Има многу народи кои со култура, менталитет се отидени напред. Ајде да направиме споредба кои се пред нас, а кои зад нас? Мое мислење е дека на Балканот, во екс ју земјите сме силни со исклучок на Словенците. Во Европа се многу понапред од нас. Темава ја отворам поттикната од мислење на членка дека Турците се 500 години пред нас иако во турските серии се претставени како озборувачи, сеирџии и слично. Кое е вашето мислење?
Во темата за серијата Кога лисјата паѓаат. Не сакам никој да се навреди, посебно не Аргентина која ми е драга, и со многу нејзини ставови се сложувам. Еве тука ќе споделиме од кого сме поназад како народ, а сигурно има многу кои се пред нас. Во Турција не сум била, но мој колега кој е Турчин и живее во Скопје, а има роднини во Турција и редовно оди, ми раскажуваше дека во провинција имаат по 5,6,7.деца и тие нема од што да живеат, доаѓаат во Истанбул и работат за смешни пари. Мене тоа неконтролирано размножување ми асоцира на народ кој и не е баш напред. Плус кога ќе ми текне дека Ердоган сака да ја врати смртната казна, а западот не дава и плус повикува во Европа Турците да имаат по 5 деца, не знам што да мислам.
Не верувам дека сме многу напред ама пак реално не сме ни најназад... Гледаме глобално, а не поединци така да мислам дека во нашата земја има доста современи, паметни луѓе што не се нешто помалку од Европејците. Не дека во Германија, Шведска,Франција и др. модерни земји 100% од населението се современи, секаде има секакви. Ама ете да речеме од Балканот Хрватска, Словенија ни се и тоа како силни конкуренти. За Турција не верувам дека се пред нас, па за тоа дека се 500 години пред нас никако. Она што се гледа од сериите е многу подобро од реалноста таму, сеуште има договорени бракови, крвна одмазда ... за маалски озборувачи веќе да не зборуваме, а ете сметам дека кај нас тоа барем кај младите исчезнува.
Во што друго Турците се зад нас? Осим озборувањата и многудетно семејство? Не оти кај нас нема такви ама ај?
Интересно прашање, порано мислев дека сме многу поназад од сите, но после живеење и искуства во други земји, сфаќам дека за некои работи сме и понапред. На запад позитивно е што законите функционираат (скоро) беспрекорно, но од друга страна, социјалниот живот е далеку полош од кај нас. Од друга страна можностите за заработка се поголеми на Запад. Но, да не бидам офтопик, ако прашањето се однесува на менталитетот, не мислам дека сме назад, напротив. Кај нас е проблем егзистенцијата, тоа го врти народот еден против друг. Инаку, ние знаеме да се дружиме, да сме директни, што на запад не постои, да се навредиме и да си простиме. Македонија сѐ уште има душа, надвор е многу пороботизирано општеството.
Непопуларно мислење, ама јас мислам дека ние сме колку толку добри. Според мене Србите, и од Србија и оние во Босна се најлошиот пример на национализам и стремење кон традиционалното, да не кажам заостанатото. Словенија е илузија на напреден народ, исти сељаци се како нас, се издизаат само затоа што делат граница со Австрија. Јас би рекла дека Хрватска е најнапредна држава од нас Балканците, другово е горе доле за нигде.
Мислиш дека Србите се зад нас? Ти би ги ставила зад нас веројатно. Мене ми се многу слични на Македонците, но се сложувам дека си форсираат така некој национализам кој можеби мене не ме тангира, ама другите народи можеби и не ги гледаат така. Имаше право екс премиерот Љупчо Георгиевски дека тие се попатриоти, понационалисти и појунаци од нас, а ние тоа не сме. Ние па сме ептен лабави за некои работи.
Jaс сум размислувала на оваа тема. Што би било на запад кога законите не би функционирале така беспрекорно на пример? Исто мислам дека на запад се луѓето баш како роботи, сите се скоро во исти некој општествен калап и тоа е тоа.
Не може во сите работи една земја да е понапред од друга и обратно. Сите држави си се различни, разликите мора да постојат. Добри или лоши луѓе секаде има, а тоа какви луѓе ние знаеме не мора да значи дека е одлика на некоја земја.
bugari, grci, albanci,turci se zad nas i onie vo afrika i bliskiot istok, avganitan, pakitan i slicnite ponapredni japonci, avstralijanci, singapurci otanatite se ko i nie,ne gi gledam ko nesto ponapredni so golema razlika,tuka nekade sme ,oven sto moze se pobogati drzavi i funkcioniraat zakoni no ko luge ne im davam "ponapredni"
citajki sto pisuvaat na fb obicnite gragani (za vlasta ic da ne spomnuvam) bugari i grci bi rekla ne 100 tuku 200 godini se zad nas za mene se zad nas, toa e moeto mislenje ..ednas sum bila vo grcija na odmor vo bugarija dva pati i nikogas poveke ,ko cergari se (ne zboruvam za plazi,hoteli ) za lugeto ,pravi cergari
А ти се сметаш понапредна од на пример Турците? Па ти прва плукаш по жени кои работат за минималци, озборуваш колешки, дискриминираш, имаш националистички коментари, не поднесуваш и не почитуваш туѓа вера и нација и имаш предрасуди. Погледни се прво себе си, процени "каде стоиш", па размислувај кој е пред, а кој зад тебе!
