1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кои народи се пред нас, а кои зад нас?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 25 јуни 2021.

  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    8.271
    Пол:
    Машки
    Неможе реално да се генерализира кој е назад а кој напред, пошто ќе излезат премногу фактори.
    Секој во нешто ќе биде напред а во друго назад.

    Менталитет инаку е менталниот склоп или начинот на размислување на еден народ создаван со векови. И секој народ има различен начин на размислување, и реално големи отстапки и промени не е возможно да се направат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Темава е некако непрецизирана, според мене сите што се високоразвиени земји се далеку пред нас, спомната е Турција и сметам дека светлосни години е пред нас и нема тука простор за дискусија, држава полна историја, прекрасни плажи, земја на кожа, памук… имав чувство дека светот започнал токму од Турција.

    Како велат, каков народ таква држава
     
    На ane.bella, Traveler91, mssuniquee и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Ние и дното го пробушивме, а не па да се мериме од кои народи сме понапредни.

    Само еден пример ќе дадам и се е кажано со тоа.
    Македонец кога ќе отиде во странство, и македонец во сопствената земја се две различни личности.
    Кога е во странство е културен, не фрла ѓубре каде што ќе му текне или си го собира од местото каде што седи, ама затоа па кога ќе се врати во Македонија си продолжува со старите навики, кај нас кантите за ѓубре служат за украс или не им ја знаат намената. Да не претерам ама едно 80% сигурно се вакви.
     
    На ane.bella, Indiegurl, Traveler91 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Темата е многу субјективна, затоа што напредно за некој е всушност деструктивно за друг.

    Што е тоа напредно, а што назадно? Како би го дефинирале?

    Во Европа нема разлика помеѓу Македонија и Германиј. Или Македонија и Шведска. Никаква. Да, инфраструктурна и економски постои разлика, но во што е еден Скандинавец понапреден или поназаден од еден Македонец или Србин. Во ништо. И, инфраструктурна развиеност не е во секој поглед убаво и корисно. Многу луѓе сакаат да живеаат back to the primitive. Поради таа технологија заборавивме да бидеме луѓе и изгубивме контакт со нашата биолошка природа. Пре би се восхитувал на некои амазонски племиња, туку на некои европски „напредни“ народи.
     
    На Naked Gun, Tanjamm и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Ова е битен момент во западните просперитетни општества. Генерално земено, добро ги менаџираат работите. Јасно се дефинирани работните задачи и истите ги извршуваат оние кои се соодветно обучени за тоа.
    Истото го имам забележано. Секако, французи интелектуалци се друга приказна, но обичниот просечен французин кој патува се потпира на идејата дека францускиот е светски јазик... некогаш и навистина било така (Лаос, Камбоџа, Виетнам втор јазик беше француски до пред 30-40 години), но тие времиња поминаа.
    Еднаш (приближно пред 15 години) влегоа французи во еден скопски млечен ресторан, едниот беше црнец, додека збореше француски со другарите како да урлаше, но знаеше англиски си порачаа и заминаа, немаше никаков проблем но едноставно отскокнуваше од македонското население во облеката и некако, не знам, ете некое простачко однесување кое не повреди никого но изразито штрчеше. Некако ми ја поремети представата што ја имав за Франција добиена од интересните предавања во Француски Културен Центар.

    @Tanjamm знаеш француски? Можеш да ни преведеш отприлика што велат југословениве за париското метро во видеово од 1982? (почнува на 31:14)
     
    На MarijaMi90 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.238
    За дечкото кој ги лепи постерите, го прашуваат колку години го прави тоа, дали му причинува задоволство, тој вели да, го прашуваат дали секој ден е на таа станица, и тој одговара потврдно. Една година лепел постери. Го прашаа колку на број залепил, и кажа дека не знае точно. Обичен разговор, ништо посебно не кажува.

    Францускиот јазик има и денес над 200 милиони говорители во светот. Во многу африкански земји е официјален. Французинка мене ми има речено дека личам на Турчинка, затоа што имам црни веѓи, трепки, кафеава коса. Но, тие немаат поим за Отоманска империја. Мислеа дека Македонија се наоѓа некаде во Кина, поим немаа дека е на Балканот. Не ги интересира. Кога на Французинка и кажав за еден нивни познат поет дека бил геј и го убил љубовникот на својот дечко, ми рече „не знам“. Тоа ти е исто како јас да не знам кој е Петре М.Андреевски, каде е роден, како живеел, што напишал итн.

    Поради познавањето на францускиот јазик, имам комуницирано и со луѓе од Тунис, Алжир, Мароко. Жените се ок, а мажите тотална катастрофа. Почнува муабет со едно здраво и потоа се пушта на селски начин. Тоа ми делуваше тотално неизживеано, а се работи за луѓе кои се со добри професии, лекар, преведувач итн.

