Кои ви се плановите за 2016 година? Што ќе направите, смените во вашиот живот?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tanjamm, 21 декември 2015.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    6.159
    Уште малку 2015 година ќе заврши. Јас би сакала во 2016 година да му се случат покрупни и поубави промени во животот. Размислувам за повеќе патувања, доусовршување, доквалификација некоја ако е можно, размрдување на љубовно поле, промена на односите со пријателите, колегите, роднините во смисла да се преиспитам кој колку внимание заслужува и некои луѓе да ги ставам на игнор. Вие што планирате?
     
    На babyane18, Mr.Lover, vitamina и 5 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    19.534
    Допаѓања:
    126.107
    Пол:
    Женски
    Ништо не планирам.
    Ќе сменам некои работи како личност,ќе ја затворам годината покажувајќи став и стил а ќе влезам уште посилна,похрабра,социјализирана од кога и да е било.
    Животот ќе ми тече пред се здравје и среќа најблиските да ми се живи и здрави.
    Горда сум на секој неуспех,секој нож забоден во мене,секој лош збор,секоја навреда уште повеќе ме зацврстија,ништо од сето искуеено не допира до мене.
    Ќе давам колку што имам и можам.
    Ќе се вработам,ќе живеам,патувам тоа е доволно. Другото ќе си дојде само по себе.
     
    На babyane18, Mr.Lover, vitamina и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    2.733
    Допаѓања:
    36.911
    Пол:
    Женски
    Ќе се трудам што помалку да го планирам секој нареден ден до најмало деталче, посекако се' по планот не оди,па џабе ќе се нервирам кога нема да биде онака како што сум замислила. Ќе се обидам да си го задржам позитивното расположение кое ме држи во последно време и нема да дозволувам одново и одново да анализирам неважни нешта, некако порелаксирано се чувствувам и се' е полесно кога се надеваш на најдоброто.
    Исто така,имам уште неколку замисли за кои ќе продолжам да се трудам да ги остварам. Мислам дека сум на добар пат,има промени(иако се мали) и се надевам на добри резултати во најскоро време. :)
     
    На babyane18, Mr.Lover, galapce и 7 други им се допаѓа ова.
  4. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    411
    Планирам да почнам помалку да планирам :) да се опуштам и пред се да научам да се сакам себе си таква каква што сум. Прв пат оваа година не планирам ништо да менувам, само сакам да се прифатам.
     
    На babyane18, SelinaKyle, vitamina и 6 други им се допаѓа ова.
  5. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.479
    Пол:
    Женски
    Искрено 2015 не беше мојата година .ми се издешаваа еден куп лоши работи ,се надевам дека 2016 ке биде поубава.. Во новата година ќе влезам позитивна ведра посилна и таква да ми биде цела година,ќе си го заваршам факултетот да се вработам и господ да ми ја исполни најголемата желба (бебче). Да ни подари господ здравје на мене и моите најблиски . . а другото само по себе ќе си дојде !

    Пс.Скромна сум небарам многу :P
     
    На babyane18, vitamina, Lutka® и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.678
    Допаѓања:
    2.924
    2015 не беше баш година за мене. Едната половина од годината ми беше добра, другата е многу лоша. Ми се случија, а и сеуште ми се случуваат лоши работи. А во новата година сакам со добро/среќно да влезам и цела година да ми е така. Планови некои немам. Освен тоа што можеби ќе ми се укаже можност да шетам како и оваа година. Затоа што сум авантурист и сакам да шетам, истражувам нови места, да одам на одмори и тн.
     
    На crazylady, VladeMila и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    17.131
    Допаѓања:
    264.665
    Пол:
    Женски
    Во план ми е само да уживам и да бидам среќна покрај моето мало семејство.Се материјално достигнав во 2015 год и повеќе од тоа не барам.Работа имам,среќен брак имам,две дечиња најубави на свет.
    Годинава ке се посветам на себе си,децата и сопругот.Друго не ме тангира ништо.Ке ја почнеме 2016 со патување во странство и дај боже така некако и да ја завршиме.Мн здравје,весели моменти,мн насмевки им посакувам на сите.Нека се заборават сите тешки мигови,нека се залечат сите скршени срца,да исчезнат сите негативни мисли.

    Од ситниците би си посакала да најдам време за нови книги,нови рецепти во кујна,повеќе дружба со милите луѓе,да продолжам да се надоградувам секојдневно во повеќе сфери.Друго се оставам во рацете на Бог.
     
    На papillonP, babyane18, galapce и 21 други им се допаѓа ова.
  8. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.313
    Пол:
    Женски
    Не сакам да правам планови за во 2016-та година. Оваа и претходната година, се' што посакував и планирав отиде по вода, што се вели. Дефинитивно ги преживеав двете најтешки години во последните години.

    Би сакала во 2016-та да почнат да се случуваат позитивни промени кај мене, да добијам сила, храброст, да бидам старата јас, способна за расплинување на повеќе полиња. Би сакала да ги мрднам постдипломските од мртва точка, а по можност да најдам и некоја „мала“ работа, колку да се чувствувам корисно.

    Инаку, посакувам следнава година да ме служи добро здравјето; се' она со кое се борев толку долго, ако е можно, магично да исчезне. Посакувам и моето семејство и семејството на мојот сакан да бидат со добро здравје, зашто тоа е најважното во животот. Се' друго може на некој начин да се реши.

