Види и не е толку битно дали е Ахој или друг. Јас и симпатија имав од таму, ама не бидна ништо оти од корона се плашеше. Ако не бидне, сама ќе изнајмам стан, заедно со моите четири мачки. Битно да проживеам луксузно. @Munchmallow20 ти си изгледа моето алтер его, хаха. Не стрвиш сега со @Curious cat.
Ама и Ахој се плашеше од корона на времето или сум грешка? Шала на страна Ахој низ годините стана специјалист коронолог, најсериозно се разбира дечкото, секоја чест, сите ги информираше, се сеќавам, ја читав темата. Секако, мачињата секогаш се тука и ништо без нив, или ќе ги прифати или гитла. Се знае кој е најбитен. Со среќа во потрагата, Ресен те чека да го освоиш со или без Ахојчо. Еден е Ресен.
Не ми беше тоа целта, сеа ти отворив работи и ти предизвикав главоболки. Сори. Ама па може и на арно е и да е некој добар знак ова од кај знаеш, све бива.
Wow е да, преголем, да се изгубиш дури, тешко да се погоди он да бил тој, мали се шансите ама не се непостоечки сепак. Договорено, нема смисла више, убаво викаш.
Вака кога ве читам оти барате дечко,девојка со средени финансии (богати), згодни, неопходни, се прашувам дали ќерките, синовите на Шилегов, Бране, Мијалков, Грујо се слободни за да ви ги исполнат критериумите. Оти во Македонија вака над просек е скроз нереално. Дури ме потсеќа на sugar babies темава и не дека ми смета или вреѓам ама не сфаќам на кој левел треба да немаш зрелост за да имаш вакви критериуми за партнер, па ми крева црвено знаменце за нарцисоидност. Ама добро, вие си знаите..Веројатно тука коментираат помлади од 35+ па за нас старите е чудно.
Лол, зашто да не ми е критериум? Кога ја можам од петни жили да работам за да си дозволам екстремен комфорт, сигурно нема да фатам некоја мрза или дечко со минималец. Нема "ај ќе градиме заедно", туку: јас изградив, ти исто, ајде заедно да продужиме. Кога си свесен што можеш да понудиш, ќе си бараш тоа што ти одговара, а не дечко со 2 пара пантолони и само еден шампон.
Види, каква сељачана вирее, подобро и сингл да си. Дејтови во кола, секс ако се може на втора вечер (по можност и на прва, да се докажи цурата). Па криење од јавност, молкнење по пораки со недели и месеци пред да се има дејт. Ти можи си лепотица, ама на фин начин ќе се обиде да те спушти ниско. Демек, сите имаме мани. Па прашување, а оти не ми пиша прва. Зошто мажите први да пишувале. Па се тегни, едно кафе не можи да плати. Од околу те прашува каква ти е имотната состојба, мислиш принц Чарлс бара со аристократско потекло принцеза. Те прашува дали готвиш и чистиш, мислиш после првиов дејт размислува дали да те жени или не. А да, не дај боже да те праша за деца и да речиш - не сакам да имам. Извини цуро ама такви недомаќинки и растурикуќи кај мама и тато, не носам. The list goes on, ама не ми се пишува.
Тоа е паметно од практичен аспект за обезбедување комфорен живот, ама не одговара на портретот за идеален партнер ниту е критериум за вистинска љубов. Парите љубов, компромис, хемија и душа не можи да купат. Ама пак, вие си знаите.
Таа смета дека љубов, хемија, богатство, карактерни особини за нејзе прикладни може да најде кај еден ист партнер.. Не велам дека не е можно, ама исто ко на лото да добила... Колкави се шансите, многу мали, би рекла...
Претпоставувам членката нема повеќе од 21 година. Во спротивно веќе би нашла ваков партнер и не би живеела во илузија.
Совет за похована зденка - ќе ја смрзнеш и ќе ја извалкаш во јајцата, презлата и после пржиш. Нема да е pain in the ass повеќе.
Па, сега ... Не знам. Може налетала ама сфатила дека баш таквите со пари жените ги гледаат претежно како парче месо па се откажала. А, можеби па и стварно ќе си најде на крај после години,упорноста нели секогаш се исплати.