Ова е многу битна работа во една врска. Секогаш сум за тоа картите да бидат отворени. Не секој сака деца да има. Ако имате различни погледи кон иднината, таква врска не може да опстои.
За мене сексот е продлабочување на врската, ама не планирам да го користам како алатка за влегување во врска. Оти ако сексот е основниот темел кој ја држи, за мене не е врска. Исто така, сакам емотивни и чувствителни мажи, зависници од порно, опседнати со секс кои го доживуваат како гимнастика, ми се одвратни. И не сакам некој да ми убедува да имаме секс што поскоро, да врши притисок врз мене. Па уште да ме нарекува старомодна, затоа што имам високи критериуми за истото. Јас си го почитувам своето тело и сакам да го имам со некој кој ме гледа како комплетна личност, не да ме сексуализира. Јас го гледам како однос кој ја продлабочува интимата, никогаш не сум имала животински нагон. Можеби затоа што сум емотивна, не знам. Dirty talk не сакам, посебно не кога пишуваат такви пораки, одвратно е. А големината секако дека е важна, да бидиме искрени, некој со pencil dick, колку и да сака да те задоволи, едноставно нема можност. Ама се осеќа и ова, по енергијата која ја има и како те прави да се чувствуваш.
Сеедно ми е ако е понизок од мене бидејќи сум висока и не можам многу да прибирам. Да нема многу партнерки во минатото лично тоа мене ми е red flag, и одбегавам ни па им верувам на такви мажи и лично не ме интересира колку се добри во кревет. Да не биде мрзлив, не е битно колку заработува, се додека заработува или бар да биде дел од мој бизнис. Да ми биде партнер за во теретана. Гејмер во слободно време и ја си ги сакам игрите. Не е морално ама би било плус доколку е по модата малце, sneakerhead или слично. За сега толку
За физички изглед секогаш сум посакувала влакнести, густа брада, малку по крупни (тука не ми спаѓало висок), ама никако слаб и исушен, подобро со некое вишок кило. Висината не ми била битна, бившиот ми беше многу низок, 170цм, на штикли секогаш бев повисока од него и не ми пречело тоа, а сегашниот мој сопруг е превисок, дури 40цм повисок од мене. Сопругот ми е физички погоден повеќе од 10/10, како да сум го порачала таков. Карактерно исто така си го добив тоа што го барав. Сакав интелигентен, по-интроверт, некој што не сака галама, не оди на журки за викенд до 4 сабајле, со фамилијарни вредности, што сака деца, минимум 3 , вреден, штедлив но дарежлив кога станува збор за саканата. Да не мери на кантар точно 50/50 туку да се чувствува убаво кога ќе даде на саканата. Некој кој е одлучен и генерално ќе носи одлуки во семејството зошто јас сум нај нај неодлучниот човек на светот и претешко би ми било јас да сум водичот и главата кога станува збор за одлуки. Да не е лековерен туку со свој цврст став и свое јас. Имав многу среќа. Долг би бил постов ако продолжам уште, ама ова се поважните работи.
мислам дека еднаш само напишав баш на темава во димензии на машкиот полов орган па најди таму што сум пишал да не пишувам пак или ако сум пишал во друга тема ако сум згрешил ама битно пишав баш за ова...тоа е мое мислење.
Не знам дали ме разбра што сакам да кажам. Не дека треба прво да се сексаш за да знаеш дали да бидеш во врска со таа личност. Не сум од оние што прво се залетуваат со секс. Ама ако веќе сум во врска и ако не бива, нема што да барам со личноста. Сексот треба да е задоволство, а не ради реда да го имаш.
Јас тебе комплетно те сфатив и оправдав. Туку си кажав лични преференци кои ми се мене, со тоа што ви се уклучив во дискусијата со Адидас. Јас пример имав дечко со тој недостаток, кој сака нема ми кажува дека сум била сурова, ама ги мава на психа и тоа е. По некое време, по градба на тело многу лесно можеш да препознаеш, не треба ни да си многу искусна.
Е па ние со вакви размислувања не чиниме. Исто како што сакам со дечкото да си имам муабет на било какви теми, сакам и во кревет да ми е ок. Не мора да прави чуда. Кога сме веќе кај сексот... Не сакам мажи фалбаџии кои во секој разговор мора да истакнуваат дека се мажишта, односно е*ачи.
Сакам убаво градени мажи без вишок килограми, значи слаби, со прекрасни, нежни лица и ако ми е за имање деца, тогаш мора да биде плав со сини очи. Тоа интелигентен и културно да се однесува се подразбира, не поднесувам простотилак кај луѓето во ниту една форма. А туѓо богатство не ми е во фокус, важно јас да бидам богата со лично мои пари.
Ме мрзи да барам и нема шо да барам. Тоа е мое мислење како женско. Малите не се осеќаат, жените шо викаат дека осеќат нешто, лажат. Мажите шо викат "мало ама техничарче" , се тешат само со тоа. И тоа е вистината. И не сакаме да ви ја кажеме оти ќе ви се скрши егото.
ок...затоа и е форумот..за споделување на мислења...не можеме сите исто да мислиме...а и ако видиме дека нешто оди во таква насока подобро да си премолчиме за да не ни се качува притисок за нешто што не ни се допаѓа или да си кажеме што не прифаќаме, сеедно. Некој ќе премолчи, кој е посмирен, друг ќе мора да се искаже по секоја цена пошто е потемпераментен и во таа смисла се е разбирливо..Едноставно е.