    И на сите им посакувам добро здравје - тоа е најскапоценото нешто, што најчесто со пари не може да се купи...
     
    На papillonP, babyane18, galapce и 21 други им се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.686
    Допаѓања:
    31.808
    Пол:
    Женски
    После здравјето кое добро ме држи, второ нешто на што помислувам и понатаму да биде така, е трпението. Толку многу сум истрајна што понекогаш и сама си го поставувам прашањето како на кое одговорот го наоѓам во мојата смиреност.
    Одамна не правам долгорочни планови затоа што научив да функционирам на кратки интервали. Тие се подобри и реално подостижни. Се што посакувам и очекувам да се случи ќе биде тогаш кога ќе созрее моментот. До тогаш ја гушкам надежта, ја премерувам ситуацијата и мудро молчам, дури и во минутите кога не треба.
    Доброто здравје и семејната хармонија се столб во мојот живот на кој и понатаму посакувам да градам убави моменти исполнети со насмевки и здравица, а годинава што изминува имаше доволно такви поводи за сеќавање. Тоа ме прави посилна и посигурна за да продолжам по патеката.
    Среќата е тоа што имаме. Од оваа година личната заменка за прво лице јас, ја заменив со ние...
    Така нека остане...
     
    На vitamina, kjukli, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Среќа

    Среќа Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    948
    Пол:
    Женски
    Имам многу убави но стресни работи за следната година, уредување на станот, свадба....Се надевам само дека се ќе биде добро и дека следната година ќе биде моја година зошто оваа што изминува не беше.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.336
    Пол:
    Женски
    Планот ми е да ја преживеам.
    И да немам никакви очекувања.
    Она нова година-ново јас ми е булшит. Јас сум јас. Работам на себе со години и ќе работам.
    Така да ништо посебно нема така наеднаш да се смени.

    Само здравје. Другото ќе го планираме како што ќе ни го фрла животот в лице.
     
    На Madam-A, galapce, LUCERKA и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    38.668
    Истo кaкo и дo сегa. Никoгaш немaм плaнирaнo штo и кaкo вo нoвaтa гoдинa. Тoa штo сaкaм гo прaвaм нaјбрзo штo мoжaм без мнoгу oдoлгoвлекувaњa.
     
    На vitamina, Lady Phoenix и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  13. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.613
    Пол:
    Женски
    Не планирам ништо, не сакам да планирам. Оти најчесто не испаѓа според планираното.
    Само сакам да ме служи здравјето мене и моите најблиски и да се секогаш до мене.
    Нека биде се во ред на факултет. Секако, тоа и од мене зависи. :)
    Другото само по себе ќе си дојде. Нека си тече времето, тоа ќе покаже.
     
    На LUCERKA, vitamina и eloves им се допаѓа ова.
  14. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    10.368
    Пол:
    Машки
    Тешка година ќе биде 2016, осеќам..:?:
     
    На babyane18, LUCERKA, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    4.328
    Допаѓања:
    70.321
    Пол:
    Женски
    Само посакувам 2016 година да ми биде убава како што ми беше и 2014 и 2015 :)
    Здравјето нека ги следи сите луѓе кои ми се мили тоа ми е најважно,а се друго ќе се среди.
    Немам некои посебни цели зацртано за во 2016 но веќе знам што ќе се случува барем до средината на 2016 :) А за другата половина сакам да ми се оствари желбата и конечно да се вработам и да допринесувам колку што можам повеќе за нашиот дом.
    Непланираните работи се послатки :lol:
     
    На galapce, vitamina, kjukli и 7 други им се допаѓа ова.
  16. *Tiffany*

    *Tiffany* Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Да земам возачка(finally!).
    Да ми дојде паметот и да не се трескам од земја за глупоштини.
    Да бидам задоволна со тоа што го имам,оти некој плаче за истото.
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.631
    Допаѓања:
    4.198
    Пол:
    Женски
    2016-та треба да завршам некои работи и размислам што од тука па, натаму, инаку она другото е стандард, сите здрави, живи и што е можно понасмеани и среќни и оваа година.
     
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.952
    Допаѓања:
    33.899
    Пол:
    Женски
    Ubava tema :) Zdravje dogodina kje moze da se navratime i da vidime dali planiranoto uspealo.

    Za 2016 nemam planovi, ne sakam ni da gi pravam oti ne ednas se slucuvalo od planiranoto da nema nisto.
    Kje si ostavam da tecat rabotite po svoj pat.
    2015 mi bese polna planovi a rezultati nikakvi, ni eden plan ne se ostvari.
    Vo 2016 sakam samo da bidam pohrabra, da mozam da se soocam so nekoi osobi i da im pokazam zabi. Ete toa mi fali vo zivotov Hrabrost.
     
    На Espadrila, vitamina, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.229
    Допаѓања:
    16.867
    Пол:
    Женски
    Да не добијам менсруацицициииија :$ :P
     
    На Barbie20, ocicka2014, Madam-A и 33 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.822
    Допаѓања:
    235.624
    Само здравје да не крепи. Се друго имам.
     
    На Barbie20, rose60, galapce и 16 други им се допаѓа ова.