Многу е релативно тоа... Заедничко на сите балкански, но и други народи, е дека сите се гледаат себе си како жртва на другите, жртва на историските неправди, а никако или ретко како сторители. Имав прилика последните години да се сретнам и разговарам со безброј странци од сите делови на светот. Кога би правел некоја стереотипизација (што во основа е сепак погрешно бидејќи секаде има секакви луѓе) впечатокот ми е следен: Најдебилни и највоздржани (ладни) во комуникација ми се полјаците и австријците, најнеинформирани за светот околу нив а сепак најарогантни австралијанците, најмолчаливи финците. Најкултурни и најпонизни јапонците. Најмногу да солат памет ми се чини дека се корејците. Најведри најмуабетливи и жедни за информации но и подготвени за коректна дебата ми се американците - имав предрасуда дека би биле најглупи но драматично ми се смени мислењето откако запознав стотици и стотици. Додуша тоа беа оние американци кои имаат пасоши и пари да патуваат. Оние другите не сум имал прилика да ги запознаам. Русите некако ми делуваат најубедени во својата „вистина„ но и најнеподготвени да прифатат поинакво гледиште, нешто во смисла „Грешка си, не е така, вака е како што јас ти велам бидејќи јас знам, и сите нормални во Русија знаат дека е така„. Французите ми се некако прости, а тие од јужна америка многу гласни, како да викаат додека зборуваат. Бразил особено... Ја спомнавте Турција но не е исто да се посетат големи модерни градови како Истанбул, Анкара, Измир со посета на некои село во близина на границата со Грузија, Иран, Сирија... да речеме Акјака, Ардахан, Хаккари, Кизлитепе... исто како што ни Скопје и Битола не се исти со Долно Дупени, Прибилци... Понапред сме во однос на турците кога се во прашање познавањето на англиски но и други странски јазици. Изненадувачки беше колку младите слабо го говорат англискиот. Но во однос на скандинавците плус холанѓаните и грците сме поназад. Речиси сите течно зборуваат англиски, старо и младо. Турците се многу понапред во градењето и подобрувањето на сопствената инфраструктура а тоа е многу важно за економијата. Турчинките, оние секуларните барем, ми се некако најслични на македонките и физички и по менталитет. Дотерани, нашминкани, демек културни ама површни, весели ама не умеат да се забавуваат со спротивниот пол, дури ни во неврзан муабет. Сè оди преку врски во врските и слабо размислуваат со своја глава (чест на исклучоците). Многу ми е полесно да запрам девојка во Србија на улица (за правец, саат и сл.) отколку во Скопје, особено во С к о п ј е. Како да си прашал калуѓерки дали можеш да ги ебеш или во подобар и поредок случај те гледаат со раширени и збунети очи како да се прашуваат: „Се знам со овој од некаде?„ . На ова се жалат и странците... сериозно! Кога спомнав Србија, и во врска со Србите: Јас на таа македонска особина гледам како на нешто позитивно. Многумина и во едниот и во другиот народ се заглавени во сонот за „славното„ минато, малкумина се трудат да се разбудат и да почнат да создаваат подобра иднина. Читајте ги само коментарите на статиите во српскиот најпознат дневен весник „Политика„ - песимистички народ кој одбива да се соочи со реалноста, причините за сите свои неволји ги бара постојано во теории на заговор од трулиот Запад. Но умеат да зборуваат и да бидат интересни па некои луѓе таа интересност и умешност на говорење погрешно ја толкуваат како мудрост и вистинитост. Младите луѓе во Србија мислам дека се поотворени и умеат подобро да се забавуваат, вклучувајќи ги релациите со спротивниот пол. За жал имаат слична особина со македонците кога некој нешто искрено ќе праша неретко се смеат и му објаснуваат колку е глуп што не знае за таа некоја работа. Некој убаво напиша (микслам на форумов) „Прашуваш на амер. форум и ти одговараат ако знаат, прашуваш на руски форум и те прашуваат, прашуваш на македонски форум и сите ти објаснуваат колку си глуп што не знаеш„.
Teмата не е за мене. Темата е за народи, општо, како колективитет. Сите нешто некаде исмеваме по темите, само за тоа се фаќате. Кажав не сум била во Турција. Прочитај коментарот над тебе, тоа е дебата врз основа на искуство.
Еден просечен Французин не е поинтелигентен од просечен Македонец, но има поголема општествена одговорот оти општеството така го програмирало со казни. Има стандард, затоа што државата му дала работа на секој кој е способен да работи. Инаку јазици не знаат, и не ни сакаат да учат, посебно не англиски. Информираноста од општа култура исто не им е јака страна. Не ги засега. Ова од искуство кажувам.