Моите лични стандарди се меѓусебна Почит, лојалност и транспарентност пред се, се друго може да се смени ако се сака
Нова година, нови критериуми. Да има смисла за хумор, комуникативен, да знае да разбере сарказам и иронија, да не е намќор. Да е дружељубив, да сака да шета, да се забавува. Да не е досаден. Да има возачка и кола. Не сакам увек ја да возам Да сака музика, да знае да игра Да не користи никакви наркотични средства и да не претерува со алкохол. Да води ред околу лична хигиена! Да е способен да се грижи сам за себе у секоја смисла. Да е финансински не зависен од родители. Материјално да е по стабилен од мене. Да е искрен, внимателен, романтичен, да ме почитува и мене и моето време, и да има разбирање. Да е сигурен во себе. Да не е too much љубоморен. И затоа што сум со дете нормално да сака деца, и животни Физички да бидне повисок од мене, минимум 175, да не е плав
Па што знам, ја сум бринета, некако боље ми иде некој црн, смеѓ, никогаш не сум имала плав дечко, ни за симпатија
Карактерот ми е најважен: да ме почитува, да има смисла за хумор, да не е досаден, да има разбирање, верен, да не е токсичен, да не насилник. Едно од поважното во карактерот ми е да сака деца и животни. Што се однесува до изгледот: да е повисок од мене, да не ниту премногу дебел, ниту премногу слаб, да има средена коса, брада, и општо да биде среден. Мускулче ако има би ми било баш привлечно ама не е морално и да не е премногу набилдан со хемикали.
Една иста личност сме ја и ти или ? Близначка да не си ми Значи ако знаете кај има вакви ни требаат двајца, за понети ако може
Извини вака ама тешко прифаќаат со деца.ако тој веќе ги има Тешко верувај неќат туѓи деца.а за неговите би умрел.ретко е тоа верувај или ако е самец услов ќе постави негово да му родиш.за нас самите со деца што сме тешко но веројатно постојат и исклучоци.денеска и сам со сама неможат да се трпат и снајдат не па откако ќе се разведат.на никој не му одговара туѓи деца да чува.е сега има исклучоци.
Моите стандарди за еден маж се повеќе карактерно и духовно ориентирани.добродушен.стабилен.работлив.изгледот и не ми е преважен може.добро срце душата ми се најважни несебичноста.и што е најважно да ме сака само мене.ладни студени срца мразам исто човек што постојано бара а ништо не му одговара живее во прошлоста или се надева на иднината.битно е да е ментално стабилен не мора богат не ни сакам.да ме цени сака и почитува кога сум со него да се чуствувам дека тоа е тоа правото.
Како што разбрав и ти си сама со дете ? Жал ми е ако е така и си имала лошо искуство со мажи што не ти го сакаат детето. Болно е за слушање камо ли за доживување. Јас сум сама 4 години и сум имала партнери кои ми го прифаќале детето како свое. Татко не барам да и бидне, си има. Да ја почитува и сака и да сака да поминува време со неа. Последнава врска потешко беше нив да ги разделам него ја и он. Верувај има мажи што не го гледаат туѓото како "ТУЃО", све што е твое тоа е и негово. Мое искуство е со самци,без брак без деца, без жени, без разводи. Слободни беќари. Со некој што не припаѓа у мојот свет не навлегувам у таа тема. Критериумиве се со цел да ги избегнам тие што би ме прифатиле мене ама не и моето дете. И сите сами мајки треба да си имаат високи критериуми. Тоа што сме сингл мами не значи дека помалку вредиме па треба да имаме минимум критериуми или ич па дај што даш затоа што не сме прифатени. А овој типот @Cutiepie1 што лајкна дека маживе не сакале "туѓи" деца што му значи, во тие ли си ? Ако си, и без вас се живее
Искрено не го познавам кој е тој што лајкувал.сум имала само кратка средба со човек што ми нудеше брак под услов да му родам дете.а моето ќе го чувал ко негово не прифатив.други искуства не сум имала.него гледајќи и проценувајќи на мажи разведени со деца одат повеќе на таа варијанта да најдат некоја што нема деца.а сепак неговите да бидат на прво место во се.таа да му биде и домаќинка дома и љубовница во кревет а од друга страна неќеле повеќе деца премногу себичност што да речам.но сите знаеме дека исклочоци се случувале.бар сме слушнале за нив.искрено речено јас лично не се оптеретувам што сум сама.битно ми е највеќе ако сретнам некој да биде тој правиот.да не се повтори ко првиот пат.би било полошо нели?
