Колку што има сељаци толку ќе е има сингл моми така вика математиката соодносот е 50/50. Чиста математика. Така да мечкина услуга си прават едните а богами и другите. Затоа ќе се оди по планини со кучиња или ќе се плескаат видео игри со мара. Кој по што е.
Ништо не ни фали, само коментирам пропорционално размислувањава на темава. Делува како кастинг за барање шушки , а не љубов. Уствари повеќето од овие т.н. стандарди немаат врска со љубов, ами со лична корист. Партнер = банка.
место да си блуете отров едни на други сретнете се на пола пат и живејте во заедништво зошто вака фрустрации ќе има и од една и од друга страна и кој колку и да глуми дека му е супер факт е дека сите испаруваат како куп од фекалии..секое понижување, насилство и се што е деструктивно од едната страна ги пораѓа истите реакции и од другата страна..каков модел на подражавање ќе прикажуваш таков и ќе следат..и после на сите крив ни е ѓаволот...епа се гледа каде е коренот на проблемот сосе сите пропратни последици од тоа
Од моето искуство, на богатите мажи им е мило што си до нив затоа што убаво изгледате заедно, и би направиле се за да те третираат како заслужуваш. Сиромавите се тие што гледаат да фатат за една вечер и да те шитнат, затоа што се свесни дека не можат да те издржат ни емоционално а не па долгорочно.
Со сила убавина нема. Со сила не можиш да сакаш некој и да те привлекува. А да и кажуваш на некоја, стара мома си, намали ги критериумите и заврши таму со некое чиче со размислувања од минатиот век. Фала, ама не фала. Башка и си помогаме, пренаселен бил светов, така велат.
Па ако не прават ништо за да се тргнат од таа јадна ситуација, не заслужуваат. Човек кој не работи на себе не треба да очекува некоја да му глуми мама или да го гради.
Забораваат дека женско може со донор да напраи дете ако сака. Не треба да си во брак со некој да имаш фамилија, ама нив секогаш ќе им треба пичка, и на 80 години ене ги бркаат да фатат шо било. Жена ко жена ќе си гради сама.
А што ќе правиш ако налеташ на дечко кој има амбиција и цел, согледуваш дека имате исти ставови за животот,добра душа, згоден и шармантен, ама ете сиромашен е? На минималец?
Мене па пари воопшто не ми се стандард, тоа што јас го барам е многу повредно и поретко да се најде отколку богат. Пари лесно се прават денес.
подобро ќе беше сите колку што е можно во моментов да живеат во заедништо и да не престанат да се стремат кон тоа ама многу битно е и објективно да си ги оценат своите способности..не смее човек да се потценува ама не смее ни да се преценува...мислам дека ова заслужува внимание за сите величества без оглед на разликите во социјален статус
Зависи секој со својте гледишта и морални вредности, размислување и каков партнер бара. Ќе те демантирам за тоа дека сиромашните бараат девојки за една вечер иако сметам дека не е добро така да е се поставуваат работите сиромав или богат човек си е човек. Тоа е се до човекот како што напишав до неговите гледишта, морално вредности, осуда е бидејќи секој човек е различен и не е убаво сите да се означуваат, не може индивидуалното да се става во колективното.
Со заеднички сили, компромис, секогаш можи да изградите да имате доволно. Може не луксуз, но, пристоен живот сигурно. Да се има партнер е да се прифати дека ќе има успони и падови и тоа е нормално оти тоа се некои вредности што не можи да ги купат парите, ама мислењава на темава покажуваат дека ретко кој размислува така и е разочарувачки.
Никој овде не ве плаши. Само дискутираме и дебатираме.... Прочитав паметни мислења, се надевам ќе извлечете поука