Само еднаш се раѓаш,само еднаш се заљубуваш,само еднаш губиш невиност,само еднаш запознаваш вистински/а пријател/ка...само еднаш живееш
Еднаш се раѓаш и еднаш умираш (во еден живот) Другото се може да се повтори. p.s. и за нецели 15 секунди гледам мнооогу сличен одговор над мене
11.11.'11 11:11мин е ова ств се случува еднаш и се случи баш на празникот на мојот град Куманово, а и на Прилеп, кога правев писмена. Иначе само еднаш се живее.
Буквално СЕ се случува само еднаш Некои работи се пофтарат но никогаш нема да бидат како претходниот пат
Се!Се е само еднаш,еднаш се живее,секоја секунда е единствена И затоа треба да уживаме во секој момент )
Се е еднаш, секој момент е посебен, секој ден стануваш сабајле, ама само еднаш стануваш на 02.10.2011, во 11 часот со 20 години и 20 дена глупав може е примеров ама така е
Еднаш и само еднаш текстовите на Вртев се доживуваат на еден единствен начин. Секој нареден пат е нов, и не е ист како претходниот. Бескраен.. ете мене тоа ми се случува само еднаш. Иако се повторува секој ден, секое ново пуштање на Архангел ми е ко прв пат..
Се,сите моменти што ни се случуваат со некој-сите ситуации, сите погледи, сите насмевки...Секој следен пат, нешто ќе биде поразлично.Затоа, уживајте во секој момент од животот, зашто секој момент е уникатен, единствен и никогаш нема да се повтори...
Само еднаш е ВИСТИНСКОТО ЗАЉУБУВАЊЕ. Само еднаш се запознава ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛ кој ќе биде до тебе ДО СМРТ. Друго не ми текнува...
Секој ден минува на различен начин единствено животот нема реприза,почесто вака си размислував...ех значи оваа секунда што помина сега никогаш нема пак истата да помина,18 роденден што го поминав не се враќа.. И тоа е само како пример така гледам на сите работи диферентни и уникатни