Еднаш Се раѓаме еднаш умираме Еднаш се губи невиноста ..... А можеби и еднаш се сака вистински.. Ова е првото што ми падна на памет.
Во животот само еднаш се губи невиност... или цел живот ќе се радуваш за тоа или ќе се каеш. Се друго е минливо и доколку си направил некоја грешка имаш можност нареден пат да ја исправиш или да ја избегнеш. Ама за невиноста нема втора шанса.
Еднаш се раѓаш, еднаш си дете, еднаш се вљубуваш прв пат, еднаш вистински сакаш, еднаш се живее и еднаш се умира.
-Еднаш се раѓаш -Еднаш умираш -Еднаш губиш невиност -Еднаш доживуваш вистинска љубов -Еднаш живееш со полна брзина. Еден е моментот, денот, една е шансата, пригодата која вечно се памти
се се случува еднаш и се што се случува е единствено понатака колку и да има репризи само еднаш се случило на тој начин, на тоа место, во тоа време, секунда..колку и да се трудиме да го вратиме тој момент не е возможно.
Се' во животот се случува само еднаш. За многу работи има реприза. Секојдневно повторување. Меѓутоа идентично во целост ништо не може да биде.
Еднаш може да си дозволиш да имаш дечко СЕЉАК и луѓето да не ти замерат зошто се дешава на 95 % Еднаш ќе бидеш наивна и ќе мислиш дека се се јаде и дека светот е розов .
Само еднаш се случува во средношколските денови да шеташ низ Европа заедно со твоите школски,другарки.. .. секако нареден пат здравје боже ако отидеш не е исто чувството ја нема екипата
единствена работа според мене која се случува само еднаш во животот е кога ќе умреш или кога ќе се родиш другите секогаш може да се повторат по два пати
Љубовта и тоа онаа вистинската за која си правел работи кои нема повторно да бидеш инспириран да ги правиш а ни чувствуваш со ист интензитет..