Не сум јас потемпераментна, вистината ја кажувам. Еве, поискрените и поискусните членки овде ќе ти кажат дека е така. Другите ќе молчат.
Bare minimum ми е да е повисок, симпатичен, паметен, психички и финансики стабилен. Сакам да се слага со мојата фамилија, да го разбере мојот начин на искажување љубов. Да има факултет, битно ми е дека во иднина ќе има стабилна работа. Да сака животни. Да го разбере и да се вклопи во мојот начин на живот. Да се вклопи во моето друштво. Да ми пишува поезија. Да ми ги сака сите маани што ги имам. Да ја почуствувам таа хемија помеѓу нас уште од самиот почеток. Сакам да сум му едиствената и најмилото нешто во светот. Сакам да ми носи букет цвеќиња често. Сакам да ме опсипува со љубов. Сакам да ми е столб во животот, да сум сигурна дека можам да се потпрам на него во било која ситуација. Сакам да има слични морали и погледи кон светот како мене. Сакам да е човек од збор.
Од физички карактеристики сакам да не е повисока од мене. Да има некоја природна убавина и слаткост. Широки колкови и тесен струк ми биле слабост, но никогаш не ми било пресудно нешто. Килограмите никогаш не ми биле пресудни, секогаш биле променливи. Не барам финансиски да е стабилна, но битно ми е да има амбиција и желба за да постане. Turn - off ми се луѓе - паразити кои единствена цел им е да зависат од партнерот финансиски. Карактерно сакам да сме слични, со слични размислувања и интереси, да можеме да разговараме на различни теми и интелектуално да си парираме. Морално, етички и спиритуално да се согласуваме. Да имаме исти животни цели и да се движиме кон нивно остварување. Сакам да ми биде поддршка во тешки моменти и да биде тука за мене кога ми е најтешко. Не барам некој да ми биде водилка во животот, но сакам личност која ќе застане цврсто до мене и заедно да ги минеме сите пречки кои ќе надојдат. Да сака да се оствари како мајка, бидејќи и јас имам желба да бидам татко. Да ги видам оние позитивни карактеристики во неа дека ќе биде добар родител и нашите деца ќе и бидат на прво место во животот. Да биде особа и пример за да ја имам онаа желба мојата ќерка да биде токму како неа. За однос со мои родители и пријатели не ми било никогаш пресудно да се согласува и да има блискост. Битно е само да има ок однос, и некоја основна култура. Најбитно ми е ние да сме на прво место, да се согласуваме и да сме на иста линија, а останатите личности се секако споредни во нашите животи. Тоа ми се некои од најважните работи. Секако има и ситници кои се бонус. Како на пример да знае вкусно да готви, пошто мојата храна е се, само не вкусна.
Тоа што го барав го најдов, ама ова секогаш ми било критериум. Да е повисок од мене, не мора да е 180+cm, но да имаме барем 10cm разлика зошто си сакам да си носам штикли и убаво ми е така да е повисок. Не сум некоја со манекенска висина, просечна сум, па ова беше лесно да се најде, иако и тој е со просечна висина. Околу физички карактеристики што ме привлекува исто е: светол тен, смеѓа коса и секогаш ми се допаѓале зелени или hazel боја очи. Вака и ќе си одговараме визуелно, а и сепак децата ќе личат и на него. Фамилијата да му е битна, да има убав фамилијарен однос со родителите, брат/сестра. Јас сум научена со фамилијата убаво да живеам, сакам и фамилијата на идниот сопруг да биде како што сум научена и убаво да ме прифатат. Не сакам фамилии каде браќа и сестри за имот се караат, каде мајката е чудно опседната со синот, туку се во граници на нормалата. Да има здрави животни навики. Работи како марихуана, често пиење алкохол, пушење цигари, дремење во кладилници, коцкарници - едно големо НЕ. Да има завршен факултет и да има амбиции, парите во моментот на запознавање не ми се битни, зошто кога го запознав немаше ништо, а во текот на врската со вложување во себе успеа да постигне многу. Ако имаш амбиции верувам дека можеш да постигнеш да си ги оствариш целите. Да имаме исти планови за иднината - брак, дете и да ми е поддршка за кариерата. Да сме на исто мислење кога сакаме да се оствариме како родители. Ако сака деца на 23 години да му родам, нема да можеме да успееме, ќе требаше друга да си бара за тоа. Ова се главните работи, секако секогаш ќе има и други ситници, ама мислам другото може да се реши, ова е нешто што ми е најглавно моментално во овој животен период.
Заборавив да пишам.... Да знае да зготви. Не мора да е професионалец, ама да не чека од мене да му направам едноставно јадење. Во однос на финансиската ситуација... Често слушам коментари - Вие жените трчате по пари. Не идам јас по пари. Да имав таква намера немаше да бидам со маж ми. Не мислам да бидам со некој на кој секогаш јас треба да му ги плаќам пијачките. Сум присуствувала на таква сцена и верувајте, не е баш пријатна глетката. На другите девојки дечковците им плаќаат или делат по пола, а ти треба и за твојот да платиш затоа што он нема денар во џеб.
Јас да се пофалам, мм сношти какво дропче е направил, прсти да излижеш. И шопска сервирал, иста ја направил како од кафаните . Од работа си дојде и право во кујна