Точно, чисто онака си споделивме мислења ништо увредливо. Имам повеќе примери во околима дека моето кажано е можно. Мојот бивши маж се ожени со не мажена девојка, без деца.. И моево го чува девојката како нејзино, сега имаат и нивно ама гледам дека не ги делат заедно се увек и на двете исто посветени кога е малава таму. Така да све е ствар у избор. Дали ке се задоволиме со трошки или ке си бараме лебче. Убав вечер имај
Нели ти кажав дека бараат такви??? Главата горе само и не попуштај.некој ќе ја искористи твојата слабост глумејќи ти пријател или сличен на тебе.секогаш прашај се ти што сакаш не оној или овој.тој што ќе не сака вистински ќе ни докаже.а и де не постои таков.подобро вака.има луѓе во бракови а не им е идеално така да секој со својот ксмет. Мојот бивши сопруг не е женет.но бара.хаха.и тоа преку интернет и тој бара девојки абре бог да чува.
Ме интересира дали ви е битно ако вие имате некое високо образование пример сте доктор, архитект, адвокат.. Би ви пречело партнерот да е мајстор или било која др професија, занает без соодветно високо образование? Мене лично не знам дали би ми пречело, за мене секоја работа што е чесна е океј, го гледам карактерот и односот на самиот човек не професијата, како и др побитни вредности за мене, псметам дека можеш да си стабилен и успешен ако работиш тоа што сакаш со било која професија. Имам ситуација на блиски роднини каде што жената е докторка а мажот е лимар некој таков занает и некако беа сосема различни, не ни одеа со исто друштво, вака што коментираа и други за нив дека биле контра скроз не си одговарале воопшто. На крајот точна причина не знам ама од рекла казала се развеле затоа што не можеле заеднички да живеат толку различен живот, голема пречка си биле еден на друг, мене ова ми е чудно ама ете возможно е. Што мислите вие, дали сте биле или знаете некои вакви врски/ бракови ?
Да води здрав живот. Да води хигиена. Да не е мрза. Да не пуши цигари. Да ги почитува своите барем до одредено ниво. Да нема многу длабоко минато.
Да биде вреден, амбициозен до одреден левел, дефинитивно да е спортист (рекреативец или професионален сеедно), да не пуши цигари никако. Карактерно да е стабилен, да знае да слуша и да прифаќа различно мислење, не мора да се согласува. Да почитува постари. Да не прави селфиња за на инстаграм
Воопшто не е пречка професијата, туку карактерот и погледот на животот и светот. Јас со сигурност знам дека молерот мој заработува повеќе од мене и ценет е многу повеќе од мојата матична докторка (постојат лоши доктори, со его, неподготвени, со нула емпатија, со слабо знаење) и одлични и почитувани занетчии. Во примеров, титулата не значи апсолутно ништо, освен за фалба. За заеднички живот, важно е луѓето да се компатибилни карактерно, дипломата не значи дека си квалитетен човек кој знае да сака и да почитува.
Не праиме муабет за професија, за образование мислам праша членката. Може јас да сум магистер и да работам маникир, нели. Диплома како таква ништо не менува, ама јас лично не сум можела да се најдам на муабет (што ваљда значи компатибитен карактер) со некој без ерудиција. Не станува збор за заработување, квалитет, почит- свесна сум дека плочкарот заработува повеќе од мм, ама просто ЈАС со плочкарот немам муабет. Мене ете муабетот ми е битен. Некој друг секако може да има поинакви критериуми, нема точен одговор овде.
Да почитува и вреднува,да си има свои граници,да е амбициозен, да не е мрза и да има отворен ум сакам луѓе кои се интелектуално радознали и љубители кон учење на нови работи.