Мислам дека сите имаме некои работи кои нѐ иритираат, додека истите кај друг човек не би предизвикале никаква реакција. Се работи за мали ситници, навики, коментари и сл, кои се секојдневни и вообичаени ама ви сметаат ужасно и ве нервираат. На пример, мене ми е pet peeve кога некој зборува прегласно на телефон јавно место и сите треба да го слушаме разговорот. Друго нешто, кога некој ми бара помош за нешто за кое лесно можат да се снајдат. Значи не сум против тоа да бидам helpful, ама не мора да гуглам работи за тебе. Од други поспецифични работи, многу ми е annoying кога жени за да се најдат во муабет инсинуираат дека како жени ние треба да сме постојано на диета, без разлика дали имаме потреба од тоа. Кои се ваши pet peeves? п.с. Пишувајте подетални работи, не цели општи карактеристики од типот ми смета лажење, изневерување, неискреност, љубомора....
1) Ќе почнам од ѕвонење на телефон. Инстант ick ми е ако пишам за нешто на некој и ми ѕвони место да ми пиши назад. Ick ми е ако ми пиши некој како сум и чим вратам ми ѕвони директива као демек ете тука си. Ick ми е кога некој знај дека не кревам и не зборам на телефон освен ако е неопходно и упорно пробва да ми ѕвони или да ме "намами" да кренам и ми кажва фрази ко: "ама побрзо е", "јас сакам да зборам" и "ама знам дека секогаш е телефонот до тебе" или како реплика на моја порака ми враќаат "krenimi". П.С. буквално имам раскинато на чоек зошто ми пишеше како сум и ко ќе вратев ми ѕвонеше или на сред текстинг ми пишеше дека ќе ми ѕвони.
Мјацкање со храната, осеќам и физичко и психичко реметење ко ќе го слушнам тој звук, а и визуелно ко ќе ја видам храната низ уста. Кога некој кажува очигледни нешта од типот на 'мокро е надвор затоа што врнело'. Зошто не размислуваат луѓето што изговараат, подобро е ништо да не кажеш него ли такви глупости. Кога некој ми кажува што да направам додека го правам тоа, на пример, тргам да ја затворам вратата и очигледно е дека тоа ми е намерата, и додека се движам накај вратата, некој ќе каже 'затвори ја вратата'. Повторно, зошто не размислуваат луѓето што изговараат, подобро е ништо да не кажеш него ли такви глупости. Кога некој намерно се прави глуп, не за да извлече нешто посебно, туку ете така, не знам ни јас зошто го прави некој тоа, не е ни смешно ни интересно. Демек не знае нешто ултра познато, да му се објасни, да му се зборува, раскажува. Не знам каков вид на внимание е ова што го бараат, ickkkkk. Шлапање со влечки, исто како мјацкањето. Прскање со парфеми и антиперспиранти во просторија што ја делат многу луѓе. Ваљда ја погодив поентата на темата?
Лелее ова со телефонов скроз е ик. За мене да се надоврзам, не сум толкав хејтер на зборување на телефон ама под услов да е кратко, брзо и со некаква цел. Рандом ѕвонење за да зборуваме чисто онака колку да се каже м р а з а м, едноставно гледам како ѕвони телефонот и нема да се јавам. Особено со мажи кои во фаза на запознавање го прават тоа, значи не. Освен ако не сум многу заљубена, само тогаш поминува.
Да се надоврзам за pet peeve зборење на телефон. Мразам кога ќе куцкаме по пораки и очигледно е дека може да се разбереме и ќе почнат да ми ѕвонат (мајстори ова), знам дека имаат работа ама па нека пишат кога ќе завршат Од можеби некој непопуларен pet peeve ми е кога возрасни луѓе викаат “мама” “тато”, ко тие не се мои татко и мајка, зошто не можеш да речеш мајка ми или татко ми? Не си бебе што учи зборови па у една реченица мама и тато сто пати. Јас со сестра ми си викаме мама, тато, ама тие се ЗАЕДНИЧКИ родители. Значи нема нешто што ми е поголем pet peeve од тоа.
Кога некоја личност со која што очигледно немаш редовен контакт и сте онака познаници да речеме и ќе ти пише и ти прави некој муабет прво со шо праиш како си, и знаеш значи знаеш дека ќе следува некоја услуга, прашање, барање помош. Ко не ми го одземај времето за џабе, премини на главното знам дека секако не те интересира како сум всушност, да те интересирало и претходно ќе сме праеле муабет
Во кино, кога некој шепоти и си го дискутира филмот со некој друг. Луѓе што те допираат кога разговараат со тебе.
Кога некој буквално се однесува како се да знае и за се е во право и е најпаметен/на. Кога упорно врти муабет на тема на која не ти с е прави муабет и ја избегнуваш. Премногу љубопитно настапува и упорно те потпрашува за се и сешто/ Пишување пораки нон стоп на вибер и месинџер ми пречи многу, звукот на нотификации е иритабилен за мене. Повеќе сакам краток повик, ама не многу муабет. Фалење. Пуштање на клима во заеднички простории на 17, кога надвор е 40. Кога некој прегласно зборува во полн кафиќ или ресторан или било што.
И заборавив да додадам, кога некој нема свест за колку гласни им се нотификациите на телефон. Имав колешка што толку гласно ѝ стасуваа пораките на вибер, и тој иритантниот звук, што цели 8 часа во преполна канцеларија го оставаше така, а нон стоп ѝ стигаа пораки. Еднаш ѝ реков иако ми беше преглупо, да да ќе го угасам и никогаш не ги угаси.
