Само еднаш се живее и само еднаш се умира,-реприза само на животот не може да му се направи ,се останато може да се рекапитулира -не во оригиналната верзија но сепак да се обиде да се повтори сето тоа со одреден интензитет. Некои работи не се враќаат назад но треба да се потрудиме да функционираме и да бидеме среќни и покрај се, затоа впрочем и живееме.
ednas se rajgas ednas zivees i ednas ummiras recisi za se ostamato moze da ima repriza [mod-kirilica:wk1zq9c1][/mod-kirilica:wk1zq9c1]
Cе раѓаш-само еднаш умираш само еднаш вистинска љубов се случува само еднаш и само еднаш-одиш во училиште
Доволно е само еднаш да се изгуби доверба во некого... Плус другите работи што ги кажаа погоре (да не се повторуваме)
Само еднаш во животот имаме шанса да го смениме патот по кој чекориме сите други шанси се само илузија
сам еднаш се раѓаш, вистински сакаш, губиш невиност и умираш. Само еднаш можеш да загубиш драга особа
За умирањето баш нема реприза , а и другите можат да се случат повеќе пати . Во средношколските денови можеш и повеќе пати да ја доживееш средношколската љубов
Онаа баш средношколската мислам еднаш се доживува. Можеш да имаш повеќе дечковци и еве, да сакаш не само еден од нив. Но таа типична средношколска еднаш. И според мене се средношколските лудории. Се каам што не го искусив Охрид, колку и да не го сакам за одмор, со другарите од друштво. И уште толку се каам што две ипол години во глупости ми отидоа, а не некои посебни сеќавања...Или можеби тие се тие? ...еднаш се губи невиноста. Затоа толку си ја вреднувам.
Само еднаш се наоѓаш во моменти кои ни цел живот неможе да ти ги донесе...моменти кои секогаш ќе останат запаметении нема да бидат бледа слика макар поминало 1 ден или 10 години се разбира овде не спаѓа само работи кои сме ги направиле прв пат како на пример првиот бакнеж, да тој можеби е прв и никогаш нема да го имаш повторно,но бакнежот со некоја друга личност која не ти е прваа може да оставии многуу поголеми траги во тебе
Само еднаш можеш да бидеш слеп, после си слепец. Еднаш можеш да бидеш глуп, потоа си глупчо. Еднаш можеш да згрешиш, после си грешник. Всушност, само еднаш се случуваат и многу други работи, потоа се друго е веќе избор, состојба, видено, иЗживеано, ама и иЗуживано очигледно до максимум, па, затоа идеш на втор, трет.. пат, пошто сакаш да го повториш овој првиот, пак и да достигнеш рекорд во се. Човек бе, секој нареден пат сака да му е прв и единствен пат.