Во Скопје кога сум,Irish Pub,во Солун кога сум во стан,во Mpakal Thessaloniki а ти, веројатно некаде,негде,нигде,некаде,ич?!
Леле дошле на форум женска да барат. Едно е да зборниш со некоја и да кликните на муабет и да си ко "па ок, ова можи и има потенцијал", друго е да дојдите за женска да барате. Женски простор е аман остајте да е безбеден.
Во краток временски период многу машки се зачленија и тоа такви што сакаат да си најдат женска од тука или нешто за ,,онака". Не знам каде го дознале форумов, но дознале дека тука женските пишуваат и си ја виделе шансата за тоа, па ајде сега навали народе. Едно е да доаѓаш со чисти мисли (како мене), а друго е да доаѓаш за да си фатиш некоја девојка. Јас од прв ден кога дојдов на форумов, не бев за тоа да си фатам девојка на форумов, а и сеуште не сум и нема ни да бидам. Просто не сакам девојка од форум.
Ама не те чита.. *** Тие шо идат со намера да упецаат, легендата вели оти си остануваат со прстот у уста. *** Остајте на спонтаноста нешто, на сила не бива, ни бивало, ни ќе биде.
Не знам како го замислувате тоа запознавање со некоја и фаќање женска тука на форум, ама дефинитивно не вака ко што го правите и не дојдени само за тоа. Значи едно е со некого да се сретнуваш низ теми на форумов, да имаш некаква интеракција, поклопување со ставови, интереси, уметност или слично, па да пишеш приватно па од тоа спонтано да излезе нешто повеќе, друго е вака да дојдете како со оглас во весник.
Е добро де, ги имаш и овие као спонтано шо се тука, па нема членка шо и се немаат убацено, само јавна тајна е тоа... Грото и се зачленети тука да упецаат нешо, па виделе нема нишо али си се нашле у муабет и останале... А дека не се омрсиле онака рекреативно, чисто сумњам...
Има секакви, верувам дека многу мажи тука се дојдени со такви намери. Има дојдени за дружење чисто и активни по различни теми, некој за да упеца нешто или за швалерација. Е сега има и жени што си наоѓаат швалери тука. А некој си наоѓа врска. Во глобала нема ништо лошо во тоа спонтано да излезе нешто со обострана заинтересираност и кликање, ама ако мислат дека со директно пишување во лп без никаква интеракција или па вака со огласи барам жена или манијачење по љубовни и сексуални теми ќе успеат да фатат нешто, тоа тешко.
omg со ваквиот пристап да удирате одма тикети и стереотип не ме чуди што има поголема празнина и јаз и се е поголема помеѓу македонските млади осамени девојки и осамени момци. Не е секој ист! Не е секој со иста потреба! Не е секој со исти вкус! Не секој исто дише во исто тело! Не е секој богат! Не е секој со исти менталитет! Не е секој со иста душа! Не можам да ве разберам понежниот пол барем да имавте ум и разбирање од психолошки агол дека секое машко не е исто,дека секој е различен,дека секој не само секс секс и само секс,туку сака некој покрај него да го контролира,да го подобри,да биде добар човек,да биде подршка,да дели живот мислам не знам што да ви зборам. Зборам како обичен човек и дека е се стереотип,стереотип и стереотип. Голема за повеќето женски членови тука!!!! Само видете се!!! Доаѓаат некои како последен чекор јавно зошто тоа е и последно решение што можат да направат и дека не мора да значи дека го сакаат тоа од корист за секс туку од потреба и помош за партнер.Значи пробале и приватен разговор и зближување и создавање пријателства но кога една страна само е сериозна и дава иницијатива без реакција од другата страна тогаш што да се прави,кој е следен чекор? Дека немало поклопување на ставови,па покана па на крај и одбивање од несериозност или пак форум е и кој ќе знае само да се тепа време без грижа дека другата страна гледа нешто кон тебе,ќе гледам да помине време е и до каде иде ќе оди едноставно нема решение. Си нашол некој сличен по карактер,си пробал да започнеш комуникација,си пробал да поканиш на кафе,еднаш,два пати,три пати,немал време,или е на работа или пак трето,едноставно кажи и не ми губи време и кажи дека извини ова ми е само забава,не гледам ништо во тоа и стави до знаење дека и другата страна дека нема ништо. Само е малтретирање и губење време зошто некој не разбира дека не е играчка.
Мажи на женски форум/простор кој се со едина цел да дејтаат е нарушвање на безбеден простор. Ова е пред се женски простор после се останато, а последно активен дејтинг сајт. Cry me a river дека нЕ сЕ сИтЕ иСтИ.
Забораваш дека форумов не е дејтинг сајт. Ако се случи некое зближување, дружење или врска спонтано меѓу членови кои редовно се активни тука е друго. Но да оставаш оглас и да очекуваш некоја која не знае ништо за тебе, а притоа си анонимен на форум директно да ти пише, тешко. Труд треба, ако сте осамени, дружете се, пишувајте активно и на социјални мрежи и оставете на спонтаност. Не ви должат жените ништо.
Е сега не не ставај сите во ист кош. Јас ниту една членка не знам на социјални мрежи, а каму ли во живо. Не ми е ни намера. Сандачето со пајажина ми е, не сум пишувал со некого во приватна порака одамна. Како Спајдермен да живее таму. Лесно ќе препознаете кој за што е на форумов. Поготово за машките, но да не ставате сите во ист кош, како да сме сите за истото дојдено, не ти е во ред.
Добро со мувата на капата сте шо се препознавате сегде па се правдате? Ако не се препознавате - честитки! Џизс.
Не, не се препознав. Погрешно ме сфати. Сакав да кажам дека не сме сите машки исти, како што и сите женски не се исти. Не мора одма да значи ако сум ти реплицирал, сум се препознал. Пиис.