1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кои работи кои ги прават другите луѓе ги доживувате како pet peeve?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Angie1432, 21 јули 2026.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.211
    Допаѓања:
    192.589
    Пол:
    Женски
    Водење битни разговори во порака. Ма и не битни. Сериозно, времето ми е скапоцено да земам да објаснувам една работа во 3 саати преку пораки. Па уште кога ми стигаат по едно до две зборчиња во еден ред и телефонот ми праи дранг дранг дранг дранг дранг до бесконечност. Земи јави се ко човек кажи што имаш да се разбереме на прва и одлепршај.

    Кога ќе си брцнат со малото прсте во уво и ќе почнат да го рокаат прстот 1000 пати во минута. Не само што ми е ew, туку и гнев ми прави, ми доаѓа да им бапнам една.

    Правење балони со мастика, балонот пука се лепи на нос и со јазикот си го земаат пак во уста.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    29.945
    Пол:
    Женски
    Кога родители своите болни деца ги носат надвор, по банки, школи, ресторани, игротеки, молови... Тоа што за вашето дете е можеби лесно вирусче за имунокомпрометирани луѓе може да заврши фатално. Себичност на највисоко ниво.