Мислам дека немам некои посебни стандарди.. Да ме почитува и сака, на другу се ќе се прилагодам.. А од изглед најбитни ми се очите, да има убави очи.
Немам некои специфични стандарди но би напоменал дека повеќе сакам да има долга коса, да е комуникативна и отворена за разговор.
Најлесен начин да видиш дали дечкото е сериозен кога бирате партнер што сака да гради сериозна врска и вика дека сака да ве запознае е да му кажете дека не сакате да имате секс со него. И гледајте го како ќе се однесува. Ако почне да ве навредува, сѐ треба да ви биде јасно. Личен пример. Почнав да разговарам со еден дечко, тој беше околу 35 тогаш, јас бев 28. Сѐ супер, разговара за нормални теми. Муабетите што ги правеше наведуваа дека сака сериозна врска. Иако по сликите на инстаграм не ми личеше така. Дојде темата за секс и тој ми вика цитирам ,,Ако немаме до третиот дејт, тогаш ќе знам дека не сме компатибилни". Јас реков не. И тука почна да ме навредува, како јас сум била маж, јас сум имала машка енергија затоа што женска енергија била таа што прима, а јас затоа што не сум сакала сум имала машка енергија Нормално доби блок тука. Наравоучение, чувајте се од вакви мажи што само едно сакаат и секакви бајки ќе кажуваат само за да го добијат тоа што го сакаат. А, патем лажат дека сакаат сериозни, моногамни врски. Мое мислење е дека сексот не е најважен во таквата врска. Затоа што телото и лицето и кај мажите и кај жените се менува со тек на време. Друга работа, има парови не дај Боже каде што едниот тешко се разболува, тогаш и да сака не може. Што треба да направи другиот? Да го остави ако нема секс?
Фала богу дека ако му кажам дека не сум спремна за секс и почне да ме вреѓа ќе добие блок. Според мене тоа мерило 3 дејта или 5 дејта е глупост, може со некој ќе имаш 5 дејта за време на тие 5 нема да го запознаеш доволно, а со друг ќе имаш еден дејт и ќе биде како да сте имале веќе 5. Друго, секој има различно мислење за сексот во врската, јас мислам дека и те како е битен, па посебно во сериозна врска и секако ако не сум сексуално компатибилна со некој нема ни да влезам во брак или сериозна врска со него. Не е најважен, ама е одма после љубовта, телата се менуваат, ама ако и двајцата се константно емоционално задоволни тоа нема да е пречка. А ако дојде ред да се разболам, ако ме сака ќе ме чува, ако не нека си оди.
Не допишав погоре дека ова е во случај да се запознаете со личноста на социјални мрежи или dating apps. И не се ни познавате во живо. Го почитувам твоето мислење и во право си дека секој има различно мислење. За мене лично, сексот е за кога веќе сте одлучиле да бидете во моногамна врска, сериозна врска. Затоа што еден дечко ми има кажано дека бил во врска со девојка повеќе од 4 години, а не ја сакал и не му била ни привлечна. Но, имала редовен секс со него, делела сметки 50/50. Дури и му платила да одат да се шетаат заедно во странство. Имаше една книга ,,Why Men Want Sex And Women Need Love". Некако мислам дека ние жените мислиме дека со секс може да "задржиш" некого и дека тој ептен многу ќе се заљуби ако има секс. А, реалноста е друга. Затоа и овој горе правеше притисок и затоа кога реков не, си го покажа вистинското лице. Тоа е исто пример, зошто жени на dating apps имаат толку многу лајкови? Затоа што машките на dating apps само свајпаат десно или праќаат friend/follow requests на еден куп жени. Која ќе се фати, таа. Ако сексот треба да биде после љубовта, зошто има луѓе што се запознаваат во клубови, имаат два реда муабет и одма секс. Тоа не е љубов. Тоа е занесеност. Страст. И океј е ако и двајцата се согласни на таков договор, нормално возрасни се. Ама мое мислење е дека жените многу се приврзуваат за мажот, после секс и тука станува проблем. Затоа што жените се заљубуваат, си замислуваат некоја иднина. А, мажите го добиле тоа што го сакале и on to the next.
Не е исто секс за една вечер без емоции вклучени и секс во сериозна врска, јас погоре мислев на тоа дека е многу битен во сериозна врска/брак.
Не знам како се гасат емоциите и од каде. Браво за тие што можат така, јас не можам. Секој човек најдобро си се знае. Лично за мене ова е најдобар филтер, ем ќе му го видиш лицето вистинско, ем нема да си трошиш време, ем нема да се приврзеш. Друга работа што мислам дека не е паметна е праќање на голи/полуголи фотки или правење на видеа заедно со партнерот. Многу пати, снимките и сликите си ги препраќаат другарите меѓу себе, како трофеи. Или ги чуваат за да уценуваат. Веќе подолго време има информации за руска група ,,Не сущий свет" каде што мажи даваат совети на други мажи како на брз начин да дојдат до секс од жените. Прават натпревари со парични награди, пример кој ќе спие со најдебелата жена или кој ќе спие со највозрасната жена. И секако мора да даде доказ во форма на слика или видео. Не знаете колку се згрозив од работите што ги видов и прочитав. Ако ви кажам дека маживе ставаат скриени камери низ становите само за да ги снимаат без нивно знаење. И тоа за што? За да добиваат поени кај други мажи. Во стил ,,Гледај ме колку сум јак". И затоа се криви жените, затоа што им дозволуваат на маживе така да си играат. Јас сум сигурна дека и кај нас има такви групи и такви мажи. Како што имаше пред некоја година.
Затоа ќе си одите во хотел или во твој стан. Споделување слики или сексуални снимки од партнерката веќе не е интересно, тоа го прават деца, а не зрели мажи.
А демек во хотелите тоа не го прават. Имаше пред некоја година еден хотел (мислам дека во Америка беше), каде што сопственикот ставил камери позади огледалото во тоалетот и ги снимал жените. Но беше откриен и уапсен.
Има хотели во кои има скриени камери исто. Во Азија, јас гледав дека има. Каде што газдите ги продаваат live footage на девојчиња што седат во собите. Како се соблекуваат и слично. Општо, мое мислење е дека не треба девојчиња да се сликаат, ни да праќаат.
Ама сеа ако сите мислиме на тоа дека при сексуални односи ќе бидеме снимени подобро да си седиме дома и да не излегуваме. Ќе се затрча некој да не снима, нема грешка. Еби си, молчи си, ниту ќе те знаат ниту ништо.