Дојдов само ова да го пишам ама си била побрза. Мразамммм да зборам на телефон, психички ме изморува и ме нервира. И кога сред пишување ми ѕвони намерно не кревам, спуштам и продолжувам да пишувам. Зошто ми ѕвониш додека ти враќам на порака? Calm down. Или кога некој само ќе ми пише "ѕвони ми". Не ѕвонам, fuck off.
Гласно зборење на телефон тоа стандардно е. Као да особата сака да е центар пажња, па сака сите да ја слушаат. Општо мразам гласни луѓе, па и деца, леле не можам да истрпам такво нешто. Мразам пискав лигав глас, највише коа е намерно лигавење, од кожа ме вади Превише непријатно и нервно ми е некој коа слуша музика до даска на слушалки, и знаете се слуша тивко како зуи, на нерви ми гази, иако и ја го праам истово. Од страна е преиритантно, напиња По колите исто коа рокаат музики као да се сами на светов, врв на сељачизам. Мљацкање Гласно смеење аууфффффф Џвакање мастики и праење балончиња Ме иритираат спори луѓе кои се влечкаат, ми иде да ги згазам и поминам со брзина на светлината.. Кузнае уше шо све нема, све ме нервира, многу ствари.
- вклучен звук на тастатура/вибрации при типкање на телефон; - поздравување со гушкање со луѓе кои не се нешто многу блиски; - стоење преблизу зад/до некого, особено во ред за чекање во институции; - гласно џвакање, пиење Долга е листата, а гледам не сум единствена.
Ѕверење додека стоиш, седиш, зборуваш со некој или само дишиш, ама од она језиво пулење, како прв пат да видел/а човек, како да си некој експонат. Седиш у чекална, пред да влезеш на лекар, пред тебе седи рандом лик:
Интересна тема, има многу работи но не знам дали ќе ми текни на сѐ. - За телефонот и јас ќе се надоврзам. Секогаш претпочитам пишување освен ако не е нешто итно во моментот. На ова би додала исто така, кога луѓето не знаат да напишат една реченица во една порака, па мора скоро секој збор посебно да го праќаат и да ми титка насекое телефонот, се нервирам до степен што ми иди да ги мјутнам. - Кога ме третираат како изгубена и неснаодлива и за најмали ситници, како да не можам да се снајдам и за одење по пат што се вели. - Кога луѓето бавно одат или се однесуваат како да немаат никаква ориентација, и застануваат сред пат или рандом променуваат насока наеднаш. - Зборување за секс преференции и други кинкс со некој што не ми е партнер. Не, не сакам да правам муабет што сакам да правам в кревет без разлика колку си ми близок (ова порано не беше баш вака но се промени). - Кога некој не можи да не зборува дури и кога јадиме, едноставно да заќути и да си ги слушни мислите. - Луѓе што не се возбудуваат за ништо буквално, и мислат дека твоето однесување е детско за нешто што те прави среќен бидејќи е ситница Ќе допишувам баш ако ми текни нешто во меѓувреме.
АХАХАХАХАХААХХАХА Таков ни е стилот Ова ја го праам 20 инстант пораки кратки у моментот што ми текнува Мјут има ете, мене нонстоп на мјут ми е, па не титка
Знам дека е стил, и не дека им мислам лошо, но ми оди на нерви да ми титка постојано телефонот. А нотификации имам на нечујно на повеќето апликации, но на Инстаграм на пример ми се пуштени бидејќи таму често комуницирам.
И мене ме нервираше истово како @FriendOfDorothy, ама пред скоро го најдов лекот, и сега само барам некој да ме загледа и да објавам војна. Им го возвраќаш истиот поглед назад, и тоа долго ѕверење додека не се откажат први, дури и некоја секунда плус продолжуваш да ги гледаш. Прво ти е непријатно, ама победата е слатка и после се навлекуваш. Мене многу ме нервира кога разговараш со некого, и кога кажуваш нешто и не добиваш никаква реакција, односно ти премолчува... Дали е тоа нешто возбудливо, смешно, трач, и сепак никако не ти реагира... Мислам за што и да е можеш барем една мимика да направиш... Некој однапред подготвен автоматски одговор, било што...
Луѓе што доцнат. Океј сфаќам дека некогаш може да се случи на сите. Ама како тоа сме се договориле во 20:00 а ти миеш коса во 19:50? Толку ме нервира тоа, толку осет да се немало за туѓото време и планови. Мене ми е тоа толку неодговорно значи од такт ме вади Луѓе што те прекинуваат додека збориш и мислат дека светот се врти околу нив. Океј е, можеш ли да издржиш 2 мин да не бидеш центар на внимание? Ти раскажуваш нешто, а тие веднаш почнуваат: Еј, мене ми се случи уште полошо многу од твоево. Во секој разговор тие луѓе зборуваат најмногу, секогаш темата мора да се врти околу нив и не даваат простор на никој друг. Страшно ме нервира кога ќе видам во фриждер млеко со оставена една голтка внатре. Намаз со една трунка внатре, или смоки со две смоки внатре..
За разлика од големиот дел тука, како човек што на дневно ниво има над 50 комуникации со клиенти (редовни во континуитет), ме нервираат луѓе кои преферираат пишување наспрема повик. Извини, ама немам време да се допишуваме со саати, затоа ќе ти ѕвонам да се разбереме ко луѓе за 2 мин. Знам дека би ме мразеле вие од погоре А ако сепак не ми кренете, најверојатно ќе добиете краток сувопарен одговор кога ќе успеам да вратам