Барем мачката нема да го крие телефонот или да ми врти очи. Или садовите да ги остава недела дена да гнијат пошо е изнемоштена од 6 саати работа. Јад
мачките бар даваат љубов несебична, прочистуваат негативна енергија што е најбитна работа во денешно време, а нема да ти потрошат толку пари и нерви и нема да ти забијат нож во грб за разлика од homo hominis lupus est
Sis, да бараш некој со душа. Ама да знаеш дека некогаш им е глупава душата, па сосем случајно, дури сте на дејт тој ќе скрола на моб и ќе си гледа слики од пичињата, ти можи си the main bitch ама тој има и side chicks, треба да си го прифатиш тоа. Ако си во брак и почни да те вара, ќе ја читаш Библијата. Да извлечиш поука, веројатно ти си крива, а тој е маж!
Не е за вреѓање, те разбирам можеби си имала вакви случаи и го кажуваш твоето искуство, ова е вечна полемика бидејќи секој гледа различно иако имаме различен став, истото го мислам од предходниот пост не може да се ставаат сите во исти кош со осуда тоа генерално мислење е осуда. Барем моето животно искуство е такво има секакви примери.
се е многу едноставно само кога секој со секого би бил искрен и би прашал што му мисли другиот без да мора да се прашува што му мисли другиот и каков зол план му подготвува..ама за помирување или запознавање со замислениот непријател треба да учествуваат и двете страни...и се додека искреноста и вистината се сметаат за наивност и за некогашна вредност која е одамна изумрена нема да ни се излекуваат душите колку сакате трупајте и пари и се што го сметате за неопходност во животот...а за тие што ја кажуваат вистината се разбира што им следува и што е трагично разочарувачки и на многу нивоа очајно дегенерирачки...го мразат од дното на душата..ама душата не е дизајнирана за да мрази туку да се храни со што повеќе радосни искуства..тоа е нејзината улога и кон тоа најмногу се стреми..без радосни искуства страда
Денешниве мажи се чудни, сакаат невина ама ако он спие и гледа други. Следат совети од мажи како Ендру што има едно 10 жени и од тие 10 веројатно околу 20 деца. Смешно ми е како некои мажи мислат дека доколку имаат пари или се финансиски стабилни дека можат да бидат дегенерци и да прават што сакаат. Секако не се сите такви ама реално тие мажи што не потклекнуваат на страст и привремени задоволства им подавам рака. Денес е дејтингот е ризична работа, луѓето секогаш сметаат дека има нешто подобро бидејќи поминуваат повеќе време на инстаграм споредувајќи го можеби партнерот со други мажи/жени. Се е на дофат.
Простувањето и сочувствувањето на неговите жалопојќи се само дел од врската сестро. Он како маж ќе се лути ако не му даеш 2 вечери по ред, а ти засрами се пошто сакаш финансиска стабилност!
Не е проблем да е некој сингл само за џабе се жали ако се филма на високи критериуми. Инаку има една карактеристика на личноста според психолози се вика агријабилити. Обично тоа е многу битно за наоѓање партнер. Знам мажи и жени со кој не се прави муабет.
Како мажена жена те молам извлечи поука и не го пуштај на Инста. Исто е и со печалба во Германија, се испокварија таму. Ако не веруваш, прашај ја Гош.
ок ќе ви објаснам и како што и пишав погоре и се потврдија моите зборови дека тој што ја зборува вистината и вели дека треба да се биде искрен го мразат од дното на душата..ама се навикнав на тоа така што ништо страшно ако добијам уште некој хејт..само одговор на ова што прашувате не може биде краток зошто болката е голема...нема да имате трпение да ме чекате да ви напишам се што ќе разјасни доста работи...можда некој другпат, а? што викате?
Не може да има мир таму каде што нема почит. Кај мажите најчесто од едно уво влева од друго излева. А во поглед на парите, нели според денешното размислување на Ред Пил Фрикс, жената да работи е машка особина? А кога седи дома и кога треба ти да одиш на работа и она да ги гледа децата и да се грижи низ домот тогаш па многу пари троши. Никако не ја бива.
Не станува збор за нарцисоидност. Треба да се има критериум, особено кога си опкружен со отпад од луѓе. Личен пример, во периодот кога немав критериуми излегував со еден. И на дејт се појавив дотерана со штикли и накит. Бидејќи тоа ми е стилот. Не се симнувам од штикли. Намето комплимент, лом ме направи. Зошто сум била претерано дотерана, што било потребата. Бидејќи своите недостатоци се проектираат на другите. Затоа треба критериуми, за да не се премолчуваат работи од кои после боли глава. Ова важи за секакви ред флегс