Љубовта,онаа вистинска за која правиш нешта од кои сам се изненадуваш и знаеш дека нема да ги повториш а најмалку со интензитет како тогаш..еднаш.
Еднаш живееме, еднаш се раѓаме , еднаш умираме... Има многу работи кои се случуваат само еднаш, но исто толку работи има со реприза. Но, би ја издвоила и јас љубовта. Онаа вистинска која еднаш може да се почувствува.
Многу работи се случуваат само еднаш во животот. Ама како најубава и најсилна би ја издвоила љубовта. Сигурна сум и сметам дека ВИСТИНСКАТА љубов се случува само еднаш во животот. Само еднаш можеш најсилно да сакаш некого!
Еднаш се умира, затоа искористи ги сите убавини на животот, помни ги и радувај се на добрите работи, прави работи кои ти се тебе добри и кои те прават срекен, не дозволувај да ги изгубиш твоите блиски, мисли позитивно, уживај и препушти и се на љубовта ... тоа ми текна најпрво
Еднаш ја имаш шансата да постоиш со самото раѓање, а другото, Љубовта, мајчинството, пријателствата, учењето се друго се повторува..
Еднаш во животот искрено се заљубуваш, еднаш губиш невиност, еднаш се раѓаш, еднаш се умира. Некои работи можат да имаат и втора шанса, но овие работи не се повторуваат
Еднаш се раѓаш,еднаш живееш,еднаш умираш,еднаш губиш невиност! И да само еднаш во животот вистински се заљубуваш,само еднаш го чуствуваш она чуство како да си три метра над небо!
раѓањето,смртта и оние фамозни твои 5 мин во животот,кога си во дилема дали да ги зграпчиш или не......јас имав среќа да ми се случат,ги земав со двете раце и уживам.....еднаш се случува исто и љубовта онаа големата,полна со копнеж,немир и мисла,ама само ако е вистинска и одолее на сите искушенија и има хепи енд...
Еднаш е првиот бакнеж, потоа не е прв, туку втор - трет. Само еднаш го имаш тоа чувство кога ти се тресат рацете и имаш цела зоолошка во стомак. Еднаш имаш 5,10,15,18,20 итн години, еднаш си матурантка или полуматурантка, освен ако не си Едвард Кулен, па веќе по 1000 пат одиш на матура. Еднаш правиш грешка, потоа учиш. Освен ако не си глуп или ја правиш намерно.