Кои работи кои ги прават другите луѓе ги доживувате како pet peeve?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angie1432, 21 јули 2026.

  1. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    7.004
    Пол:
    Женски
    Ме нервира кога луѓето не знаат да кажат НЕ за нешто за коешто се сигурни дека не сакаат да го направат. Не ми губи време, кажи ми не сакам, не можам etc.. не ми викај важи, може и на крај ништо.

    Не се лутам кога е некој искрен и ќе ми каже не, има почит од моја страна што не ме прави будала и не ми троши време. А вака, безрбетно…
     
    На SummerGirl, L.i.n.a.a, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Zikos

    Zikos Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2026
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Машки
    Метафорично кажано, воопшто не ме нервираат луѓе што летаат превисоко или нуркаат премногу длабоко, ме нервираат површни луѓе.
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.487
    Допаѓања:
    85.246
    Пол:
    Женски
    Иритантно ми е кога некој шепоти, посебно во тишина. Шепотењето, божем, треба да е тивко, ама пак некако гласно одекнува и ме нервира повеќе од гласно зборување.
     
    На Buttermilk, Panda00, Малечка Малинка и 2 други им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.333
    Допаѓања:
    18.351
    Пол:
    Женски
    Или самата имам поинаква претстава или дефинитивно не го пратам трендот меѓу помладите кога ќе се напикаат каде не им е местото.

    Не сфаќам луѓе кои најверојатно се доживуваат за блиски(?) и онака ептен во прашална да не кажам иритантна, дрска форма прашуваат за планови на некои повозрасни што не ги ни знаат.

    И тоа е баш карактеристика на генерациите после 2000, онака лигави и наперчани кога ќе се упикаат во туѓи планови (да не кажам ни б од близина немаат, тро нешто чуле) и сега како да појасниш дека е простачки да прашуваш некого што не ти е близок каде тоа ќе оди за претстојниот празник? И така веѓата ја креваат и чекаат. Пу.
     
    На Mim1mi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    489
    Ме нервира кога на улица се разговара на телефон пуштен на гласно, сите да слушаат што се зборува и се вика на цел глас.

    Ме нервира кога гледам нешто за мене битно, кажувам дека тоа што го гледам ми е битно и тогаш на некој му текнува да каже нешто, па уште вика чекај да ти кажам, бидејќи ќе го заборавам.

    Ме нервира кога добивам пораки на Вибер од колеги после работно време, особено во групи после 21-22 часот или за викенд. Зарем немате приватен живот?

    Ме нервира кога прашувам дали сакаш кафе/сок и добивам одговор може.
     
    Последна измена: 2 август 2026
    На Mumoftwo30, sweet-cherry, Witchy-style и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Buttermilk

    Buttermilk Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2024
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    2.226
    Пол:
    Женски
    Мене повеќе ме нервира кога ќе ги прашам и чекам одговор 10мин. Просто е, или сакаш или не.
    Ама не, чекај малку да се помислиме сега, не е интересно одма да се одговоре. Башка и треба да го понервираме тој што прашува. :emo::drunk::D
     
    На Mim1mi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.210
    Допаѓања:
    11.902
    Пол:
    Женски
    Оди брзо по улица и гледа во телефонот, не крева поглед. Мал момент на невнимание од твоја страна и ќе се судрите оти тие, нели, немаат обврска да погледнат пред себе и околу себе.
     
    На Angie1432 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.210
    Допаѓања:
    11.902
    Пол:
    Женски
    Кога на мајките им се обраќаат со "мама" наместо со "мамо".

    Кога во маркет корпите ги оставаат покрај каса наместо кај влезот, па мисли се од која страна да маневрираш за да земеш. Или ти чекаш во ред да платиш, некој бара корпа да подадеш. Hе сyм јас тука за тоа.
     
  9. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.179
    Допаѓања:
    21.624
    Користењето АИ, и самиот изговор на Ејај, тооооооолку вади од патики
    :@:@:@:@:@:@:@
    Најомразен термин на векот ми е!

    Преку ејај више :@

    Досадни, напорни аман |(

    Топла вода не измисливте.
    Измислете лек за ракот, па да аплаудираме сите :)
     
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.892
    Допаѓања:
    63.991
    Пол:
    Женски
    Кога стално морам да се повторувам бидејќи другата страна не слуша доволно и ми вика "А?" насекое. Bruh get your ears checked, не можам да викам толку во јавност. :D
    И мене ми се случува понекогаш инаку, ама сеа (раз)кажувам нешто и како одговор добивам "А?".

    Мислам и ова е спомнато на темава, ама многу ме иритира гледање рилс (во јавност) на цел глас. Сте слушнале за иновацијата слушалки?
     
    На Mumoftwo30 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.647
    Допаѓања:
    47.115
    Пол:
    Женски
    Комбинација од ова: кога зборувам со моите додека се загледани во рилс на цел глас и викаат "А" со пауза измеѓу зборовите. :drunk:
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.