ништо страшно ако немаш друштво пробај.
Во гужви никој нема да примети дека си сама,си нарачуваш дискретно си подигруваш,кулираш и храбрите ги прати срека.
Само facebook/insta или во живо.Сметам за мене трошење на време ми е Tinder.Мораш да се лајкнуваш и да се совпаднеш.Вака во живо или на чат правиш две до три речиници и знаеш на што си,кој е другиот,итн.
Не користам никаква.На фејсбук ми пишуваат, ама повеќе сакам запознавања во живо. Имаше една romanticni.mk Не знам дали постои уште страната.
Јас мислам дека не ни треба апликација туку културни настани. Места на коишто можеме сите да одиме и оние коишто не ги бидува за спорт на пример, предавања, забавни работилници кадешто ќе мора да се учествува во групи што ќе наплатуваат влез по симболични цени. Настани на коишто запознавање партнер ќе биде во втор план, а нема да има шанси да не запознаеш некого. Оти заборавивме да правиме муабет. Апликацииве од asl pls подалеку не нѐ дотуркаа. Да не почнам со опасности како Tinder Swindler. Имам и други детали коишто ќе забегаат во друга тема, во кафе муабетскиве теми ќе продолжам.