    Сум комуницирала и со луѓе од Јужна Америка, на интернет нормално. Многу добри, човечни, љубезни. Сакаат да знаат, да научат нешто ново. Италијанците исто ми се фини.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    80% од Македонците би мислеле за Петре.М.Андреевски дека е молер или водител на „Добро утро Македонијо“ на Сител.
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Женски
    Хмммм....кога ги гледам луѓето во моето опкружување, не мое најблиско, туку генерално пријатели, познаници, мислам дека сме прилично напред...не како држава де, туку дека има навистина едуцирани луѓе. Но, потоа читам коментари на фб, од луѓе кои е тешко дури да се замисли колку само не си го познаваат сопствениот јазик, оставаат злобни и простачки коментари и тогаш мислам дека сме мн, мн назад.

    Странците, особено тие во западна Европа ми се мн често како коњи за некои работи. Да, законите функционираат, но луѓето не знаат да функционираат без закони. Мора се да им е напишано, објаснато како на мали деца. Слабо уклучуваат логика, само ливче кога ќе видат со печат реагираат. Инаку, објаснувај се ти колку сакаш. Како глуви се. Плус, бирократијата е иста како кај нас.

    Мн често младите не знаат англиски, а во Мкд скоро и да не знам некој на 20 и нешто, 30 да не знае. ( За помалите се знае, нив веќе како мајчин им е) Друго, завршуваат некои школи за занаети, додека кај нас гледам мн млади кои се надоградуваат со вештини од најбараните професии. Не за друго, туку за да работат за странска фирма или да се преселат во странство. Зошто само така имаат перспектива за добра заработувачка.

    Е, сега тоа со занаетите не е воопшто лошо, напротив. Ама да учиш ти 3 години специјално за да си продавач/ка мислам дека е баш губење време.

    Впечатоците ми се од помали градови, не мн мали, но не некои посебно развиени. Па, сигурно и кај нив има огромни разлики, како што има помеѓу сфаќањата во Скопје и во помалите гратчиња. И јас не сум од Скопје, не сакам никого да навредам, но факт е дека е така.

    Во однос на чување на природата, свест за околината и функционирање на правото, сметам дека сме прилично долу, скоро па на самото дно. За жал.

    Инаку мислам дека сме понапред од многу држави во однос на женски права, во однос на мода имаат сенс младите кај нас, си посветуваат внимание.

    Во однос на слобода на однесување мислам дека исто имаме мн права. Нема забрани од типот нема односи пред брак, договорени бракови, тепање на хомосексуалци итн.

    Во однос на фамилиите со 5, 6 деца, немам мн што да кажам, се си кажува во видеово. Да не бидеме накрај ние модерните погазени од тие "заостанатите".

     
    Последна измена: 27 јуни 2021
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    хаха Не бе тој, туку ромчињата од Југославија на 31:14 (не 13:14)
    Каде тоа? Јас ова во Германија го имам забележано кај обичното население во помалите градови и села на југот од Германија (пошироката околина на Вирцбург).
    Мислам дека во Македонија пропуст е што не се посвети порано внимание на занаетчиските училишта во смисла на нивна модернизација и квалитет. Кај нас како да се гледа на нив како на нешто пониско во однос на гимназија или електро. Кој ќе нè шиша, кој ќе ни сади домати и зелка (храна!) кој ќе ни асфалтира улици ако сите станат програмери и манекенки? Сакам да речам занаетчиите се многу важни за благосостојбата на едно општество и во тоа треба да се инвестира.
    Се согласувам, во некои западни земји жените имаат помали плати за истата работа едноставно затоа што се жени. А модата ја пратиме, ми се чини и претерано многу. Мислам дека од Европа само на балканот имаме шмизли.
    Интересна забелешка. А во еден религиски лексикон западните експерти од доцните 1980ти предвидуваа дека исламот немал иднина во 21. век :?: затоа што се темелеле на заостанати вредности.

    Но и тие статистики од видеото не земаат в предвид дека не е сигурно дека ќе продолжи и во иднина така, како и фактот дека наталитетот меѓу муслиманите исто е во опаѓање, особено на светско ниво.
    Во Иран, денес текоратско општество, за време на монархијата 1950-те жените во просек раѓале 7 деца. Набргу по исламската револуција (1979) се свел на 2. А ајатолахот во повеќе наврати има издавано фатви кои ја охрабруваат контрацепцијата а министерството за здравдство на Иран пропагирале советувања за планирање на семејство и дистибуција на контрацептивни средства особено во руралните средини. Образованите на жените станал главен прироритет по Ирачко-Иранската војна 1989 (додуша во строго полово поделени паралелки).
    Во Индонезија, доминантно муслиманска земја, наталитетот е исто во опаѓање меѓу муслиманите а во подем кај христијаните кои живеат во посиромашните и понеразвиените источни делови на Индонезија. Не е до религијата, туку до образованието и економско здравствената благосостојба. (извор)
     
    На Tanjamm и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  10. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Женски
    Исто во Германија, не во селата, туку гратчиња од 60тина до 100тина илјади жители.

