Ајде девојки изјаснете се на темава: Кои работи во (вашиот) животот се случуваат само еднаш? Вреди да се кае за нивното „уткање“?
Еднаш се заљубуваш вистински за цел живот.. Мислам, може повеќе пати се заљубуваме, ама само еднаш онака највистински!
Прво нешто што ми падна на памет е губење невиност хахаха!! - Најубав спомен што води кон нова етапа во животот.Во мојот случај за жал, мојот ПРВ, веќе 5 месеци ми е EX, а веќе има друга..... и имам милион причини да го мразам - сепак успеав лошите моменти да ги извадам од глава и после се по добро го памтам и убаво се чувствувам кога мислам на тие денови.. Не сакам да гледам на тоа како УТКА бидејќи во тие моменти сум мислела дека постапувам правилно и убаво ми било. Инаку во принцип не се каам, освен за ситуации каде сум повредила некој, а сум можела поинаку да изиграм. ..ако ми текне нешто друго ќе се наддополнам
хахахахахахахаахах може нема баш да биде во рамки на тема ... Дел од монолог на Миле-Паника: - Ме пит'ат дали сите печурки са јадат. И ја им викам: "Видите, има печурки што сa јадат нон-стоп, а има и такви што са јадат САМО ЕДНАШ..и никад више. У главном сите печурки са јестиви! - xaxaxaaxaxaxa
вистинската љубов се случува само еднаш се друго е копија вистинското пријателство се случува само еднаш
еднаш се раѓаш. еднаш губиш невиност , . еднаш вистински сакаш. еднаш ти кршат срце . еднаш умираш и не мора да значи , но би сакала така да е : еднаш се мажиш