Не е срамота да работиш и нема што да ти биде срам од нечија работа. Зошто денес може да си директор, а утре чистач.
Некој кој работи како лимар не значи дека нема образование, не чита и нема интереси, исто како што некој што е доктор/архитект не значи дека е ерудит. Па доволно е да уклучиш телевизија, да свртиш неколку канали и да видиш како се изразуваат (и уште потрагично, како размислуваат) луѓе со многу титули и високо највисоко образование. Муабетот со молерот одлично ми оди, сестран и ептен интересен човек, далеку повеќе од докторката, така да, многу е индивидуално.
Не сум со тие професии но имам високо образование, и не, воопшто не би ми пречело тој да има занает а да има само средно завршено. Битно ми е само да се труди и чесно да заработува. Плус, денес занаетите се во изумирање, и со тоа се повеќе барани и платени.
Не ми игра улога тоа што јас ќе сум доктор, тој лимар. Тој и можи поќе пари да прај од мене, занаетот поќе вреди и поќе е платен. Денес си горе а утре долу во животот, ништо не е вечно. Важно е да ме почитува, да е со мене во добро во лошо, да нема пороци е многу побитен фактор од тоа што работи, алкохол коцка дрога курви аут. Иначе успат, имаше еден познаник од мојот град, работеше во мвр кај лични легитимации, пасоши и слично, порано купуваше парфеми по 500евра, и дојде до тоа да ја изгубат куќата. И денес си живеат во една куќа од некои познаници празна,што им се најдоа... така да that's it, не летајте.
Е така де, реков индивидуално е. Јас за себе зборев. Телевизија не гледам, на работа гледам многу разлика во муабетот меѓу луѓе со некакво наспроти никакво образование. Они може и иста позиција да имаат, ама муабетот и нивото на разбирање не е исто. Супер што ти се погодил молерот интересен, мене плочкарот не ми се погоди. Кажа членката- различни биле, не си одговарале и се развеле. Мене ич не ми е чудно да се разведеш ако не си одговараш со некого, првична заљубеност поминува, после што останува освен муабетот?
Има луѓе пример со високо образование па работат ниско платена работа што бара само средно. Не значи дека тие луѓе не се амбициозни и слично или пак имале сон ама не му успеал во животот. (пс овој лимаров се кладам и дека можеби прави повеќе пари од неа) Инаку мислам дека грешно ти е формулирано прашањето со ставање на акцент на кариера и примерот со таа докторката и лимарот. Тие веројатно немаат комуникација и блискост никаква, и си бараат рачка откај да се почни или сте извајле муабет демек ете заради тоа е. Работа ко работа гледај го како обврска за да си плати свои задоволства, потреби и сметки. Гледај како го користи слободното време дали сте комапктибилни и дали води здрав живот.
Епа тоа е, биле различни, затоа се разделиле, ама може таа разлика нема врска со образованието, туку со табиетот, а богами и со очекувањата и стереотипите (лимар-необразован, доктор-образован). Јас и маж ми имавме ептен муабет, двајцата сме учени љуѓе (он ептен дури), па сме разделени сепак. Фактори милион.
Големи разлики има меѓу луѓе кои се стремеле и стремат да научат повеќе, а и веројатно целат кон такви интелектуално захтевни професии и оние кои ниту биле љубопитни, ниту амбициозни да стекнат повисоко знаење. Колку поизразени се овие две спротивни карактеристики кај луѓето(љубопитност vs незаинтересираност и амбициозност vs мрзеливост) толку помалце ќе имаат заеднички муабет. Така што поголема е веројатноста да се разберам со некој кој е на слично ниво на едукација, социјална класа, работно место, амбиција, раса, јазик, години итн. Колку се поголеми разликите, толку е помала веројатноста да се разбереме без разлика дали јас би сакала се да успее.
Амбицијата/љубопитноста играат огромна улога, ама со другово не би се сложила, баш ми личи на некаков неприроден "калап" во кој ги сместуваме луѓето според нашите гледишта. Раса не знам каква врска има со образованието, социјалната класа исто така (особено сега во 21 век кога рапидно осиромашуваме и се губи средната класа), јазикот, годините, работното место па ич (јас и маж ми сме контра во тој поглед, па пак сме се споиле). Амбицијата, карактерот и способноста за адаптација и разбирачка се клучни.
Jaс искажав само веројатност, кога е помала, а кога е поголема нештото да успее. Никој не може со сигурност да каже дали нештото ќе профункционира.