    Се согласувам мн за стручните средни школи, запоставени се и не ја исполнуваат својата цел, туку служат само како опција за средно школо за тие што имаат пониски оценки во основно. И во моментов не вадат квалитетни кадри.

    Ама да изгубам месеци или некоја година за да учам да бидам продавачка исто не ми е океј, значи зависно од професијата.

    Во однос на модата, да, дури и претерано сме опседнати. На 400-500 евра плата да се купува блуза од 2500 денари, кондури од 6000, ташни скапи, наочари и часовник оригинал, не сум видела на др место. Веројатно во др балкански држави е слично. Истото важи и за опремување на куќа, стан.

    Мислам дека ова е повеќе за да се импресионираат другите, да се биде подобар од другите итн. Има и исклучоци, ама мислам дека тоа преовладува.

    За последното, за видеото, конкретно е за во Европа и од ова што го гледам можам да потврдам дека дефинитивно се оди во таа насока. Како тоа понатака би се одразило, ќе видиме.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Во видеово насловено како: „Зошто ја напуштив Швајцарија?„ српска манекенка родена и расната во Цирих, Швајцарија го раскажува своето искуство. Пред неколку години се има преселено во Србија. Таа самата вели дека тоа е само нејзино искуство а во коментарите некој додаде дека Швајцарија има германски, француски и италијански дел и дека менталитетот се разликува. Бидејќи србите ни се блиски по менталитет мислам дека од нејзиното искуство можат да се извлечат паралели и разлики во контекст на темата. (почнува на 1:15)

     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.238
    Човекот ги прашува Ромчињата што прават, а тие велат дека ништо не прават и дека понекогаш има милостина, а некогаш нема. Девојката му објаснува нешто нејасно во смисла „секако, еве правам вака“, и оди напред назад. Велат дека доаѓаат од Југославија, дека немаат пари за да јадат, дека кај нив никој не работи. Зборуваат лошо, неповрзано децава. Девојчето вели дека мајка и не работи, а татко и е мртов и дека има 12 години. Децата и се браќа, и додава кој колку години има, 6,7, 8,9, 14. Човекот ги прашува дали полицијата ги запира, а девојчето вели дека да, понекогаш ги запира. Девојчето вели дека ги запира, и ги држи до утре наутро затоа што се малолетници. Девојчето прашува дали човекот можеби е полицаец. „Полицијата можеби е овде, може не забележала, не знам ништо сега“, додава девојчето. Му кажаа збогум и си отидоа.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Таа наша опседнатост со мода во многу случаи преминува во невкусно и вулгарно. Во последно време многу често среќавам жени, особено малолетни девојчиња, допрва влезени во пубертет, превулгарно облечени. Во други земји не сум среќавал баш многу такви девојчиња. Претежно кошула, фармерка, патики, без шминка. Онака опуштено тинејџерски. Кај нас млади девојчиња изгледаат како „Ѕвезде Гранда“ на 16 години.
     
    На daylight, Snowflake97, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Пред нас - СИТЕ
    Зад нас - Тунгузија :rofl:
     
    На mode-kristina и Аргентина * им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ама има различни параметри по кои се мери напредноста на некоја земја (условно речено)

    Колку е квалитетно образованието?
    Колкав е ГДП-то?
    Колкав е внатрешниот долг?
    Колкав е надворешниот долг?
    Колкав е бројот на квалитетен работен кадар?
    Колку е правна државата?
    Каква е општата безбедност?
    Колку се почитуваат човековите права?
    Колкава е минималната и просечната плата?
    Колку се интегрирани во општеството маргинализираните заедници?
    Колкава слобода имаат медиумите?

    .... да не набројувам поќе... доста е ова
     
    На Angie1432, mode-kristina, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.440
    Пол:
    Женски
    Би рекла тешко се искоренува балканското во нас.Ама незнам и дали е тоа така баш само за нас.На пр Британците каде и да одат на одмор прават хаос.Види во Грција што прават,како прв пат да ги пуштиле нивните од дома и дошле на одмор.Влечење по земја,пијани во пет сабајле се влечат по тротоари,повраќаат по клубови и улици.
    Од друга страна пред година дена мој братучед беше на работа во Германија,и кажуваше дека газдите каде биле сместени многу се жалеле од Македонците,не го селектирале отпадот,па не им го собирале,и женичката морала да се пика по кантите да го селектира,за да им го земат.Веќе не сакале да примаат од тука луѓе само поради таа причина.Така да незнам дали навистина само ние сме такви.Да беа луѓето посвесни општо во целиот свет немаше планетата да дојде до овој степен,загадена,со милион последици.
     
    На mode-kristina, MarijaMi90, Peanut Butter и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Која држава има најнизок процент на ментални заболувања? Ми се смачи со ненормални да имам работа. Кај нас не ги ни лекуваат како што треба и сите патиме од нив.
     
  18. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Една од најлошите изјави на форумов евр.