Овие апликацииве дали некој има запознато нормален човек и да е ок? Под нормален мислев на онака запознавање стекнување на пријателство и тек ако ете си се допадните можеби врска? Јас имав два match-up од кои едната ме адна на Инстаграм, а другава ми побара да разговараме тајно на друга мрежа и исто така се сомневам дека сака да го изневери момче или шо и да има.... Се осетив мизерно за момент.
Пред некој ден инсталирав неколку апликации ,чисто да видам како работат, ама се е за пари. А за такви работи не би плаќала.
Да, ако некој имаш match со некого можиш да видиш само ако имаш платено има дневно, неделно месечно..
Има, како не, јас имам позитивно искуство на тиндер Маж ми го запознав на тиндер Инаку на темата, освен тиндер , сум користела и омегле ама мноогу одамна беше и таму 95 % беа перверзњаци.
Леле омегле со другарка од детство како помали четувавме… Инаку Тиндер супер функционираше 2018/19та јас многу океј личности имам запознаено. После тоа почнаа сите да ја користат за one night stands и избришав.
И мене првиов впечаток таков ми дојде искрено. Ама чим ми рече дали си за лабаво запознавање или нешто посериозно, требаше да сфатам, а таман се израдував си реков бреј види лепотан уште од одма match имаш.
Се користи во светов многу, само кај нас сеуште поретко од страна на женски лица. Во еден ден кај женско има 100+ matches а кај машки многу малце. И за да воопшто бидеш прикажан кај женски, треба да платиш мало богатство во претплати, премиум и слично, и последни години се фејк ботови кај машките matches со цел да не се откажат од апликацијава. За тиндер кажувам.
епа да видиме тогаш еве јавно лично јас ајде која осамена дама сака на кафе со мене онака рандом слободно нека ме контактира Момак 31 година од Скопје,добро ситуиран со малку стомаче пуштено
Ајде јас малку помлад 30 години, со стомачни фит и за јадење, алишта и покрив над глава нема да страдаме.
Девојката ја запознав преку другарка а за чат користев инстаграм Тешко само со апликација да најдеш нешто денеска.
Не ги разочарувај јас имам најдено девојка на форум. Само треба да го погодиш моментот, и на вистинската личност да и пишиш и да се усреќите. Се најдобро на сите идни барачи меѓу кои и мене.
Секоја чест Stark. Јас пробував на фејсбук и на инстаграм да им пишувам на непознати ама ништо не испадна или ќе ме ставеше на seen или ќе ми врати безвеза. И преку другарка се запознав со една нејзина другарка и така си ја најдов "среќата"
погоди што 80% од осамените девојки тука на форумов викаат осамени се и сингл а еве ко мене некој и други машки колеги штом се јави на понуда за кафе и инцијатива за излегување НИКОЈА ДЕВОЈКА НЕМА ДА СЕ ЈАВИ абе рандом слеп состанок подобро ливадарка за живот
И ти ко другар ми од прва сакаш да фатиш и да те моли, а му наместив и да излезиме и се ама турни ме да кинисам. Зборо ми е ќе има доста порази и огромни НЕ додека да се најди вистинската, со среќа.